OPEL CORSA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2015.5Pages: 283, PDF Size: 7.39 MB
Page 21 of 283

Накратко19
Палење на моторот
■ Cвртете го клучот во положбата1.
■ Помрднете го воланот малку за да се ослободи бравата на
воланот.
■ Рачен менувач: нагазнете ги педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматизиран рачен менувач:
притиснете ја педалата за
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете
ја педалата на сопирачката и
ставете ја рачката на менувачот
во P или N.
■ Не нагазнувајте го педалот за гас.
■ Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за
предзагревање и почекајте да се
изгасне контролната
сијаличка !.
■ Завртете го клучот во положба 2
за предзагревање и почекајте да се изгасне контролната
сијаличка !.
■ Свртете го клучот во положба 3 и
отпуштете го.
Палење на моторот 3 146.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
Возила со рачен менувач: ■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Ставете ја рачката во лер.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
На Autostop укажува контролната сијаличка D.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Контролната сијаличка D се гаси.
Page 22 of 283

20Накратко
Возила со автоматизиран рачен
менувач:
Ако возилото е во мирување со притисната педала на
сопирачката, Autostop се активира
автоматски, на што укажува
контролната сијаличка D.
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Контролната сијаличка D се гаси.
Систем за сопирање-поаѓање
3 147.Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги предните
тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
■ Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Кај возилата со
автоматизиран рачен
менувач, клучот може да се
извади од прекинувачот за
Page 23 of 283

Накратко21палење само кога е
активирана паркирната
сопирачка.
■ Заклучете го возилото со копчето
e на далечинскиот управувач.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 29.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 200.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 22, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 199.
Page 24 of 283

22Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............22
Врати ........................................... 27
Безбедност на возилото ............29
Странични ретровизори ............31
Ретровизори ............................... 32
Прозорци .................................... 33
Покрив ......................................... 35Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикетата која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 246.
Бројот на шифрата за адаптерот за
навртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 238.Клуч со дел што се
преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста и затоа
треба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци на
возилото се потребни за да се
извршат извесни постапки.
Page 25 of 283

Клучеви, врати и прозорци23Далечински управувач
Се користи за ракување со:■ централната брава
■ системот за заштита од кражба ■ системот за тревожење при кражба
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 метри. Него може да го ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е надминат.
■ Напонот на акумулаторот е слаб.
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 24.Основни поставки
Некои поставки може да се сменат
во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Батериите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 26 of 283

24Клучеви, врати и прозорци
Извлечете го клучот и отворете го
уредот странично. Заменете ја
батеријата (вид на батеријата
CR 2032), обрнувајќи внимание на
положбата на инсталирањето.
Затворете го уредот и
синхронизирајте го.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Меморизирани поставки
При секое вадење на клучот од
бравата за палење, клучот
автоматски ги меморира следните
поставки:
■ светла
■ електронска контрола на климатизацијата
■ претходни поставки за инфозабавниот систем
■ централната брава
■ поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во бравата за палење и ќе се сврти во
положбата 1 3 145.
Предуслов е Personalization by
driver (Персонализација од
возачот) да е активирано во
личните поставки на
инфо-екранот. Тоа мора да се
постави за секој клуч што се
користи.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 114.Систем на централната
брава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
Три минути по отклучувањето со далечинскиот управувач, вратите
се заклучуваат повторно
автоматски ако не се отворила
ниедна врата.
Page 27 of 283

Клучеви, врати и прозорци25
Отклучување
Притиснете го копчето c.
Може да изберете две поставки од
Инфо-екранот:
■ За отклучување само на возачката врата, товарниот
простор и вратичката за полнење
гориво, притиснете го копчето c
еднаш. За отклучување на сите
врати; притиснете го копчето c
двапати.
■ Притиснете го копчето c еднаш
за да се отклучат вратите,
товарниот простор и вратичката
за полнење гориво.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.
Поставката може да се сними за
клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 24.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 27.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го копчето e.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Копчиња за централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете го копчето e за
заклучување.
Притиснете го копчето c за
отклучување.
Page 28 of 283

26Клучеви, врати и прозорци
Одложено заклучување на вратитеИзгаснете го моторот и извадете го
клучот од бравата. Притиснете го
копчето e кога е отворена барем
една врата и ќе се огласат три
мелодии. Кога ќе се затвори
последната врата, возилото ќе ги
заклучи сите врати автоматски по
пет секунди и се дава сигнал.
По 10 минути, возилото ќе ги
заклучи сите врати автоматски
дури и ако има отворена врата.
Функцијата може да се активира
или деактивира од Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите други врати,
товарниот простор и вратичката на резервоарот.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат.
За да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 29.
Заклучување
Притиснете ги навнатре копчињата
за заклучување на сите врати
освен на возачката. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.
Page 29 of 283

Клучеви, врати и прозорци27Автоматско заклучување
Оваа безбедносна функција може да се намести автоматски да се
заклучат вратите, товарниот
простор и вратичката за полнење
гориво штом ќе се надмине извесна брзина.
Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или сите врати откако ќе се исклучи палењето и ќе се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се сменат во
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете го
прекинувачот на бравата на
задната врата во хоризонталната положба. Вратата не може да се
отвори однатре.
Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
За да ја отворите задната врата,
притиснете го допирниот
прекинувач под амблемот.
Page 30 of 283

28Клучеви, врати и прозорци
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притискајте го допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 24.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.