OPEL CORSA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2016Pages: 301, PDF Size: 7.88 MB
Page 241 of 301

Нега на возилото239Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се стават на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 284.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете
ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 195/55 R 16 95 H195:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во процентиR:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзинатаБуква на шифрата за брзината:Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 278.
Гуми со фиксирана насока
Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Тоа важи и за возилата со систем
за контрола на притисокот во
гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 284.
Page 242 of 301

240Нега на возилотоЕтикетата со информации за
притисокот во гумите на рамката на десната врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа се однесува и за летни и
за зимски гуми.
ECO притисокот на гумите служи за да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ги влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, а ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
● Идентификувајте ја идентификациската шифра на
моторот. Податоци за моторот
3 276.
● Идентификувајте ја гумата.Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 284.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете го палењето. Откако ќе го
приспособите притисокот во
гумите вклучете го палењето и
изберете ја соодветната поставка
на страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 105.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Page 243 of 301

Нега на возилото241Систем за следење напритисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува притисокот во сите четири гуми
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) ? во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се одбере со
притискање на копчињата на
рачката за трепкачите.
Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) ? .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Екран од основно и од средно ниво:
Притисокот на секоја гума се
прикажува на посебна страница.
Екран од високо ниво:
Page 244 of 301

242Нега на возилотоПритисокот на секоја гума се
прикажува на една страница.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака укажувајќи на соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Системот ја зема во предвид
температурата на гумите при
предупредувањата.
Зависност од температурата
3 239.
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 103.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 284.
Ако
w светка 60-90 секунди, потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно одредено возење за
да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако се запали w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за доближување до
низок притисок во гумите.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 115.
Ако притисокот во гумите мора да се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие гуми.
Контролна сијаличка w се пали. За
другите три гуми системот
останува функционален.
Употребата на комплетите за
поправање на гуми со течност што
се достапни во продажба може да
го влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Работата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор;
Page 245 of 301

Нега на возилото243заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот
сензор; заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Приспособете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 284 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) во
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) ? 3 105. Оваа
поставка е референтна вредност за предупредувања за притисоци
во гумите.
Изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) се
појавува само ако возилото е во
мирување или е употребена
сопирачка за паркирање. Кајвозилата со автоматски менувач
рачката на менувачот мора да биде во P.
Екран од основно и од средно ниво:
Изберете ● LO за удобен притисок до
три лица.
● ECO за ECO притисок до
три лица.
● Hi за целосно оптоварување.
Екран од високо ниво:
Изберете ● Light (Светло) за удобен
притисок за до три лица.
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до три лица.
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Споредување на сензори за
притисок на гумите
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација
мора да се спореди со позицијата на новото тркало по ротирање на
гумите или по замена на целиот
Page 246 of 301

244Нега на возилотокомплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
за притисок во гумите.
Споредувањето на сензорите за
пријавување притисок на гумите
треба да се врши и откако ќе се
замени резервно тркало со тркало
за патување со сензор за притисок
на гумите.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгаснат при
следното палење. Сензорите се споредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење по следниов
редослед: лево предно тркало,
десно предно тркало, десно задно
тркало и лево задно тркало.
Трепкачот на моменталната
активна положба свети додека да
се усогласи сензорот.
Консултирајте автомеханичар или
купете алатка за повторно учење.
Има две минути за споредување на положбата на првото тркало и пет
минути вкупно за да се споредат
сите четири положби на тркалата.Ако трае подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.
Сензорот за споредување
притисок на гумите е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
На возила со автоматизиран
рачен менувач: Држете ја
педалата на сопирачките
притисната. Поместете ја и држете ја рачката на менувачот пет секунди во положба N
додека не се прикаже P на
Информативниот центар за
возачот. P укажува дека може
да почне процесот на
споредувањето на сензори за
притисок во гумите.
За возила со рачен пренос:
одберете лер.
4. Користете MENU на рачката за
трепкачи за да изберете Vehicle
Information Menu (Изборник заинформации за возилото) ?
на Информативниот центар за
возачот.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
Екран од основно и од средно
ниво:
Екран од високо ниво:
Page 247 of 301

Нега на возилото245
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.
7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус сигнал на сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
тркалото.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левото
задно тркало и сензор за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредностиприкажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок 3 105.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под
2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Page 248 of 301

246Нега на возилото
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.Внимание
Кога се користат тркала со
дијаметар од 14 инчи,
растојанието до тлото се
намалува. Ова мора да се земе
предвид кога се преминуваат
препреки.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
завртки за заклучување на
тркалата, не ставајте раткапни.
Page 249 of 301

Нега на возилото247Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
гуми со големина 175/70 R14,
185/70 R14, 185/65 R15,
205/45 R17.
Синџири за гуми се дозволени за
гумите со големина 195/55 R16 со
ободи со големина 16 x 6 и
16 x 6,5, за вториве само во
комбинација со ограничен агол на
управување. Побарајте помош од
автомеханичар.
Синџири за гуми не се дозволени
на гуми со големина 215/45 R17 и 215/40 R18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
чува во товарниот простор.
Зависно од опремата, комплетот за поправање гуми се наоѓа во
преграда во десната касета или во
преграда под подот.
Page 250 of 301

248Нега на возилотоВозила со комплет за
поправање гуми под подот
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.