OPEL CORSA 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2017Pages: 303, PDF Size: 7.96 MB
Page 221 of 303

Нега на возилото2199Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете мешавина
1:1 од концентрат на течност за
ладење мешан со чиста вода од
чешма. Ако не е достапен
концентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 267.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Page 222 of 303

220Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под
знакот МИН, побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 267.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 137.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Page 223 of 303

Нега на возилото221Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Опел
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 153.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 258.
Етикета за предупредување
Page 224 of 303

222Нега на возилотоЗначење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреди.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
пет секунди. Ако моторот не се
пали, побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките набришачитеКренете го кракот на бришачот
додека не остане кренат.
Притиснете ги бравите од двете страни, навалете ја четкичката на
бришачот под агол од90° кон
кракот на бришачот и извадете го
нагоре.
Вметнете по обратен редослед.
Спуштајте ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Page 225 of 303

Нега на возилото223Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката како што е
покажано на илустрацијата и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете
го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни
фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за странично
светло, средно и долго светло.
Странично светло/светло за
дневно возење (1)
Средно светло (2)
Долго светло (3)
Предни трепкачи 3 227.
Page 226 of 303

224Нега на возилотоСредно светло
1.Завртете го капачето (2) налево
и извадете го.
2. Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката надолу и
заглавете во фарот додека да
кликне.
5. Ставете го капачето.
Долги светла
1. Завртете го капачето (3) налево
и извадете го.
Page 227 of 303

Нега на возилото2252.Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката надолу и
заглавете во фарот додека да
кликне.
5. Ставете го капачето.
Странични светла/светла за
дневно возење со ламби
1. Завртете ја фасонката на ламбата (1) налево за да се
ослободи.
2. Притиснете ги двете брави заедно и извлечете ја
фасонката на ламбата од
куќиштето на предниот фар.
3. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во комплетот на фарот и завртете
надесно.
Page 228 of 303

226Нега на возилотоСтранични/светла за дневно
возење со LED-ови
Страничните светла и светлата за
дневно возење се конструирани
како LED-ови и не можат да се
заменат. Посоветувајте се со
сервис во случај на дефектна LED
сијаличка.
Ксенонски предни фарови9 Опасност
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Страничните/светлата за дневно
возење се констриурани како LED-
ови и не можат да се заменат.
Ламбите за осветлување во свиоци
може да се сменат.
Предни трепкачи 3 227.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето (3) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Извадете ја ламбата од кабел- штекерот со откачување и
влечење.
4. Заменете ја сијалицата. Поврзете го и заглавете го
држачот за ламбата со кабел-
штекерот.
Page 229 of 303

Нега на возилото2275. Вметнете го држачот наламбата во фарот и завртете гонадесно за да го прицврстите.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
1. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Предни трепкачи
Предните трепкачи се состојат од
долготрајни сијалички што не се
менуваат.
Посоветувајте се со сервис во
случај на дефектна долготрајна
сијаличка.
Задни светла
1. Ослободете го капакот во товарниот простор од
соодветната страна и извадете го.
Page 230 of 303

228Нега на возилото
2. Олабавете ги двете пластичнизавртки однатре со рака.
3. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло одпроцепите и извадете го.
4. Притиснете ги држачите и извадете го носачот на ламбата
од комплетот на фарот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата притискајќи ја благо вофасонката и вртејќи ја налево:
Задно/стоп светло ( 1)
Трепкачи( 2)
6. Вметнете ја и свртете ја ламбата надесно во комплетот
на задното светло. Наместете
го комплетот на светлото со
држачите во процепите на
каросеријата на возилото и
затегнете ги пластичните
навртки што го држат од
внатрешната страна на
товарниот простор.
Затворете го капакот и
заглавете го.
Светло за рикверц/заден фар
за магла
Светлото за рикверц се наоѓа во
десниот комплет светла во задната
врата, а задното светло за магла се наоѓа во левиот комплет светла на
задната врата.
Описот за менувањето на ламбите е ист кај двата типа светла.