OPEL CORSA 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2017Pages: 303, PDF Size: 7.96 MB
Page 31 of 303
Клучеви, врати и прозорци29Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Отклучување на возилото со
притискање на c го исклучува
системот за тревожење при
кражба.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Алармот може да се стиши со
притиснување на кое било копче на далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притискање c на
далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати кога
возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Пораки за возилото 3 114.Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Page 32 of 303
30Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш треба да го
заклучувате возилото по
напуштањето.
Вклучете го системот за
тревожење при кражба 3 23, 3 28.
Контролна сијаличка d 3 105.Странични
ретровизори
Конвексен обликКонвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на преклопникот
налево (L) или надесно (R). Потоа
завртете ја контролата : за да го
приспособите ретровизорот.
Преклопникот во средишна
положба: не е избран ретровизор
за приспособување.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз
неговото куќиште.
Page 33 of 303
Клучеви, врати и прозорци31
Паркирна положбаСтраничните ретровизори може да
се преклопат со нежно притискање од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето на ретровизорите
работи кога работи моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 34 of 303
32Клучеви, врати и прозорциАвтоматско намалувањена отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот во
куќиштето на ретровизорот може
да биде ограничена.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор запредна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Механички прозорци
Прозорците на задните врати
можат да се отвораат или
затвораат рачно со рачките на
прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте кога ги затворате
прозорците. Внимавајте да не
приклештат ништо додека се
движат.
Се ракува кога палењето е
вклучено (позиција 2) 3 151.
Задржано исклучување 3 151.
Page 35 of 303
Клучеви, врати и прозорци33
Користете го прекинувачот во
облогата на вратата за
соодветниот прозорец. Притиснете
за да отворите или повлечете за да затворите.
Отворање Кратко притиснување: прозорецотсе отвора постапно.
Долго притискање: прозорецот се
отвора автоматски до крајната
положба. За да се запре
движењето, притиснете го
прекинувачот уште еднаш.
Затворање
Кусо повлекување: прозорецот се
затвора постапно.
Подолго повлекување: прозорецот
се затвора автоматски до крајната
положба. За да се запре
движењето, притиснете го
прекинувачот уште еднаш.
Безбедносна функцијаАко стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па повлечете го прекинувачот повеќе
пати за да се затворат прозорците
етапно.Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати серакува со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за некое време.
Дефект Ако прозорците не може да се
отворат или затворат автоматски,
активирајте ја електрониката на
прозорците на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Целосно затворете го прозорецот и ракувајте сокопчето уште пет секунди.
4. Целосно отворете го прозорецот и ракувајте со
копчето уште една секунда.
5. Повторете ја постапката за секој прозорец.
Page 36 of 303
34Клучеви, врати и прозорциГреење на задното стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето на задното стакло
работи кога работи моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Греење на
шофершајбната
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето на шофершајбната
работи заедно со греењето на
задниот прозорец и кога работи
моторот.
Се исклучува автоматски по
шест минути.
Со притискање на Ü уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Интегралните ретровизори треба
да бидат затворени при возење.
На задната страна од штитникот за сонце се наоѓа држач за билети.
Page 37 of 303
Клучеви, врати и прозорци35Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Се ракува со преклопник кога е вклучено палењето (положба 2)
3 151.
Задржано исклучување 3 151.
Кревање
Држете го прекинувачот ü
притиснат додека подвижниот
покрив не се крене одзади.
Отворање Од кренатата положба, притиснете
го и пуштете го прекинувачот ü:
подвижниот покрив се отвора
автоматски до крајната положба.
За да се запре движењето пред
крајната положба, притиснете го прекинувачот уште еднаш.
Затворање
Држете го прекинувачот d
притиснат од која било положба
додека подвижниот покрив не се
затвори целосно. Со отпуштање на
прекинувачот се прекинува
движењето во секоја положба.Внимание
Кога користите багажник за на
покрив, проверете го
слободното движење на
подвижниот покрив за да се
избегнат оштетувања.
Дозволено е само да се крене подвижниот покрив.
Забелешка
Ако врвот од покривот е воден,
навалете го подвижниот покрив, оставете водата да се слее, и
потоа отворете го подвижниот
покрив.
Не лепете налепници на
подвижниот покрив.
Page 38 of 303
36Клучеви, врати и прозорциРолетнаСо ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање. Ролетната
може да се користи во секоја
положба на подвижниот покрив.
Преоптоварување
Ако системот е преоптоварен,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Системот е заштитен со
осигурувачи во кутијата со
осигурувачи 3 232.
Иницијализирање на
подвижниот покрив
Ако не може да се ракува со
подвижниот покрив, активирајте ја
електрониката на следниот начин:
при вклучено палење затворете го
подвижниот покрив и држете го d
притиснато најмалку десет
секунди.
Побарајте помош од
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.
Page 39 of 303
Седишта, потпирачи37Седишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................37
Предни седишта .........................39
Положба на седиштата ...........39
Местење на седиштата ...........40
Преклопување на седиштето ............................... 41
Греење ..................................... 42
Безбедносни ремени .................42
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........44
Систем на воздушни перничиња .................................. 46
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 49
Систем на странични воздушни перничиња .............50
Систем на завесни воздушни перничиња ............................... 51
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 51Системи за врзување на деца ..53
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 55
ISOFIX системи за врзување на деца .................................... 58
„Top-tether“ алки за врзување ................................. 58Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 40 of 303
38Седишта, потпирачиположба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Предни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Задни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Повлечете го потпирачот за глава
нагоре и оставете да се заглави. За да поместите надолу, притиснете
ја бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот за
главата надолу.
Вадење на задниот потпирач за
главата
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 53.
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Ставете го потпирачот за глава во
мрежеста торба и прицврстете го
долниот дел од торбата со
прицврстувачите велкро на подот
на товарниот простор. Погодна
мрежеста торба можете да
набавите кај сервисерот.