OPEL CORSA E 2017.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2017.5Pages: 125, PDF Size: 2.33 MB
Page 11 of 125

Вовед11или го избира
претходниот/следниот
внес во списокот со
повици кога е активен
телефонскиот портал и е
отворен списокот со
повици .................................. 61
Вртење нагоре/надолу и
задржување: лизга брзо
низ записите во списокот со повици ............................. 61
3 +
Притиснување:
зголемување на гласноста
4 -
Притискање: се
намалува гласноста
5 xn
Притисок: завршување/
одбивање повик ..................61
или деактивирање
препознавање на говорот ... 56
или активирање/
деактивирање на
функцијата за стишување ..11Употреба
Контролни елементи Со Инфозабавниот систем се
ракува со функциските копчиња,
допирниот екран и изборниците
што се прикажуваат на екранот.
Внесувањата се вршат опционално преку:
● централниот контролен уред на контролната табла 3 8.
● екранот на допир 3 15.
● контролите за звук на воланот 3 8.
● препознавање говор 3 56.
Вклучување или исклучување
на Инфозабавниот систем
Притиснете X. По вклучувањето на
Инфозабавниот систем, се
активира последниот избран
извор.
Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем бил
вклучен со притискање X додека
палењето било исклучено, ќе сеисклучи повторно автоматски
10 минути по последното
внесување од страна на
корисникот.
Местење на гласноста
Завртете го X. Актуелната
поставка се покажува на екранот.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, поставена е последната
избрана гласност, под услов таа да е помала од максималната
гласност при поаѓање. За детален
опис 3 19.
Гласност со надоместување
според брзината
Кога ќе се активира гласноста со
надоместување според брзината
3 19, гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот додека
возите.
Стишување
Притиснете X за да го стишите
Инфозабавниот систем.
Page 12 of 125

12ВоведЗа да откажете функцијата за
стишување: притиснете X
повторно. Повторно се поставува
последната избрана гласност.
Начини на работењето
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот изборник.
Забелешка
За детални описи за ракување со
изборникот преку допирниот
екран 3 15.
Audio (Аудио)
Изберете Audio (Аудио) за да го
отворите главниот изборник на последниот избран аудиорежим.
Изберете Source (Извор) на
екранот за се прикаже
интерактивната лента за избор.
За да промените на друг
аудиорежим: допрете една од
ставките на интерактивната лента
за избор.
За детален опис на: ● Функции на радиото 3 24.
● Надворешните уреди ( USB,
Bluetooth ) 3 33.
Gallery (Галерија)
Изберете Gallery (Галерија) за да
го отворите изборникот за слики и
филмови за датотеките што се
зачувани на надворешен уред, како што е USB-меморија или паметен
телефон.
Изберете l или m за да се прикаже
изборникот за слики или филмови.
Изберете ја саканата слика или
филм за да се прикаже на екранот.
За детален опис на:
● Сликовни функции 3 34.
● Филмски функции 3 36.
Page 13 of 125

Вовед13Phone (Телефон)
Пред да може да се користи
телефонскиот портал, треба да се
воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и
воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 57.
Ако мобилниот телефон е поврзан, изберете Phone (Телефон) за да се
прикаже главниот изборник од телефонскиот портал.За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 61.
Projection (Проекција)
За да се прикажат специфични
апликации од екранот на
паметниот телефон на
Инфозабавниот систем, поврзете
го паметниот телефон.
Изберете Projection (Проекција) за
да ја стартувате функцијата за
проекција.
Во зависност од поврзаниот
паметен телефон, се прикажува
главен изборник со различни
апликации што може да се изберат.
За детален опис 3 37.
Nav
(R 4.0 IntelliLink, ако не е достапно
Projection (Проекција) )
За да ја активирате апликацијата
за навигација BringGo, изберете
Nav .
За детален опис 3 37.
Navigation (Навигација)
(Navi 4.0 IntelliLink)Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран.
Изберете Navigation (Навигација)
за да се прикаже картата за навигација што ја покажува
областа околу моменталната
локација.
За детален опис на функциите на
навигацијата 3 39.
Settings (Поставки)
Изберете Settings (Поставки) за да
отворите изборник за различни поставки за системот, на пример,
деактивирање на Audible Touch
Feedback (Звучни повратни
информации на допир) .
Page 14 of 125

14Вовед
OnStar
За да се прикаже изборник со
поставки за OnStar Wi-Fi, изберете
OnStar .
За подетални информации,
погледнете го сопственичкиот
прирачник.
Page 15 of 125

Основно ракување15Основно ракувањеОсновни функции.......................15
Поставки на тонот ......................18
Поставки на гласноста ............... 19
Системски поставки ...................20Основни функции
Екранот на Инфозабавниот систем има површина чувствителна на
допир што овозможува директно
меѓудејство со прикажаните
контроли на изборниците.Внимание
Не користете шилести или
тврди предмети како хемиски
пенкала, моливи или нешто
слично за ракување со
допирниот екран.
Екранско копче 9
Кога работите со изборниците,
притиснете 9 во соодветниот
подизборник за да се вратите на
следното повисоко ниво на
изборникот.
Кога не е прикажано екранско
копче 9, се наоѓате на највисокото
ниво на соодветниот изборник.
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран.
Избирање или активирање
екранско копче или ставка од
изборник
Допрете екранско копче или ставка од изборник.
Page 16 of 125

16Основно ракувањеСе активира соодветната
системска функција, се прикажува
порака или се прикажува
подизборник со понатамошни
опции.
Забелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за избирање и вклучување
екранско копче или изборна
ставка преку допирниот екран ќе
бидат опишани како „изберете
<име на копчето>/<име на
ставката>“.
Движете ставки на почетниот
изборникДопрете го и задржете го
елементот што сакате да го
преместите додека да се појават
црвени рамки околу иконите.
Преместете го прстот на саканата локација и отпуштете го елементот.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
Сите други ставки се
прераспоредени.
Притиснете едно од копчињата на контролната табла за да излезете
од режимот за уредување.
Забелешка
Режимот за уредување се
исклучува автомастски по 30
секунди неактивност.Листање
Ако има повеќе достапни ставки,
отколку што има видлив простор на екранот, списокот мора да се лизга.
За да лизгате низ списокот со
ставки од изборникот, може да:
● Го ставите прстот каде било на
екранот и да го движите нагоре или надолу.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
Page 17 of 125

Основно ракување17● Допрете S или R на горниот
или долниот дел од лентата за
лизгање.
● Движете го лизгачот на лентата за лизгање нагоре-
надолу со прстот.
За да се вратите на горниот дел од
списокот, допрете го насловот на
списокот.
Забелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за лизгање до ставка од
списокот преку екранот на допир
ќе бидат опишани како „...лизгајте
до <име на ставката>“.
Страници со лизгањеЗабелешка
Може да се лизга низ страниците, доколку е достапна повеќе од
една страница.
За да лизгате од една страница на
друга:
● Ставете го прстот каде било на
екранот и придвижете го
налево за да лизгате до
следната страница или
надесно за да лизгате до
претходната страница.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете q или p на екранот.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за лизгање
низ страници преку екранот на
допир ќе се опишуваат како
„...лизгајте до...страница...“.Брзо префрлање на
апликацијата за аудио и
навигација
Со користење на симболите k или
j што се прикажуваат во горниот
ред од некои изборници можете
директно да се префрлате на
различна апликација.
За да се префрлите директно на
изборникот Audio (Аудио) ,
изберете k.
За да се префрлите директно на
изборникот Navigation
(Навигација) , изберете j.
Page 18 of 125

18Основно ракувањеЗабелешка
Симболот j е достапен само ако
е активно водењето низ
маршрутата.
Поставки на тонот
Во изборникот за поставки на
тонот, може да се постават
карактеристиките на тонот. До
изборникот може да се пристапи од
секој главен изборник за аудио.
За да го отворите изборникот за
поставки на тонот, изберете Menu
(Мени) во долниот ред на
соодветниот главен изборник за
аудио. Ако е потребно, листајте ги
ставките на изборникот и изберете Tone Settings (Поставки за тонови) .
Се прикажува односниот изборник.
Режим на еквалајзер
Користете ја оваа поставка за
оптимизирање на тонот за стилот на музиката, на пр. за Rock (Рок)
или Classical (Класична) .
Изберете го саканиот стил на звук
во интерактивната лента за избор
на долниот дел од екранот. Ако
изберете Custom (Приспособено) ,
може рачно да ги прилагодите
следниве поставки.
Bass (Бас)
Користете ја оваа поставка за да ги
засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Midrange (Среден опсег)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите средните
фреквенции од изворот на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Treble (Високи тонови)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Поставување на балансот и
фејдерот
Користете ја илустрацијата
оддесно за да ги прилагодите
балансот и фејдерот.
Page 19 of 125

Основно ракување19За да ја одредите точката во
патничкиот простор каде што
звукот е на највисоко ниво, допрете
ја соодветната точка на
илустрацијата.
Забелешка
Поставките за баланс и фејдер
важат за сите извори на звук. Тие
не се прилагодуваат посебно за
секој извор на звук.
Поставки на гласноста
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Max
Startup Volume (Максимална гласност при стартување) . Од
безбедносни причини и за
поголема удобност, опсегот на
гласноста е ограничен.
Допрете + или - за да ја
приспособите поставката или
движете го лизгачот на лентата за гласност.Прилагодување на гласноста
со надоместување според
брзината
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Auto
Volume (Автоматска гласност) .
За да го приспособите степенот на
адаптирање на гласноста,
изберете една од опциите во
списокот.
Off ( Исклучено) : без засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.
High (Високо) : максимално
засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.Активирање или деактивирање
на функцијата за повратни
информации со звукот на допир
Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на
екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , па
листајте низ списокот за да
изберете Audible Touch Feedback
(Звучни повратни информации на
допир) .
Page 20 of 125

20Основно ракувањеДопрете го екранското копче до
Audible Touch Feedback (Звучни
повратни информации на допир) за
да ја активирате или деактивирате
функцијата.
Гласност на сообраќајните
соопштенија
За да ја приспособите гласноста на сообраќајните соопштенија,
поставете ја саканата гласност
додека системот емитува
сообраќајно соопштение. Потоа
системот ја зачувува соодветната
поставка.
Системски поставки Следниве поставки се однесуваатна целиот систем. Сите други
поставки се опишани по тема во
односните поглавја во овој
прирачник.
Поставки за време и датум
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .Изберете Time and Date (Време и
датум) за да се прикаже односниот
подизборник.
Set Time Format (Постави го
форматот на времето)
За да го изберете саканиот формат на времето, допрете ги екранските
копчиња 12 h или 24 h.
Set Date Format (Постави го
форматот на датумот)
За да го изберете саканиот формат
на датумот, изберете Set Date
Format (Постави го форматот на
датумот) и одберете од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување)
За да одберете дали времето и
датумот ќе се поставуваат
автоматски или рачно, изберете
Auto Set (Автоматско
поставување) .
За автоматско поставување на
времето и датумот, изберете On -
RDS (Вклучено - RDS) .
За рачно поставување на времето
и датумот, изберете Off - Manual
(Исклучено - Прирачник) . Ако Auto
Set (Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual
(Исклучено - Прирачник) , ставките
Set Time (Постави го времето) и Set
Date (Постави го датумот) од
подизборникот стануваат
достапни.
Поставете време и датум
За да ги приспособите поставките за времето и датумот, изберете Set
Time (Постави го времето) или Set
Date (Постави го датумот) .
Допрете + и - за да ги приспособите
поставките.