bluetooth OPEL CORSA E 2017.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2017.5Pages: 125, PDF Size: 2.33 MB
Page 71 of 125

Вовед.......................................... 72
Радио .......................................... 87
ЦД-уред ....................................... 96
AUX приклучок ............................ 99
USB приклучок .......................... 100
Музика Bluetooth ....................... 103 Телефон .................................... 105
Индекс ....................................... 116CD 3.0 BT / R 3.0
Page 72 of 125

72ВоведВоведОпшти информации...................72
Функција за аларм при кражба .. 73
Преглед на контролните
елементи ..................................... 74
Употреба ..................................... 80
Основни функции .......................82
Поставки на тонот ......................84
Поставки на гласноста ............... 85Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Користејќи ги функциите на
радиото можете да регистрирате
до 36 станици на шест страници со
омилени.
Вградениот аудио плеер ќе Ве
забавува со аудио ЦД-а и ЦД-а со
MP3/WMA.
Може да поврзете надворешни
мемориски уреди, на пример iPod ®
,
MP3-плеер, уред USB или
преносен ЦД-плеер со
Инфозабавниот систем како
дополнителни извори на аудио; или преку кабел или преку
Bluetooth ®
.
Освен тоа, Инфозабавниот систем
е опремен со телефонски портал
што овозможува удобно и
безбедно користење на вашиот
мобилен телефон во возилото.
Како опција, Инфозабавниот
систем може да се управува преку
користење на далечински
управувач на воланот.Добро обмислената конструкција
на контролните елементи и јасните екрани ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за
вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Инфозабавниот систем треба
да се користи така што возилото може да се вози безбедно. Ако
не сте сигурни, запрете го
Page 81 of 125

Вовед81Функција за стишување
Притиснете y / @ или @ (ако има
телефонски портал: притиснете
неколку секунди) за стишување на
изворите на звук.
За да ја откажете функцијата за
стишување: вртете го m VOL или
притиснете y / @ или @ (ако е
достапен телефонскиот портал:
држете неколку секунди).
Ограничување на гласноста при
високи температури
При многу високи температури
внатре во возилото
Инфозабавниот систем ја
ограничува најголемата гласност
што се дотерува. Ако е потребно,
гласноста се намалува автоматски.
Начини на работењето
Радио
Притиснете RADIO за да се отвори
главниот изборник на радиото или за да се префрлува помеѓу
различните фреквентни подрачја.Притиснете MENU-TUNE за да ги
отворите изборниците за
фреквентни подрачја со опции за
бирање станици.
За детален опис на функциите на
радиото видете 3 87.
Аудио плеери
R 3.0
Притиснете AUX за да се активира
режимот AUX.
CD 3.0 BT
Притиснете MEDIA еднаш или
poveќe пати за да го отворите
главниот изборник за CD, USB,
iPod или AUX или за менување
меѓу нив.
Притиснете MENU-TUNE за да ги
отворите односните изборници со
опции за бирање записи.
За детален опис на функциите на
ЦД-плеерот 3 96, функциите AUX
3 99, функциите на приклучокот
USB 3 100 и функциите за музика
Bluetooth 3 103.Телефон
Притиснете y / @ кратко за да се
отвори телефонскиот изборник.
Притиснете MENU-TUNE за да се
отвори телефонскиот изборник со
опции за внесување и бирање
броеви.
За детален опис на телефонскиот портал 3 105.
Системски поставки Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем
може да се прикажуваат на разни јазици.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Languages (Јазици) во
изборникот Settings (Поставки) за
да се прикаже односниот изборник.
Page 82 of 125

82Вовед
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Забелешка
За детален опис на ракувањето со
изборник 3 82.
Поставки за време и датум
За детален опис во
Сопственичкиот прирачник.
Поставки на возилото
За детален опис во
Сопственичкиот прирачник.
Други поставки
Побарајте детален опис за сите
други поставки во односните
поглавја.
Врати фабрички поставки
Сите поставки, на пр. гласноста и поставките на тонот, списоците со
омиленици, или списокот со
Bluetooth уреди, може да се вратат
на фабричките поставки.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Vehicle
settings (Поставки за возилото) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).
Основни функции
MENU-TUNE копче Копчето за повеќе функции
MENU-TUNE е централен
контролен елемент за
изборниците.Свртете MENU-TUNE :
● за обележување на изборна опција,
● за местење на нумеричка вредност.
Притиснете MENU-TUNE :
● за одбирање или активирање на обележаната опција,
● за потврдување на некоја наместена вредност,
● за вклучување/исклучување на
некоја системска функција.
P BACK копче
Притиснете го P BACK накратко:
● за излегување од изборник,
● за враќање од некој подизборник на следното
повисоко ниво во изборникот,
● за бришење на последниот знак во низа знаци.
Притиснете и држете P BACK
неколку секунди за бришење на целото внесување.
Page 103 of 125

Музика Bluetooth103Музика BluetoothОпшти информации.................103
Ракување .................................. 103Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ● Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди
Bluetooth што го поддржуваат
A2DP (Advanced Audio
Distribution Profile - Напреден
профил за дистрибуција на
звук) верзија 1.2 или понова.
● Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio
Video Remote Control Profile -
Профил за далечинско
управување со аудио-видео)
верзија 1.0 или понова. Ако
уредот не го поддржуваAVRCP, преку Инфозабавниот
систем може да се контролира
само гласноста.
● Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
функциите за Bluetooth во
упатството за ракување со
уредот.
Ракување
Предуслови Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
● Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора
да е активна 3 106.
● Функцијата Bluetooth за надворешен Bluetooth аудио
извор мора да се активира
(погледнете го упатството за
ракување за уредот).
● Зависно од надоврешниот Bluetooth аудио извор, може дасе бара да го поставите уредот
Page 104 of 125

104Музика Bluetoothна „видлив” (погледнете го
упатството за ракување за уредот).
● Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде
поврзан со Инфозабавниот
систем 3 106.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth
Притиснете MEDIA еднаш или
повеќе пати за да се активира
режимот за музика Bluetooth.
Репродукцијата на музика преку
Bluetooth треба да се почне и
паузира/стопира преку уредот
Bluetooth.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Прилагодување на јачината
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем 3 80.
Скокнување до следната или
претходната песна
Притиснете кратко s или u на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем.
Page 105 of 125

Телефон105ТелефонОпшти информации.................105
Поврзување Bluetooth ..............106
Итен повик ................................ 108
Ракување .................................. 109
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 113Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции на порталот за
мобилен телефон се поддржани од секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај
Вашиот оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 106 of 125

106Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжична врска на на пр. телефон
со други уреди. Може да се
пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со
повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се воспостави
поврзување преку Bluetooth со
Телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активна и телефонот
мора да е „видлив“. Побарајте
детален опис во упатството за
употреба на мобилниот телефон.
Активирање на Bluetooth Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , а потоа Bluetooth.
Подизборникот ви поставува
прашање.Поставете го Bluetooth на On
(Вкл.) одговарајќи на прашањето
со Yes ( Да) или No (Не), по потреба.
Спојување уред Bluetooth Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Pair device (Спој уред) .
Може и да притиснете y / @
двапати.
Се прикажува следниов екран:
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Page 107 of 125

Телефон107Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето Bluetooth не
успеало: повторно почнете ја
постапката опишана погоре или
погледнете во упатството за
ракување со Bluetooth уредот.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Change Bluetooth code (Смени
шифра за Bluetooth) . Се прикажува
следниов екран:
Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Select
(Избери) од подизборникот за да ја
воспоставите врската.
Откачување уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Page 108 of 125

108ТелефонЗабелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Disconnect
(Прекини врска) од подизборникот
за да го откачите уредот.
Отстранување споен уред Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го саканиот уред. Се прикажува подизборник.Ако уредот е поврзан мора прво да се откачи (видете погоре).
Изберете ја ставката Delete
(Избриши) за да го отстраните
уредот.
Враќање на фабричките
поставки
Телефонските поставки, на пр.
списокот со уреди, Bluetooth кодот
и мелодијата за ѕвонење може да
се вратат на фабричките поставки.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).Итен повик9Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа, немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно правилно да се
вметне важечка SIM-картичка во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е