OPEL CORSA E 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2018Pages: 303, PDF Size: 7.94 MB
Page 61 of 303

Складирање59СкладирањеПростори за складирање...........59
Касета ....................................... 59
Држачи за чаши .......................59
Предна складишна преграда ..61
Складишна преграда под седиштето ............................... 61
Заден систем за превозување ........................... 61
Товарен простор ........................71
Капак на товарниот простор ...73
Капак на задната преграда за складирање под подот ...........74
Алки за врзување ..................... 75
Предупредувачки триаголник ............................... 76
Прибор за прва помош ............76
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 77
Багажник за на покрив .............77
Информации за товарење .........78Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Касета
Повлечете ја рачката за да го
отворите капакот на касетата.
Касетата има држач за монети и
адаптер за клуч за навртките за
заклучување на тркалата.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Држачи за чаши
Држачи за чаши се наоѓаат во
средишната конзола.
Page 62 of 303

60Складирање
Џебовите на вратите се направени
да држат шишиња.
Дополнителни држачи за шишиња
се наоѓаат на задните странични
панели.
Еластичен ремен за држач за
чаши
Подвижен гумен ремен се наоѓа во
складишната преграда пред
рачката на менувачот. Извлечете
го ременот за да прицврстите чаша или пепелник.
Page 63 of 303

Складирање61Предна складишна
преграда
Складишните прегради се наоѓаат
под прекинувачот за светло, во
средишната конзола, во џебовите
на вратите и на страничните
панели кај задните седишта.
Складишна преграда под
седиштето
Кренете го за работ со процеп и
извлечете го. Максимална
оптовареност: 1,5 кг . За затворање
притиснете ја навнатре и заглавете
ја.
Заден систем за
превозување
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
прицврстат велосипеди за носачот
што се извлекува и што е вграден
во подот на возилото.
Превозувањето на други предмети
не се дозволува.
Максималниот товар за задниот систем за превезување е 40 кг.
Максималниот товар по велосипед
е 20 кг.
Page 64 of 303

62СкладирањеМеѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде поголемо од 1,2 метри. Инаку не е
можно безбедно прицврстување на велосипедот.
Ако не се користи, задниот систем
за превезување може да се клизне
назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Не закачувајте велосипеди со
јаглеродни држачи на педалите
на носачи. Велосипедите може
да се оштетат.
Забелешка
Задните светла на возилото ќе се
деактивираат ако се монтираат
задните светла на задниот систем за превезување.
Проширување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смеат да останат лица во
зоната на проширувањето на
задниот систем за носење,
ризик од повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Системот
се ослободува и брзо излегува од
браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.
9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
Page 65 of 303

Складирање63заглавува правилно, не местете
предмети на системот и лизнете го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Инсталирање на задните ламби
Прво извадете ја задната( 1), па
предната ( 2) задна ламба од
процепите.
Отворете го држачот за ламбата од задната страна на задната ламба
целосно додека не се закочи.
Притиснете ја рачката за стегање
надолу и притиснете го држачот за
ламба во лежиштето додека не се
закочи.
Извршете ја постапкава за двете
задни ламби.
Проверете ја положбата на
кабелот и ламбата за да се
осигурате дека тие се правилно
инсталирани и се безбедно
лоцирани.
Page 66 of 303

64СкладирањеЗаклучете го задниот систем запревозување
Зартете ја левата рачка за
прицврстување ( 1) првин, потоа
десната рачка за прицврстување
( 2 ) додека не застанат. Двете рачки
за прицврстување треба да
покажуваат наназад, инаку
безбедната функционалност не се
гарантира.
Забелешка
Затворете ја задната врата.
Одвиткајте ги процепите за
рачките на педалите
Здиплете ги едниот или двата
процепа за рачките на педалите
угоре додека дијагоналниот
потпирач не се заглави.
Извадете ги монтажните дршки за
рачките на педалите од процепите
за рачките на педалите.
Page 67 of 303

Складирање65Приспособување на задниот
систем за превозување кон
велосипед
Притиснете го лостот за
ослободување и извлечете ги
процепите за тркалата.
Притиснете го лостот за
ослободување на каишот за
држење и извадете го каишот.
Подгответе го велосипедот за
закачувањето
Забелешка
Максималната широчина
движење на педалата е 38,3 мм а
максималната длабочина е
14,4 мм.
Завртете го левиот педал (без
запченик на ланецот) вертикално
удолу. Педалот на левата рачка на педалот треба да биде
хоризонтален.
Предното тркало на предниот
велосипед треба да биде свртено
лево.
Page 68 of 303

66СкладирањеПредното тркало на задниот
велосипед треба да биде свртено
десно.
Закачување на велосипед за
задниот систем за превозување
Со вртливата рачка на процепите
за рачките на педалите, отприлика
приспособете го уредот за рачките на педалите кој се дотерува, кон
делот од рачката на педалот што
се издава.
Ако велосипедот има прави рачки на педалите, отшрафете го уредот
за рачките на педалите целосно
(положба 5).
Ако велосипедот има криви рачки
на педалите, зашрафете го уредот
за рачките на педалите докрај
(положба 1).
Ставете го велосипедот на задниот
носач. Додека го правите тоа,
рачката на педалата треба да се
стави во отворот за рачката на
педалата како што е покажано на
илустрацијата.Внимание
Уверете се дека педалот не ја
допира површината на носачот
од задниот крај. Инаку,
преносниот систем може да се
оштети за време на превозот.
Page 69 of 303

Складирање67Вметнете ја монтажната дршка на
рачката на педалата во
надворешната шина на секој
процеп за рачката на педалот
одгоре и лизнете ја надолу се
додека не се најде барем под
жлебот.
Закачете ја рачката на педалот со
вртење на шрафот за закачување
на монтажната дршка на рачката
на педалот.
Ставете ги отворите за тркалата
така што велосипедот е отприлика
хоризонтален. Тука, растојанието
помеѓу педалите и задната врата
треба да биде најмалку 5 см.
Двете гуми на велосипедот треба
да бидат во процепите за тркалата.
Внимание
Осигурете се дека
вдлабнатините на тркалото се
повлечени колку што е потребно
за да се стават двете
велосипедски гуми во
вдлабнатинките. Во спротивно,
хоризонтилно закачување на
велосипедот не е
загарантирано.
Непостапувањето според
упатствата може да доведе до
оштетување на тркалата на
велосипедот поради врелите издувни гасови.
Дотерајте го велосипедот во
надолжната насока на возилото:
Малку олабавете ја монтажната
дршка на педалот.
Ставете го велосипедот во
исправена положба корстејќи го вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот.
Page 70 of 303

68СкладирањеАко двата велосипеда им пречат
еден на друг, релативните положби на велосипедите може да се
приспособат со дотерување на процепите за тркалата и со
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот додека
велосипедите веќе не се допираат
еден со друг. Осигурете се дека
има доволно слободен простор од
возилото.
Затегнете го шрафот за
закачување на дршката на
лежиштето на педалата до
максималната точка со рака.
Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот до процепите за
тркалата користејќи ги каишевите
за држење.
Проверете го велосипедот за да се осигурате дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Поставките за процепите за
тркалата и на вртливиот лост на
процепот за рачката на педалот
треба да се забележат и зачуваат
за секој еден велосипед.
Правилното претходно
поставување ќе го олесни
одновото местење на
велосипедот.
Забелешка
Се препорачува да закачите знак
за предупредување на
последниот велосипед одзади за да биде видливоста поголема.
Вадење на велосипед од
задниот систем за превозување
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Зафатете го велосипедот,
олабавете го шрафот за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалот, па
подигнете ја монтажната дршка на
лежиштето на педалот за да се
извади.