36НавигацијаПо внесувањето на адресата надестинацијата или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрутата се
остварува со звучен аутпут и
стрелка, како и со помош на
екранот со карта во повеќе бои.
Важни информации
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично водење
низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информации
од TMC радио станици. Овие
информации се вклучени во
пресметката на целокупната
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнува
сообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот мора да прима TMC станици во соодветниот регион.
Податоци за картата
Сите потребни податоци за картата
се зачувани во системот за
инфозабава.
Ажурирањата за картите се
достапни кај Партнер на Opel
Service или на порталот за
корисници myOpel. За да
преземате ажурирања за картите
од порталот за корисници на Opel,
потребни се сметка на myOpel и USB-меморија со најмалку 16 GB
со форматирање FAT 32 / MBR.
Преземете ги и зачувајте ги
податоците за картите на
компјутерот и отпакувајте ги
податоците на USB-меморијата.
За да ги ажурирате податоците за
картите во Инфозабавниот систем, поврзете ја USB-меморијата со
Инфозабавниот систем, изберете
ја функцијата за навигација и
следете ги чекорите во
Инфозабавниот систем.Инсталацијата на ажурирањето на
картите ќе трае околу 1 час. Не
исклучувајте го моторот во текот на процесот на инсталација.
Некои функции на Инфозабавниот
систем, на пример, функцијата за
навигација, не се достапни во текот
на процесот на инсталација.
Употреба
Информации на екранот
Притиснете c за да се прикаже
картата за навигација што ја
покажува областа околу
моменталната локација.