display OPEL CROSSLAND X 2017.75 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2017.75Pages: 147, PDF Size: 2.61 MB
Page 26 of 147

26РадиоКратко допрете го копчето до
саканата станица. Или, изберете Û за да се префрлите на приказот
на плочки. Потоа кратко допрете
† на плочката од саканата
станица.
Изберете Add to favourites (Додај во
омилени) , па допрете и задржете
неколку секунди на редот од
списокот каде што сакате да ја
зачувате станицата.
Ако некоја станица веќе е зачувана
на ред од список, таа станица ќе се пребрише со новата.
Повикување на станици
Во главниот изборник за радиото,
изберете Presets (Претходно
поставени) , па кратко допрете го
меморираното копче на саканата станица.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.Предности на RDS
● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример, информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS
Во главниот изборник за радиото,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) , па
изберете Radio settings (Поставки
за радио) за да го отворите
изборникот за конфигурирање на
RDS.Активирање RDS
Изберете General (Општо) , па
активирајте Station follow (Следи ја
станицата) .
Ако е активирано Алтернативна
фреквенција , во долниот ред од
главниот изборник за радио се
прикажува RDS.
Радио текст
Ако е активирано RDS,
информациите за радио
програмата што е активна во
моментот или музичката нумера
што се репродуцира во моментот
се прикажуваат под името на
програмата.
За да се прикажат или да се скријат информациите, активирајте или
деактивирајте Display radio text
(Прикажи радио текст) .
Сообраќајни соопштенија
Многу станици со RDS емитуваат
сообраќајни вести. Ако е
активирана функцијата за
сообраќајни соопштенија,
репродукцијата на радио или
медиуми се прекинува во текот на сообраќајните соопштенија.
Page 93 of 147

Надворешни уреди93интервали. Активирајте го
саканиот временски интервал во
којшто една слика треба да се
прикажува во приказот на слајдови.
Екран за часовник и температура За да се прикажат времето и
температурата во режим на цел
екран, активирајте Clock. Temp.
Display (Прикажување час. темп.) .
Поставки за екранот
Изберете Display Settings
(Поставки на екранот) за да
отворите подизборник за
приспособување на осветленоста
и контрастот.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Репродукција на филмови Можете да гледате филмови од
уред USB поврзан на приклучокот
за USB.
Забелешка
За вашата безбедност,
функцијата за филм не е достапна
додека се вози.Активирање на функцијата за
филмови
Ако уредот не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го уредот 3 88.
Притиснете ;, па изберете Gallery
(Галерија) за да го отворите
изборникот за медиуми.
Допрете m за да го отворите
главниот изборник за филмови, па
изберете ја саканата папка и/или
филм.
Се прикажува филмот.Функциски копчиња
Цел екран
Изберете x за да го прикажете
филмот во режим на цел екран.
Допрете го екранот за да излезете
од режимот на цел екран.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете c за да го пуштите
следниот филмски запис.
Допрете d во првите пет секунди
од репродукцијата на филмот за да
се вратите на претходниот
филмски запис.
Враќање на почетокот на
моменталниот филм
Допрете d по пет секунди од
репродукцијата на филмот.
Page 94 of 147

94Надворешни уредиБрзо напред и брзо назад
Допрете и задржете d или c.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Изборник за филм
Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од екранот за да се
прикаже Movie Menu (Изборник за
филмови) .
Екран за часовник и температура
За да се прикажат времето и
температурата во режим на цел
екран, активирајте Clock. Temp.
Display (Прикажување час. темп.) .
Поставки за екранот
Изберете Display Settings
(Поставки на екранот) за да го
отворите подизборникот за
приспособување на осветленоста
и контрастот.
Допрете + и - за да ги приспособите поставките.
Користење апликации за паметни телефони
Проекција на телефонот
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay и
Android, прикажуваат избрани
апликации од паметниот телефон
на Инфозабавниот екран и
овозможуваат да се управуваат
директно преку контролите за
инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
вашиот паметен телефон од
Google Play™ Store.
iPhone: Уверете се дека Siri ®
е
активирано на паметниот телефон.
Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
Settings (Поставки) .
Листајте низ листата до
Apple CarPlay или Android Auto .
Проверете дали е активирана
соодветната апликација.
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со
приклучокот USB 3 88.
Page 123 of 147

Основно ракување123гласноста налево или O за да ја
преместите точката на највисоко ниво на гласноста надесно.
Автоматско прилагодување на
јачината
Гласноста на Инфозабавниот
систем може да се приспособи
автоматски според брзината на
возилото.
Изберете го Auto. volume
( Автоматска гласност) . Притиснете
N или O за да се префрлате меѓу
поставките Active (Активно) и
Inactive (Неактивно) .Системски поставки
Конфигурирање на системот Отворете го изборникот за
поставки за да извршите некои
основни конфигурирања на
системот, на пример:
● Приспособете го прикажувањето на мерните
единици за температура или
потрошувачка на гориво
● Променете го јазикот на екранот
● Приспособете ги датумот и времето
Промена на јазикот на екранот
Притиснете MENU и потоа
изберете Personalisation-
configuration (Персонализација-
конфигурација) .
Изберете Display configuration
(Прикажи конфигурација) , па
изберете Choice of language ( Избор
на јазик) .За да го приспособите јазикот за
текстовите на изборниците,
допрете го саканиот јазик и
притиснете OK.
Местење на времето и датумот Притиснете MENU и потоа
изберете Personalisation-
configuration (Персонализација-
конфигурација) .
Изберете Display configuration
(Прикажи конфигурација) , па
изберете Date and time adjustment
(Приспособување на датум и
време) .
Промена на форматот на времето
За да го промените форматот на
времето, изберете 12h (12 ч) или
24h (24 ч) и притиснете OK.
Page 124 of 147

124Основно ракувањеПоставување на времето и
датумот
Стандардно, системот автоматски
ги приспособува прикажаните
време и датум.
За да ги приспособите рачно
прикажаните време и датум:
Изберете ја вредноста на саканите
поставки, на пример Day (Ден) и
притиснете OK.
Притиснете Q или P за да ја
поставите саканата вредност и
притиснете OK за да потврдите.
За да ги потврдите поставените
датум и време, изберете OK на
екранот.
Приспособување на екранот
Притиснете MENU и потоа
изберете Personalisation-
configuration (Персонализација-
конфигурација) .
Изберете Display configuration
(Прикажи конфигурација) , па
изберете Display personalisation
(Персонализација на приказ) .Функција за листање на текстот
Ако долгите текстови на екранот
треба да се лизгаат автоматски,
активирајте Auto. scrolling long texts
(Автоматско лизгање долги
текстови) .
Изберете OK на екранот.
Ако Auto. scrolling long texts
(Автоматско лизгање долги
текстови) е деактивирано, долгите
текстови се прекинуваат.
Приспособување на осветленоста
Во делот Brightness ( Осветленост) ,
изберете + или - за да ја зголемите
или намалите осветленоста на
екранот.
Притиснете OK за да потврдите, па
неколку пати притиснете OK за да
ја приспособите осветленоста на
саканото ниво.
За да го потврдите
приспособувањето на
осветленоста, изберете OK на
екранот.
Приспособување на мерните
единици за температура и
потрошувачка на гориво
Притиснете MENU и потоа
изберете Personalisation-
configuration (Персонализација-
конфигурација) .
Изберете Display configuration
(Прикажи конфигурација) , па
изберете Choice of units (Избор на
мерни единици) .
Изберете ја саканата мерна
единица и притиснете OK.
Изберете OK на екранот.