OPEL CROSSLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2018.5Pages: 291, PDF Size: 7.43 MB
Page 21 of 291

Накратко19Паркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на рамна
површина или на надолница,
ставете во рикверц брзина или поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.● Заклучете го возилото со e на
далечинскиот управувач за
радиото.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 32.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 208.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20.
Оставање на возилото да стои подолго време 3 207.
Page 22 of 291

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Клучеви ..................................... 20
Далечински управувач ............21
Систем на електронскиот клуч .......................................... 22
Систем на централната брава ....................................... 24
Автоматско заклучување ........28
Детски брави ............................ 29
Врати ........................................... 30
Товарен простор ......................30
Безбедност на возилото ............31
Систем за заштита од
кражба ..................................... 31
Систем за тревожење при кражба ..................................... 32
Имобилизатор .......................... 34
Странични ретровизори ............35
Конвексен облик ......................35
Електрично местење ...............35
Преклопни прозорци ................ 35
Ретровизори со греење ...........36Ретровизори ............................... 36
Рачна заштита од отсјај ..........36
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 36
Прозорци .................................... 37
Шофершајбна .......................... 37
Електрични прозорци ..............37
Греење на задното стакло ......39
Греење на шофершајбната ....39
Штитници за сонце ..................40
Покрив ......................................... 40
Стаклена плоча ........................40Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 248.
Централна брава 3 24.
Палење на моторот 3 146.
Далечински управувач 3 21.
Електронски клуч 3 22.
Page 23 of 291

Клучеви, врати и прозорци21Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 238.
Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Овозможува ракување со следниве функции со користење на
копчињата на далечинскиот
управувач:
● централната брава 3 24
● системот за заштита од кражба
3 31
● системот за тревожење при кражба 3 32
● отклучување на задната врата 3 24
● електричните прозорци 3 37
● преклопување на ретровизорите
Далечинскиот управувач има опсег
до 100 м, но може да биде и многу
помалку поради надворешни
влијанија. Предупредувачките
трепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно, штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 24 of 291

22Клучеви, врати и прозорци
1. За да го отстраните капакот,ставете мал шрафцигер помеѓу
задниот капак и далечинскиот
уред.
2. Извадете го задниот капак.
3. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
4. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
5. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Опсегот е надминат.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 24.Систем на електронскиот
клуч
Овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 24
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 146
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 21.
Page 25 of 291

Клучеви, врати и прозорци23Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во
Информативниот центар за
возачот 3 109.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. За да го отстраните капакот, ставете мал шрафцигер во
отворот.
2. Извадете го капакот.
3. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
4. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
5. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 24.
Page 26 of 291

24Клучеви, врати и прозорциСистем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Повлечете ја внатрешната квака на
некоја врата целосно за да ја
отклучите и да ја отворите таа
врата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.Ракување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го 0032.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
за гориво ќе бидат отклучени
со притискање на 0032 еднаш.
● Само вратата на возачот и вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат отклучени со
едно притискање на 0032. За
отклучување на сите врати,
товарниот простор и
вратничката за полнење
гориво, притиснете 0032 еднаш.
Изберете ја соодветната поставка
во Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 110.
Отклучување на задната врата
Притиснете 0033 подолго за да се
отклучи само задната врата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 110.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 30.
Page 27 of 291

Клучеви, врати и прозорци25Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го 0031.
Ако некоја врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од страната на
соодветната врата.
Отклучување
Протнете ја раката зад една од
рачките на предните врати за да го
отклучите возилото или
притиснете го копчето за задната
врата.
Режимот за отклучување може да
се постави во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби. Може да се изберат три
поставки:
● Само возачката врата и вратничката на резервоарот ќебидат отклучени со едно
протнување на раката зад
рачката на возачката врата.
Page 28 of 291

26Клучеви, врати и прозорци● Со протнување на раката задедна од рачките на предните
врати или со притискање на
копчето на задната врата ќе се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратничката на
резервоарот за гориво.
● Со притискање на копчето за задната врата ќе се отклучи
само задната врата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 110
ЗаклучувањеПритиснете со прст или палец на
рачката на една од надворешните врати (на ознаките).
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат заклучени.
Системот се заклучува ако некоја
врата била отворена, а сите врати
сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување и ќе се
слушне предупредувачка
мелодија.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата може да се отклучи
и отвори со притискање на
прекинувачот на подлогата за
допир под лентата на заднатаврата кога електронскиот клуч е во
опсегот. Вратата останува
заклучена во зависност од
конфигурацијата во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Товарен простор 3 30
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 110
Ракување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Page 29 of 291

Клучеви, врати и прозорци27Притиснете 0032 за да ја отклучите
возачката врата и вратичката на
резервоарот за гориво или сите
врати, вратичката на резервоарот
за гориво и задната врата.
Притиснете 0031 за да ја заклучите
возачката врата и вратичката на
резервоарот за гориво или сите
врати, вратичката на резервоарот
за гориво и задната врата.
Притиснете 0033 подолго за да ја
отклучите и отворите само задната
врата или сите врати, вратичката
на резервоарот за гориво и задната
врата.
Ракување со далечинскиот
управувач 3 24.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Копчиња за централната брава Ги заклучува или отклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво од патничкиот простор
преку прекинувач.
Притиснете 0034 за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете 0034 повторно за
отклучување. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Ракување со клучот во случај на
дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го и
задржете го копчето за да се
извлече вметнатиот клуч.
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешната
квака. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Page 30 of 291

28Клучеви, врати и прозорциРачно заклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со ставање и вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
За да ги отклучите другите врати,
прво отстранете го црното капаче
така што ќе го ставите клучот и ќе
го свртите надесно.
Ставете го клучот во отворот и
поместете го резето.
Извадете го клучот и вратете го
црното капаче.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
заклучување на вратите штом
брзината на возилото ќе надмине
10 км/ч.
Ако една од вратите или товарниот
простор е отворена, автоматската
централна брава нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на 004Bна таблата со инструменти, звучен
сигнал и прикажување на порака за
предупредување.
Можете трајно да ја активирате или
деактивирате оваа функција. Со
вклучено палење, притискајте 0034
додека не започне да се емитува
звучен сигнал и не се прикаже
соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.