OPEL CROSSLAND X 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2018Pages: 289, PDF Size: 7.75 MB
Page 41 of 289

Клучеви, врати и прозорци39РетровизориРачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Page 42 of 289

40Клучеви, врати и прозорциВнимание
Ако возилото има горен екран,
многу е важно замената на
шофершајбната да се изврши
правилно, според
спецификациите на Opel. Во
спротивно, системот може да не
работи правилно, а сликата
може да изгледа дека не е
фокусирана.
Електрични прозорци
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Page 43 of 289

Клучеви, врати и прозорци41Систем за безбедноста на децаза задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Притиснете го и држете го c за да
се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 112.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.
4. Притискајте го прекинувачот додека прозорецот целосно не
се отвори и продолжете да го
притискате уште две секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.
Page 44 of 289

42Клучеви, врати и прозорциГреење на задното стаклоСе користи со притискање на b
заедно со страничните
ретровизори со греење.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, b се
наоѓа на различно место.
Системи за контрола на
климатизацијата 3 133.
Возила со систем за греење и
проветрување или систем за
климатизацијаВозила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Греење на
шофершајбната
Се користи со притискање на ,.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, ,
се наоѓа на различно место.
Возила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Возила со систем за
климатизација
Page 45 of 289

Клучеви, врати и прозорци43Штитници за сонцеШтитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата треба да
се затворени додека возите.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Стаклена плоча Не лепете налепници на покривот.
Не го покривајте возилото
користејќи церада.
Ролетна
Ролетната работи електрично.
Нежно притиснете го N
на првиот
степен назад: ролетната се отвора
додека се држи прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го назад:
ролетната се отвора додека се
држи прекинувачот.
Нежно притиснете го N на првиот
степен напред: ролетната се
затвора додека се држи
прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го напред:
ролетната се затвора додека се
држи прекинувачот.
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање
ролетната наиде на отпор, таа
веднаш се запира и се отвора
повторно.
Функција за подготвеност
Во положбата 1 на прекинувачот за
палење може да се ракува со
ролетната 3 148.
Page 46 of 289

44Клучеви, врати и прозорциСтартување по прекин во
електричното напојување
По прекин во електричното
напојување, со ролетната може да
се работи само до одреден опсег.
Иницијализирајте го системот на
следниов начин:
1. Свртете го клучот во прекинувачот за палење во
положба 1.
2. Нежно притиснете го N
двапати на првиот степен назад
и ролетната се отвора малку.
3. Веднаш нежно притиснете го N двапати на првиот степен
напред и ролетната се затвора
малку.
По чекорот 3, ролетната е во
режимот за иницијализација
без безбедносната функција.
4. Нежно притискајте го N на
првиот степен назад додека
ролетната не се отвори
целосно.
5. Нежно притискајте го N на
првиот степен напред додека
ролетната не се затвори
целосно.По оваа постапка, ролетната е
иницијализирана со активна
безбедносна функција.
Кога N ќе се притисне цврсто до
вториот степен за време на
иницијализирањето, постапката се
откажува.
Page 47 of 289

Седишта, потпирачи45Седишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................45
Предни седишта .........................46
Положба на седиштата ...........46
Местење на седиштата ...........47
Потпирач за рака .....................49
Греење ..................................... 50
Задни седишта ........................... 50
Потпирач за рака .....................51
Безбедносни ремени .................51
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........53
Систем на воздушни перничиња .................................. 55
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 58
Систем на странични воздушни перничиња .............59
Систем на завесни воздушни перничиња ............................... 60
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 60Системи за врзување на деца ..62
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 65Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 48 of 289

46Седишта, потпирачиположба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Потпирачи за глава на
предните седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ја патент бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Page 49 of 289

Седишта, потпирачи47
● Седете така да задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат
леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб.
Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе
може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно
испружена и рамениците се потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 81.
● Наместете го потпирачот за глава 3 45.● Намастете го потпирачот за
колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Надолжно прилагодување
Page 50 of 289

48Седишта, потпирачиПовлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолу