park assist OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2019Pages: 297, PDF Size: 8.05 MB
Page 186 of 297

184Возење и ракување
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Влегување во паралелно место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'':
за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
parallel parking space (Влез во
простор за паралелно паркирање) .
Информативен екран во боја од 8
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
паралелно место за паркирање .
Во групата инструменти светнува
$ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Системот нема да идентификува
места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава прв звучен сигнал. Возете
бавно напред. Кога ќе се даде
вториот звучен сигнал, запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите без да надминете 7 км/ч.
Page 187 of 297

Возење и ракување185
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додекане се означи крајот на
маневрирањето. Кога ќе завршите,
во групата инструменти се
исклучува $.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'':
за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
perpendicular parking space (Влез
во простор за нормално
паркирање) .
Информативен екран во боја од 8 инчи: кога барате место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
напречно место за паркирање .
Во групата инструменти светнува
$ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Кога ќе се најдат неколку
последователни места, возилото
ќе се насочи кон последното.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава звучен сигнал. Запрете го возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се
движите без да надминете 7 км/ч.
Page 188 of 297

186Возење и ракување
Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на Помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
Кога ќе завршите, во групата
инструменти се исклучува $.
При маневрирањето за паркирање, системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од
некоја пречка.
Излегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'': кога излегувате од паралелно
место за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Информативен екран во боја од 8
инчи: кога излегувате од
паралелно паркирање, активирајте
го системот со притискање на Í.
На екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за
излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите
без да надминете 5 км/ч.
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додекане се означи крајот на
маневрирањето. Маневрирањето
завршува кога предните тркала од
возилото се надвор од местото за
паркирање и $ ќе се исклучи во
групата инструменти.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.