OPEL CROSSLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2020Pages: 273, PDF Size: 20.72 MB
Page 221 of 273

Нега на возилото219предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Систем за откривање наиздишаноста на гумите
Системот за откривање на
издишаноста на гумите постојано
ја проверува брзината на ротација
на сите четири тркала и
предупредува за низок притисок во гумите кога возилото е во
движење. Тоа се постигнува со
споредување на работ на
тркалање со референтни
вредности и дополнителни
сигнали.
Ако некоја гума го загуби
притисокот, контролната сијаличка
w светнува, а во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување.
Во овој случај, намалете ја
брзината, избегнувајте остри
свртувања и нагло сопирање.Запрете штом ќе ви се укаже
можност и проверете го притисокот во гумите.
Контролна сијаличка w 3 95.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, активирајте
го системот за да ја исклучите
контролната сијаличка и да го
рестартирате системот.Внимание
Системот за откривање на
издишаноста само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Во случај на дефект на системот, се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Поставете го правилниот
притисок во гумите и повторно
активирајте го системот. Ако
грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
Page 222 of 273

220Нега на возилотода работи ако ABS или ESC имаат
дефект или се користи резервно
тркало.
Во случај на дефект на системот,
се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Поставете го правилниот
притисок во гумите и повторно
активирајте го системот. Ако
грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
да работи кога ABS или ESC имаат
дефект.
Штом ќе се постави нормално
погонско тркало, проверете го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни и повторно активирајте го
системот.Иницијализирање на системот
По корекција на притисокот во
гумите или менување тркала,
системот мора да се активира за да
ги научи новите референти
вредности за тркалање:
1. Секогаш проверувајте дали сите четири гуми го имаат
точниот притисок 3 254.
2. Применете ја сопирачката за паркирање.
3. Притиснете w за да го
ресетирате системот за
откривање на издишаноста.
4. Ресетирањето се потврдува со појавно известување.
По активирањето, системот
автоматски се калибрира на новите притисоци во гумите во текот на
возењето. По подолго возење, системот ќе ги прифати и ќе ги
следи новите притисоци.
Секогаш проверувајте го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни.
Системот мора да се активира
повторно кога:
● притисокот во гумите се променил
● натовареноста се променила ● тркалата ги замениле местата или биле променети
Системот нема веднаш да
предупреди за дупка во некоја гума
или за брзо издишување. Ова е
поради потребното време за
пресметување.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Page 223 of 273

Нега на возилото221Гумите треба да се заменат одбезбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
менувајте ги местата на предните тркала со задните тркала. Ако се
монтирани еднонасочни гуми,
внимавајте насоката на ротација на
тркалата да остане иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде неопходно одново да се
програмира системот за
откривање на издишаноста на
гумите и да се извршат други
преиначувања на возилото.
Систем за откривање на
издишаноста на гумите 3 219.
Заменете ја налепницата со
притисоците во гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 224 of 273

222Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
195/65 R15 91 и 195/60 R16 89
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 225 of 273

Нега на возилото223
Комплетот за поправање гуми е во
товарниот простор под капакот на
подот.
1. Извадете ги шишето со заптивната смеса и
компресорот.
2. Извадете ја налепницата за ограничување на брзината од
шишето со заптивната смеса и
ставете ја некаде каде што ќе
биде видлива за возачот.3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од просторите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото заполнење на вентилот на гумата.
Page 226 of 273

224Нега на возилото8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Поврзете го приклучокот на компресорот во штекерот за
напојување 3 81.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 254.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е
достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
Page 227 of 273

Нега на возилото22515. Извадете ја излишнатазаптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км
(но не повеќе од 10 мин.),
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете
го цревото за воздух директно
врз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано
погоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под 1,5 бар, поставете
го на правилната вредност. Во спротивно, возилото не смее да се користи. Побарајте помош од
автомеханичар.
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км (но не повеќе од
10 минути) за да проверите
дека повеќе нема губење на
притисок
Ако притисокот во гумата паднал под 1,5 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од
700 kPa (7 бари).
Проверете го рокот на траење на комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Page 228 of 273

226Нега на возилотоМенување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките пред да
ги затегнете.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртките
за тркалата.
Вртливи моменти на
затегнување
Внимание
Ако возилото е опремено со алуминиумски тркала, рачно
стегнете ги навртките за
тркалата најмалку пет
свртувања.
Постојат два различни типа тркала со две различни завртки и вртливи
моменти на затегнување.
Вртливиот момент на затегнување
за алуминиумски тркала е 100 Nm.
Вртливиот момент на затегнување
за челични тркала е 115 Nm.
9 Предупредување
Ако ги заменувате тркалата,
секогаш проверувајте дали ги
користите правилните навртки
за тркалата. Кога монтирате
резервно тркало, можат да се
користат и навртките за
алуминиумски тркала.
Page 229 of 273

Нега на возилото227Точки за подигнување
Прикажаните точки за
подигнување се однесуваат на
употребата на држачи за
подигнување и помошни дигалки
кои се користат за замена на
зимски / летни гуми.
Задниот носач на платформата за
кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.
Предниот носач на платформата
за кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај, важи дозволената
максимална брзина иако на
резервното тркало нема етикета
што го покажува тоа.
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
товарниот простор:
1. Отворете го капакот на подот.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Одвртете ја навртката
Page 230 of 273

228Нега на возилотоза да го извадите резервното
тркало.
Има кутија со алати во десниот
ѕид од товарниот простор.
Прирачен алат 3 216.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
вдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете навртката
со крилца и затворете го
капакот на подот.
4. По монтирањето на целосно тркало, ставете го резервното
тркало надвор во просторот за
резервното тркало и
прицврстете го со пеперужната
навртка.
Привремено резервно тркалоВнимание
Ако возите со привремено
резервно тркало, активното
итно сопирање треба да се
деактивира.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Дозволената
максимална брзина на етикетата
од привременото резервно тркало
важи само за фабрички
доставената големина на тркала.
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Фаќајте ги свиоците полека. Не го користете за подолг период.
Монтирање на резервното
тркало
Подгответе се за менување на
тркалото 3 226 и имајте ги предвид
следниве информации:
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
1. Откачете ги капачињата на завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги.
Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Одвиткајте го клучот за тркалата и ставете го
внимавајќи да е безбедно
наместен и разлабавете ја
секоја завртка на тркалото
половина круг.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво