android auto OPEL GRANDLAND X 2018.75 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.75, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.75Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 298 of 309

296Информации за купувачотDivX, LLC
DivX ®
и DivX Certified ®
се
регистрирани трговски марки на DivX, LLC.Google Inc.
Android™ и Google Play™ Store се
трговски марки на Google Inc.Velcro Companies
Velcro ®
е регистрирана трговска
марка на Velcro Companies.Verband der Automobilindustrie e.V.
AdBlue ®
е регистрирана трговска
марка на VDA.Запишување на
податоците за
возилото и тајност
Запишувачи на датумите на настани
На возилото се монтирани
електронски контролни уреди.
Контролните уреди ги
обработуваат податоците кои се
добиваат, на пример, од сензорите на возилото или кои тие ги
создаваат или ги разменуваат меѓу
себе. Некои контролни уреди се
неопходни за безбедна работа на
возилото, други ви помагаат
додека возите (системи за помош
на возачот), а трети ви
обезбедуваат удобност или
инфозабава.
Податоци за работата во
возилото
Контролните уреди обработуваат
податоци за работата на возилото.Во овие податоци, меѓу другите,
спаѓаат:
● Информации за статусот на возилото (на пример, стапка наротација на тркалото, брзина,
одложување на движење,
странично забрзување,
прикажување на „ставени
безбедносни ремени“),
● Амбиентални услови (на пример, температура,
сензор за дожд, сензор за
растојание).
Повеќето од овие податоци се
променливи и ги обработува само
возилото и само додека работи.
Исто така, многу контролни уреди
имаат уред за чување податоци
(меѓу другите и клучот за
возилото). Тој се користи за да
овозможи привремено или трајно регистрирање на податоците за
состојбата на возилото, стресот на
компонентите, барањата за
одржување, како и технички
настани и грешки.
Page 300 of 309

298Информации за купувачотВо зависност од нивото на опрема,во нив спаѓаат
● Поставки за положбата на седиштата и воланот,
● Поставки за шасијата и климатизацијата,
● Кориснички поставки, како што е внатрешното осветлување.
Може да внесете свои податоци во
функциите за инфозабава за
вашето возило како дел од
избраните карактеристики.
Во зависност од нивото на опрема, во нив спаѓаат
● Мултимедиумски податоци како што се музика, видеа или
фотографии за
репродуцирање во вграден мултимедиумски систем,
● Податоци од адресар за користење со вграден систем
без користење на рацете или
вграден систем за навигација,
● Внесени дестинации,
● Податоци за користење на услуги на интернет.Овие податоци за функциите за
удобност и инфозабава може да се
чуваат локално во возилото или да се чуваат на уред што сте го
поврзале со возилото (на пример, паметен телефон, USB-уред или
MP3-уред). Податоците што вие
сте ги внесле може да се избришат
во секое време.
Овие податоци може да се
пренесат надвор од возилото само на ваше барање, особено кога се
користат услуги на интернет во
согласност со поставките што сте
ги избрале.
Интеграција на паметен
телефон, на пример, Android
Auto или Apple CarPlay
Ако возилото е опремено
соодветно, може да го поврзете
паметниот телефон или друг
мобилен уред со него за да може
да го контролирате преку
контролите кои се вградени во
возилото. Во овој случај, сликата и
звукот од паметниот телефон може да се пренесат преку
мултимедиумскиот систем. Во истовреме, до паметниот телефон се
пренесуваат и одредени
информации. Во зависност од
типот на интеграција, тука спаѓаат
податоци како што се податоци за
позиционирање, дневен / ноќен
режим и други општи информации
за возилото. За повеќе
информации, видете во упатството
за употреба на возилото /
инфозабавниот систем.
Интеграцијата овозможува
користење на избрани апликации
од паметниот телефон, како што се навигација или репродуцирање
музика. Не е можна понатамошна
интеграција помеѓу паметниот
телефон и возилото, особено
активен пристап до податоците за
возилото. Природата на
понатамошната обработка на
податоци ја определува давателот
на апликацијата што се користи.
Дали може да поставите поставки,
и ако може, кои ќе бидат тие,
зависи од конкретната
апликацијата и од оперативниот
систем на паметниот телефон.