carplay OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 309 of 323

Информации за купувачот307TA-2016/121, TA-2016/3261,
TA-2017/2387,TA-2017/2745,
TA-2013/430, TA-2017/1106,
TA-2016/929, TA-2017/3180
REACH Registration, Evaluation,
Authorisation and Restriction of
Chemicals (REACH) е регулатива
на Европската Унија што е
донесена за да се подобри
заштитата на човековото здравје и околината од ризици што може да
ги предизвикаат хемикалии.
Посетете ја веб-локацијата
www.opel.com за дополнителни
информации и пристап до членот
33 од комуникацијата.
Поправка при оштетување од судир
Дебелина на боја
Како резултат на техниките на
производството, дебелината на
бојата може да се разликува
помеѓу 50 и 400 µm.Затоа, различната дебелина на
бојата не е показател за поправка
при оштетување од судир.
Ажурирање на софтверот
Инфозабавниот систем може да
преземе и да инсталира избрани
ажурирања на софтверот преку
безжично поврзување.
Забелешка
Достапноста на овие ажурирања
на софтверот преку етер зависи
од возилото и земјата. Повеќе
информации може да најдете на
нашата почетна страница.
Интернет-поврзување
За преземање ажурирања на
софтверот преку етер потребно е
интернет-поврзување, до кое може
да се пристапи преку точка за
поврзување со Wi-Fi што е
заштитена со лозинка, на пример,
овозможена од мобилен телефон.
За да го поврзете Инфозабавниот
систем со пристапна точка,
погледнете во Прирачникот за
инфозабавата.Ажурирања
Системот ќе побара да се преземат и инсталираат одредени
ажурирања. Има и опција рачно да се провери за ажурирања.
За да пребарувате рачно за
ажурирања, изберете Settings
(Поставки) на почетниот екран,
Software Information (Информации
за софтверот) , System Update
( Ажурирање на системот) . Следете
ги упатствата на екранот.
Забелешка
Чекорите за преземање и
инсталирање на ажурирањата
може да се разликуваат во
зависност од возилото.
Забелешка
Во текот на процесот на
инсталација, можно е возилото да
не работи.
Регистрирани трговски маркиApple Inc.
Apple CarPlay™ е трговска марка на Apple Inc.
Page 312 of 323

310Информации за купувачотФункции за удобност и
инфозабава
Поставките за удобност и
корисничките поставки може да се
зачуваат во возилото и да се
променат или ресетираат во секое
време.
Во зависност од нивото на опрема, во нив спаѓаат
● поставки за положбата на седиштата и воланот
● поставки за шасијата и климатизацијата
● кориснички поставки, како што е внатрешното осветлување
Може да внесете свои податоци во
функциите за инфозабава за
вашето возило како дел од
избраните карактеристики.
Во зависност од нивото на опрема, во нив спаѓаат
● мултимедиумски податоци како што се музика, видеа или
фотографии за
репродуцирање во вграден мултимедиумски систем● податоци од адресар за користење со вграден систем
без користење на рацете или
вграден систем за навигација
● внесени дестинации
● податоци за користење на услуги на интернет
Овие податоци за функциите за
удобност и инфозабава може да се
чуваат локално во возилото или да се чуваат на уред што сте го
поврзале со возилото (на пример,
паметен телефон, USB-уред или
MP3-уред). Податоците што вие
сте ги внесле може да се избришат во секое време.
Овие податоци може да се
пренесат надвор од возилото само
на ваше барање, особено кога се користат услуги на интернет во
согласност со поставките што сте
ги избрале.Интеграција на паметен
телефон, на пример, Android
Auto или Apple CarPlay
Ако возилото е опремено
соодветно, може да го поврзете
паметниот телефон или друг
мобилен уред со него за да може да го контролирате преку
контролите кои се вградени во
возилото. Во овој случај, сликата и
звукот од паметниот телефон може
да се пренесат преку
мултимедиумскиот систем. Во исто време, до паметниот телефон се
пренесуваат и одредени
информации. Во зависност од
типот на интеграција, тука спаѓаат
податоци како што се податоци за
позиционирање, дневен / ноќен
режим и други општи информации
за возилото. За повеќе
информации, видете во упатството
за употреба на возилото /
инфозабавниот систем.
Интеграцијата овозможува
користење на избрани апликации
од паметниот телефон, како што се навигација или репродуцирање
музика. Не е можна понатамошна