Препознавање говор91
Confidence Threshold (Праг на
доверба)
Во зависност од избраните опции
во соодветниот подизборник,
функцијата за препознавање говр е помалку или повеќе „доверлива“ во
точното тазбирање на вашите
наредби.
Confirm More (Потврдувај повеќе) :
Доколку се избере, системот бара
релативно често да ги потврдувате вашите наредби. Следствено,
системот извршува точни
активности во повеќето случаи.Confirm Less (Потврдувај помалку) :
Доколку се избере, системот помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено, системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги
изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и нивото на детали на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор може да се приспособат во
соодветниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
звучни повратни информации) Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (Средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кратко) .