ad blue OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 120 of 371

118Инструменти и контроли
ТрепкаСистемот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се намали и возилото може да се
сопира автоматски до мал степен.
Електронска контрола на
стабилноста 3 196, Систем за
контрола на пролизгувањето
3 195.
Системот за контрола на
превртувањето е
исклучен
k свети жолто.
Системот е деактивиран.
Предзагревање
! свети жолто.
Предзагревањето е активирано. Дури тогаш се активира кога
надворешната температура е
ниска.Филтер за дизелски
честички % свети или трепка жолто.
Му е потребно чистење на
филтерот за дизелски честички.
Продолжете да возите додека не
се изгасне %. Ако е возможно, не
дозволувајте брзината на моторот
да падне под 2000 врт/мин.
Свети
Филтерот за дизелски честички е полн. Почнете го процесот на
чистење колку е можно поскоро.
Трепка
Максималното ниво за полнење на филтерот е достигнато. Почнете гопроцесот на чистење веднаш за да
се избегне оштетување на
моторот.
Филтер за дизелски честички
3 181, Систем за сопирање-
поаѓање 3 177.AdBlue
Y трепка жолто.
Нивото на AdBlue е ниско.
Дополнете AdBlue наскоро за да
избегнете спречување на
палењето на моторот.
AdBlue 3 182.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
w свети или трепка жолто.
Свети Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка
Дефект во системот или гума без монтиран сензор за притисок
(на пр. резервно тркало). По
60-90 секунди контролната
сијаличка свети непрекинато.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 134 of 371

132Инструменти и контроли
За повеќе информации, видете во
прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Контролер за паметен
телефон
Контролерот за паметен телефон
овозможува паметен телефон да
пристапи до податоците на
возилото преку поврзување WLAN
или Bluetooth. Тие податоци потоа може да се прикажат и
анализираат на паметниот
телефон.Пораки за возилото
Пораките се означуваат на
Информативниот центар за
возачот (DIC), во некои случаи
заедно со звук за предупредување и сигнализирање.
На екранот од основно ниво
притиснете го копчето SET/CLR,
MENU или свртете го тркалцето за
местење за да ја потврдите
пораката.
На екранот од средно и горно ниво
притискајте го 9 за потврда на
пораките.
Пораки за возилото и за
сервисирање
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Системот прикажува пораки во поглед на следниве теми:
■ пораки за сервисирање
■ нивоа на течностите
Page 135 of 371

Инструменти и контроли133
■ системот за тревожење прикражба
■ сопирачки
■ системи за возење
■ системи за контрола на возењето
■ системи за помош на возачот
■ контрола на патувањето
■ ограничувач на брзината
■ приспособлива контрола на патувањето
■ предупредување за преден судир
■ систем за моментално сопирање
при судир
■ системи за помош за паркирање
■ светла, замена на сијалиците ■ приспособливо предно светло■ систем за бришење/миење
■ врати, прозорци
■ известување за странична слепа точка
■ помош со сообраќајни знаци
■ предупредување за напуштање лента■ товарен простор, капак набагажникот
■ далечински управувач
■ систем на електронскиот клуч
■ палење без клуч
■ безбедносни ремени
■ системи на воздушни перничиња
■ мотор и менувач
■ притисок во гумите
■ филтер за дизелски честички
■ состојба на акумулаторот
■ селективно каталитичко намалување, течност за издувнигасови од дизел (DEF), AdBlue
3 182
Пораки на инфо-екранот во
боја
Некои поважни пораки може да се
појават дополнително на
инфо-екранот во боја. Притиснете
го повеќенаменското копче за
потврдување на пораката. Некои
пораки се појавуваат само за
неколку секунди.Предупредувачки
мелодии
Кога се пали моторот илидодека се вози
Само едно предупредувачко ѕвоно ќе се огласи во исто време.
Предупредувачкото ѕвоно што се
огласува кога не се врзани
сигурносните појаси има приоритет
во однос на било кое друго
предупредувачко ѕвоно.
■ Ако безбедносниот ремен не е врзан.
■ Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.
■ Ако извесна брзина е надмината при активирана рачна сопирачка.
■ Ако приспособливата контрола на патувањето се исклучи
автоматски.
■ Ако се приближувате премногу до возилото пред вас.
Page 136 of 371

134Инструменти и контроли
■ Ако се надмине програмиранатабрзина или ограничувањето набрзината.
■ Ако во Информативниот центар за возачот се појави
предупредувачка порака.
■ Ако електронскиот клуч не е во патничкиот простор.
■ Ако помошта при паркирање примети пречка.
■ Ако дојде до ненамерно менување на лентата.
■ Ако филтерот за дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
■ Ако треба да се наполни AdBlue.
Кога возилото е паркирано и/
или возачката врата е отворена ■ Кога клучот е во бравата за палење.
■ Кога надворешните светла се запалени.
■ Ако јазолот на приколката не е заглавен.За време на Autostop
■ Ако е отворена возачката врата.
Напон во батериите Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
1. Исклучете ги електричните потрошувачи што не се
неопходни за безбедно возење,
на пр. греењето на седиштата,
греењето на задното стакло или
останатите поголеми
потрошувачи.
2. Наполнете го акумулаторот со постојано возење определено
време или со помош на уред за
полнење.
Предупредувачката порака ќе
исчезне откако моторот ќе запали
двапати без пад на напонот.
Ако акумулаторот не може да се
наполни, отстранете ја причината
за дефектот со помош на
автомеханичар.Приспособување на
возилото кон
индивидуалните
потреби
Однесувањето на возилото може
да се приспособи кон
индивидуалните потреби со
менување на поставките на Инфо- екранот во боја.
Некои од личните поставки за
различни возачи може да се
меморизираат поединечно за секој клуч на возилото. Меморизирани
поставки 3 25.
Зависно од опременоста на
возилото и од прописите
специфични за земјата некои од
функциите опишани подолу може
да не бидат достапни.
Некои функции се прикажани или
активни само кога работи моторот.
Лични поставки
Следот на менувањето на личните
поставки е опишано преку
копчињата под екранот. Ова важи
Page 137 of 371

Инструменти и контроли135
за информативниот екран во боја
од 4,2 инчи и од 8 инчи. Освен тоа,
со екранот од 8 инчи може да се
ракува како со допирен екран, а и
со допирната подлога меѓу
предните седишта. Видете го
описот на „Информативниот екран во боја“ 3 129 и во прирачникот на
инфозабавниот систем.
Со активен екран, притиснете ;.
Вртете го MENU за да ја изберете
екранската икона Settings
(Поставки) .
Притиснете MENU за да
потврдите.
Следните поставки може да се изберат со вртење и притискање на
повеќенаменското копче:
■ Time and Date (Време и датум)
■ Sport Mode (Спортски режим)
■ Language (Јазик)
■ Valet Mode (Услужен режим)
■ Radio (Радио)
■ Vehicle (Возило)
■ Bluetooth (Блутут)
■ Voice (Глас)
■ Display (Приказ)
■ Rear Camera (Задна камера)
■ Return to Factory Settings (Врати
на фабрички поставки)
■ Software Information
(Информации за софтверот)
■ TouchPad (Допирна подлога)
Во соодветните подизборници
може да се сменат следниве
поставки:
Time and Date (Време и датум)
Видете во „Часовник“ 3 99.Sport Mode (Спортски режим)
Возачот може да ги избере
функциите кои ќе се активираат во
Спортскиот режим 3 198.
■ Sport Mode Backlighting (Задно
осветлување при спортски
режим) : Ја менува бојата на
осветлувањето на
инструментите.
■ Engine Sport Performance
(Спортски перформанси на
моторот) : Карактеристиките на
педалот за гас и на менувачот
стануваат почувствителни.
■ Sport Steering (Спортско
управување) : Серво поддршката
за управувањето е намалена.
■ Sport Suspension (Спортска
амортизација) : Придушувањето
станува покруто.
■ All Wheel Drive (Погон на сите
тркала) : Вртежниот момент на
моторот се распределува кон задната оска во поголема мера.
Page 140 of 371

138Инструменти и контроли
на функцијата за автоматско
заклучување на вратите откако
ќе почне да се вози.
■ Remote Lock, Unlock, Start
(Далечинско заклучување,
отклучување, стартување)
Remote Unlock Light Feedback
(Светлински повратни
информации за далечинско
отклучување) : Активирање или
деактивирање на потврдувањето од предупредувачките трепкачи
при отклучувањето.
Remote Lock Feedback ( Повратни
информации за далечинското
заклучување) : Менува какви
поврати информации се даваат
кога се заклучува возилото.
Remote Door Unlock (Далечинско
отклучување на вратите) :
Менување на конфигурцијата
така што ќе се отклучи само
возачката врата или целото
возило при отклучувањето.
Relock Remote Unlocked Doors
(Повторно заклучување на
далечински отклучените врати) :
Активирање или деактивирањена функцијата за автоматско
повторно заклучување по
отклучувањето, без да се отвори
возилото.
Passive Door Lock (Пасивно
заклучување на вратите) :
Вклучување или исклучување на
функцијата за пасивно
заклучување.
Remote Left in Vehicle Alert
(Потсетување на далечинскиот
управувач заборавен во
возилото) : Го активира или
деактивира предупредувачкиот
тон кога електронскиот клуч
останува во возилото.
Bluetooth (Блутут)
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.
Voice (Глас)
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.
Display (Приказ)
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.Rear Camera (Задна камера)
Guidance Lines (Линии за
наведување) : Ги активира или
деактивира линиите за водење.
Rear Park Assist Symbols ( Симболи
за помош при паркирање наназад) :
Ги активира или деактивира
симболите за помош при
паркирање наназад.
Return to Factory Settings ( Врати на
фабрички поставки)
Restore Vehicle Settings (Обнови
поставки на возилото) :
Препоставување на сите поставки на стандардните поставки.
Clear All Private Data (Избриши ги сите приватни податоци) : Ги брише
сите приватни информации од
возилото.
Restore Radio Settings (Обнови
радио поставки) : Ги враќа сите
поставки на стандардните
поставки. Видете во прирачникот
за Инфозабавниот систем.
Page 184 of 371

182Возење и ракување
Ако во Информативниот центар за
возачот дополнително се појави порака дека бришењето не е
можно, побарајте помош во сервис.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 239, 3 317 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на употребената DEF е
AdBlue Ⓡ 1)
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
1) Регистриран заштитен знак на Verband der Automobilindustrie e.V. (VDA).
Page 185 of 371

Возење и ракување183Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото
Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0,7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот (DIC) ќе се прикаже
предупредување за нивото AdBlue
Range: (Опсег AdBlue:) 2400 km .
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue што е можно поскоро.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на DIC и
понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Подоцна се прикажува барање за дополнување AdBlue иконечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
При досег на AdBlue од 900 км,
следниве предупредувачки пораки
се прикажуваат наизменично на
DIC:
■ AdBlue Low Refill Now (AdBlue е
при крај, дополнете веднаш)
■ Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км
Освен тоа, контролната сијаличка Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.Пред да се активира спречувањето на повторно палење на моторот,
следниве предупредувачки пораки:
■ AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
■ Engine Will Not Restart (Моторот
нема да стартува)
едноподруго се прикажуваат на
DIC.
Освен тоа контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
По спречување на палењето на
моторот, следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото)
ќе се прикаже.
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.
Page 186 of 371

184Возење и ракување
Предупредувања за многу
издувни гасови Ако испуштањето издувни гасови е
поголемо од одредена вредност, ќе се прикажат предупредувања
слични на предупредувањата за
досегот опишани погоре на
Информативниот центар за
возачот.
Се прикажуваат барања за
проверка на системот за издувни
гасови и на крај известување за
спречување на повторно палење
на моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
Побарајте помош на сервис.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Користете ги само наменските канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие дополнувањето AdBlue.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11°C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
Page 187 of 371

Возење и ракување185
3. Повлечете ја вратичката нарезервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 242.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
8. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue Ако во последните 2 години не
биле дополнети помалку од
5 литри AdBlue, преостанатата
течност треба да се смени бидејќи
AdBlue има ограничена трајност.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачниот режим со потчукнување на рачката на менувачот или со
влечење на лостовите на воланот
3 187.
Екран на менувачот