stop start OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 21 of 371

Накратко19Поаѓање
Проверете ги пред да појдете ■ Притисокот во гумите и нивната состојба 3 284, 3 331.
■ Нивоата на моторното масло и на течностите 3 255.
■ Дали се чисти сите прозорци, ретровизори, надворешни
светла и регистарски таблички,
да нема снег и мраз на нив и дали функционираат.
■ Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 41,
3 53, 3 62.
■ Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
■ Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба 2.
Копче за вклучување:
притиснете го Engine Start/Stop
неколку секунди додека не се
запали зелената сијаличка.
■ Помрднете го воланот малку за да се ослободи бравата на
воланот.
■ Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
■ Автоматскиот менувач во P
или N.
■ Не нагазнувајте го педалот за
гас.
■ Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба 3 и
отпуштете го.
Копче за вклучување:
притиснете Engine Start/Stop и
отпуштете.
■ Моторот се пали по кратко одложување.
Палење на моторот 3 174.
Page 175 of 371

Возење и ракување173Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за напојување додатоци:
притиснете го Engine Start/Stop
еднаш без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.
Режим за напојување со вклучено
палење: притиснете го и држете го
Engine Start/Stop 6 секунди без
притискање на куплунгот или
педалата на сопирачките.
Зелената сијаличка во копчето се
пали, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и повеќето
електрични функции работат.
Палење на моторот: притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете
го Engine Start/Stop уште еднаш.
Отпуштете го копчето откако ќе почне стартувањето.
Исклучено палење: притиснете го
Engine Start/Stop кратко во секој
режим или кога работи моторот и
возилото е во мирување. Некои
функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.
Итно исклучување при возење:
држете го Engine Start/Stop подолго
од 2 секунди или притиснете го двапати кратко во рок од 5 секунди
3 174.Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
■ Возилото е во мирување.
■ Палењето е исклучено.
■ Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Page 176 of 371

174Возење и ракување
Ракување со возилата сосистем на електронски клуч во
случај на дефект Ако некој од електронските клучеви
потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.Отворете го складишниот простор
во средишната конзола со кревање
на потпирачот за рака. Ставете го
електронскиот клуч во џебот на
предавателот. Притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете го Engine Start/Stop .
За да го исклучите моторот,
притиснете го Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од џебот на
предавателот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 24.
За отклучување или заклучување
на вратите, видете во Дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
■ електричните прозорци
■ подвижен покрив
■ штекери за напојување
Палење на моторот
Возила со прекинувач за палење
Page 177 of 371

Возење и ракување175
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 177.Возила со копче за
вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
Engine Start/Stop : анласерот го
пушта автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да палите повторно или за да го исклучите моторот кога возилото
е во мирување, притиснете
Engine Start/Stop уште еднаш
пократко.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 177.
Итно исклучување при возење Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од
2 секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
5 секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот на
возилото за време на возење
може да предизвика губење
поддршка на системите за
сопирање и за управување.
Системите за помош и на
Page 178 of 371

176Возење и ракувањевоздушни перничиња се
исклучуваат. Светлата за
осветлување и на сопирачките
се гасат. Затоа гасете го
моторот и исклучувајте го
палењето при возење само при
итен случај за возилото.
Палење на моторот при ниски
температури Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до -30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
■ Дојде до надминување на времето.Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на
пребрзувањето Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, на пр. кога
возилото се вози во некоја брзина
без давање гас.