OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 221 of 361

Возење и ракување219
На растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
Страницата за помош за
паркирање на екранот може да се
скрие од пораки за возилото со
повисок приоритет. Ако страницата за помош за паркирање ја
пребрише порака за возилото, оддалеченоста веќе не се
покажува до повторното
активирање на помошта за
паркирање.
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притиснување на копчето r.
Сијаличката во копчето ќе се
изгасне и Park Assist Off (помошта
при паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот.
Системот се исклучува автоматски
над одредена брзина.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори
прекриени со снего, светнува r
или се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 133.Напредна помош за
паркирање
Системот на напредна помош за
паркирање го упатува возачот на
паркирното место со давање
упатства на Информативниот
центар за возачот и звучни
сигнали.
Системот ги користи сензорите на
системот за помош за паркирање во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Page 222 of 361

220Возење и ракување
Активирање
Кога се бара место за паркирање,
системот мора да се активира со притискање на копчето (.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е
1,8 метри.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие соодветно место, на Информативниот центар за
возачот се даваат визуелни
повратни информации и звучни
сигнали.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Предлогот на системот се прифаќа
кога возилото ќе го запре возачот
за помалку од 10 метри откако ќе се
даде пораката. Системот ја
пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Page 223 of 361

Возење и ракување221
Упатствата на екранот покажуваат:■ навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч,
■ барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ положбата на воланот за време на паркирањето,
■ за некои од упатствата се покажува линија за прогрес.Успешен маневар за паркриање се
покажува со симбол за потврда.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е наместен да примети
паркирни места на совозачката
страна. За откривање места за
паркирање од возачката страна,
држете го копчето ( притиснато
околу 2 секунди.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Показателот за напредна помош за
паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите или на копчето 9 на
воланот, повторно се покажуваат упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.
Деактивирање
Системот се деактивира со:
■ повторно притискање на копчето (
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
Page 224 of 361

222Возење и ракување
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (паркирањето е
деактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
■ има дефект во системот
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно
■ системот не функционираАко се открие предмет за време на упатствата за паркирање, се
појавува Stop (застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Држете го копчето
( притиснато за да се активира
системот и да се бара ново место
за паркирање.
Важни практични совети за
користење на системите за помош при паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Page 225 of 361

Возење и ракување223Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира
на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
По употреба, напредната помош
за паркирање треба да се
калибрира. За оптимално
наведување при паркирање,
потребна е возна оддалеченост
од најмалку 10 км, вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„слепа“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива: ■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокаловиот
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
Page 226 of 361

224Возење и ракување
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Ако е возилото опремено со
известување за менување ленти
3 225, симболот F се прикажува
во ретровизорите.
Системот може да се активира и
деактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 130.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот (DIC).
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3,5 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини, столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Повремено, во нормални услови,може да се појават испуштени
предупредувања.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег,
Page 227 of 361

Возење и ракување225
мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 298.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот (DIC). Побарајте помош
од автомеханичар.
Известување за
менување лента Дополнително на известувањето
за странична слепа точка 3 223,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Ако е возилото опремено со
известување за менување лента,
известувањето за странична слепа
точка е секогаш вклучено.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.9 Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, портокаловиот
предупредувачки симбол F ќе се
запали во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Page 228 of 361

226Возење и ракување
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 метри паралелно
од двете страни на возилото и
околу 3 метри наназад за
известувањето за странична слепа
точка (А) и околу 70 метри наназад
за известувањето за менување лента (В) на паралелни ленти.
Зоните почнуваат од страничните
ретровизори. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 130.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот (DIC).
Забелешка
По употреба, на системот му
треба калибрација. За оптимални
перформанси, возете што е
можно поскоро по прав автопат сообјекти покрај патот, на пр.
банкини и пречки, одредено
растојание.
Дефект Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Инаку, системот
може да се засвети поради
банкини, знаци, дрвја, грмушки или
други неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Известувањето за менување лента
не работи кога левиот или десниот агол на задниот браник е прекриен
со кал, нечистотија, снег, мраз или
влажен снег. Упатства за чистење
3 298.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот (DIC). Побарајте помошод автомеханичар.
Page 229 of 361

Возење и ракување227Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не се прикажани.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
Page 230 of 361

228Возење и ракување
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 130.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на инфо-екранот со предупердување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја 3 130.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
■ наоколу е темно,
■ сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата,
■ мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа,
■ задната врата не е затворена правилно,
■ возилото влече приколка,