engine OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2016Pages: 371, PDF Size: 9.37 MB
Page 20 of 371

18НакраткоПоаѓањеПроверете ги пред да појдете ● Притисокот во гумите и нивната состојба 3 290,
3 335.
● Нивоата на моторното масло и
на течностите 3 263.
● Дали се чисти сите прозорци, ретровизори, надворешни
светла и регистарски таблички,
да нема снег и мраз на нив и
дали функционираат.
● Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 40,
3 52, 3 62.
● Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
● Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба 2.
Копче за вклучување:
притиснете го
Engine Start/Stop неколку
секунди додека не се запали
зелената сијаличка.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
● Автоматскиот менувач во P
или N.
● Не нагазнувајте го педалот за
гас.
● Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба
3 и отпуштете го.
Копче за вклучување:
притиснете Engine Start/Stop и
отпуштете.
● Моторот се пали по кратко одложување.
Палење на моторот 3 181.
Page 116 of 371

114Инструменти и контролиНа екранот од основно ниво
изберете го изборникот Settings
(Поставки) со притискање на
копчето MENU на рачката за
трепкачите. Вртете го тркалцето за
местење за да изберете страница
Remaining Oil Life (Век на
останатото масло) :
На екранот од средно и горно ниво
изберете го изборникот Info
(Инфо) со притискање на p на
воланот. Притиснете P за да ја
изберете страницата Remaining Oil
Life (Век на останатото масло) .
Преостанатиот век на маслото е прикажан во проценти.
Ресетирање
На Екран од основно ниво
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкачите неколку секунди за да
ресетирате. Палењето треба да
биде вклучено, без да работи
моторот.
На екранот од средно и горно ниво
притиснете го > на воланот за да ја
отворите подпапката. Изберете
Reset (Ресетирај) и потврдете со
притискање на 9 неколку секунди.
Палењето треба да биде вклучено,
без да работи моторот.
Системот треба да се препостави секој пат кога се менува моторното масло за да се овозможи
правилното функционирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Следна услуга
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар завозачот. Нека Ви ги смени
моторното масло и филтерот
автомеханичар во рок од една
недела или 500 км (кое и да
настапи прво).
Информации за сервисирањето
3 315.
Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описот важи за сите верзии на
инструментите. Зависно од
опремата, положбата на
контролните сијалички е различна.
Кога палењето се вклучува
повеќето контролни сијалички ќе се запалат за кратко време како тест
за функционалност.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвено:опасност, важен
потсетникжолта:предупредување,
информација, дефектзелена:потврдување на
активирањето
Page 140 of 371

138Инструменти и контролиSport Mode (Спортски режим)
Возачот може да ги избере
функциите кои ќе се активираат во
Спортскиот режим 3 205.
● Sport Mode Backlighting (Задно
осветлување при спортски
режим) : Ја менува бојата на
осветлувањето на
инструментите.
● Engine Sport Performance
(Спортски перформанси на
моторот) : Карактеристиките на
педалот за гас и на менувачот стануваат почувствителни.
● Sport Steering (Спортско
управување) : Серво
поддршката за управувањето е
намалена.
● Sport Suspension (Спортска
амортизација) :
Придушувањето станува
покруто.
● All Wheel Drive (Погон на сите
тркала) : Вртежниот момент на
моторот се распределува кон задната оска во поголема
мера.Language (Јазик)
Избор на саканиот јазик. Видете во
прирачникот за Инфозабавата.
Valet Mode (Услужен режим)
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Radio (Радио)
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Vehicle (Возило) ● Climate and Air Quality (Клима и
квалитет на воздухот)
Auto Fan Speed (Автоматска
брзина на вентилаторот) : Го
менува нивото на проток на
воздух во кабината или
контрола на климатизацијата
во автоматскиот режим.
Air Conditioning Mode
(Климатизација) : Ја
контролира состојбата на
компресорот за ладење при
стартување на возилото.
Последната поставка
(препорачано) или при
стартување на возилото есекогаш вклучено или секогаш
исклучено.
Auto Compartment Zone Temp
(Автоматска температура на
преградни зони) : Менување
помеѓу поставките на
температура од единечна зона или двојна зона.
Auto Demist (Автоматско
одмаглување) : Го олеснува
сушењето на шофершајбната
со автоматско избирање на
потребните поставки и
автоматски режим за
климатизација.
Auto Rear Demist (Автоматско
задно одмаглување) :
Автоматски го активира
греењето на задното стакло.
● Collision / Detection Systems
(Системи за судирање /
откривање)
Park Assist (Помош за
паркирање) : Активирање или
деактивирање на
ултрасоничната помош за
паркирање.
Page 182 of 371

180Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.Режим за напојување со вклучено
палење
Притиснете и држете
Engine Start/Stop за 6 секунди без
да ракувате со куплунгот или
педалата на сопирачката.
Зелената сијаличка во копчето се
пали, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции.Стартување на моторот
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачките (автоматски менувач)
и притиснете го Engine Start/Stop
уште еднаш. Отпуштете го копчето откако ќе почне стартувањето.Исклучено палење
Притиснете го Engine Start/Stop
кратко во секој режим или кога
работи моторот и возилото е во
мирување. Некои функции
остануваат активни додека не се
отвори возачката врата, под услов
палењето да било вклучено
претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Engine Start/Stop
подолго од 2 секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од 5 секунди 3 181.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Page 183 of 371

Возење и ракување181Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во
случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви
потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.Отворете го складишниот простор
во средишната конзола со кревање
на потпирачот за рака. Ставете го
електронскиот клуч во џебот на
предавателот.
Други предмети, на пр, други
клучеви, транспондер, тагови,
монети итн. мора да бидат
отстранети од џебот.
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачките (автоматски менувач)
и притиснете Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот, притиснете Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од џебот на
предавателот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во Дефект на
уредот на далечинскиот управувач
или на системот на електронскиот
клуч 3 25.Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Палење на моторот
Возила со прекинувач за
палење
Page 184 of 371

182Возење и ракувањеРачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 183.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
Engine Start/Stop : анласерот го
пушта автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред повторно палење или за да го
исклучите моторот кога возилото е
во мирување, притиснете го
Engine Start/Stop уште еднаш
кратко.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 183.
Итно исклучување при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од
2 секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
5 секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
Page 185 of 371

Возење и ракување183исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до -25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не треба да го држи клучот
во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, на пр. кога
возилото се вози во некоја брзина
без давање гас.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.
Page 192 of 371

190Возење и ракувањеТреба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue што е можно поскоро.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на
Информативниот центар за
возачот и понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Подоцна се прикажува
барање за дополнување AdBlue и
конечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
При досег на AdBlue од 900 км,
следниве предупредувачки пораки
се прикажуваат наизменично на
Информативниот центар за
возачот:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 кмОсвен тоа, контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
Пред да се активира спречувањето на повторно палење на моторот,
следниве предупредувачки пораки:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува)
наизменично се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Освен тоа контролната сијаличка Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
По спречувањето на палење на моторот, следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото)
ќе биде прикажан.
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот.
Се прикажуваат барања за
проверка на системот за издувни гасови и на крај известување за
спречување на повторно палење
на моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
Побарајте помош на сервис.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.