OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5Pages: 343, PDF Size: 8.44 MB
Page 41 of 343
Клучеви, врати и прозорци39Прозорци
Шофершајбна Налепници на шофершајбнатаНе ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Внимание
Ако возилото има горен екран,
многу е важно замената на
шофершајбната да се изврши
правилно, според
спецификациите на Opel. Во
спротивно, системот може да не
работи правилно, а сликата
може да изгледа дека не е
фокусирана.
Електрични прозорци
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 173.
Користете го # за соодветниот
прозорец со притискање за
отворање или повлекување за
затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
Page 42 of 343
40Клучеви, врати и прозорцинадолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Притиснете и задржете c подолго
од две секунди за да ги отворите
прозорците.
Притиснете и задржете e подолго
од две секунди за да ги затворите
прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Page 43 of 343
Клучеви, врати и прозорци41ПреоптоварувањеАко со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 128.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.4. Притискајте го прекинувачот додека прозорецот не се отвори
целосно и продолжете да го
притискате уште две секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.
Греење на задното стакло
Се користи со притискање на b
заедно со греењето на
страничните ретровизори. LED-
сијаличката во копчето светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Греење на
шофершајбната
Се користи со притискање на ,.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Со притискање на , уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Page 44 of 343
42Клучеви, врати и прозорциШтитници за сонцеШтитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата треба да
се затворени додека возите.
На задната страна од штитникот за сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.
Отворање или затворање
Притиснете * или r нежно до
првиот степен: подвижниот покрив се отвора или затвора се додека се работи со прекинувачот.
Притиснете * или r цврсто до
вториот степен и потоа отпуштете го: подвижниот покрив се отвора
или затвора автоматски. За време
на затворањето функцијата за
безбедност е овозможена. За да се запре движењето, уште еднаш
ракувајте со прекинувачот.
Кревање или затворање
Притиснете + или r: подвижниот
покрив се крева или затвора
автоматски. За време на
затворањето функцијата за
безбедност е овозможена.
РолетнаСо ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање. Кога
подвижниот покрив е отворен,
ролетната е секогаш отворена.
Page 45 of 343
Клучеви, врати и прозорци43Општи практични советиБезбедносна функција
Ако при автоматско затворање
подвижниот покрив наиде на отпор, тој веднаш се запира и се отвора
повторно.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето, на пр., поради мраз,
држете го прекинувачот r
притиснат до вториот степен.
Подвижниот покрив се затвора со
исклучена безбедносна функција.
За да се запре движењето,
отпуштете го прекинувачот.
Затворање на подвижниот покрив
однадвор
Подвижниот покрив може да се
затвори далечински, надвор од
возилото.
Притиснете и задржете e подолго
од две секунди за да го затворите
подвижниот покрив.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето.
Стартување по прекин во
електричното напојување
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашата сервисна
работилница.
Page 46 of 343
44Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................44
Предни седишта .........................46
Положба на седиштата ...........46
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 47
Електрично местење на седиштето ............................... 49
Потпирач за рака .....................53
Греење ..................................... 54
Проветрување .......................... 55
Масажа ..................................... 55
Задни седишта ........................... 55
Потпирач за рака .....................55
Греење ..................................... 56
Безбедносни ремени .................56
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........58
Систем на воздушни
перничиња .................................. 59
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 62
Систем на странични воздушни перничиња .............63Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 64
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 64
Системи за врзување на деца ..66
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 69
Систем за заштита на пешаците .................................... 73
Активна хауба .......................... 73Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 47 of 343
Седишта, потпирачи45положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Хоризонтално местење
Полека повлечете го перничето на
потпирачот за глава кон напред. Тој може да се заглави во неколку
положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење на задните потпирачи за
главата
На пример, за проширување на товарниот простор 3 77.
Page 48 of 343
46Седишта, потпирачи
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така да задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
Page 49 of 343
Седишта, потпирачи47рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 86.
● Наместете го потпирачот за глава 3 44.● Намастете го потпирачот за
колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Page 50 of 343
48Седишта, потпирачиНаклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолу