OPEL INSIGNIA BREAK 2017.75 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2017.75Pages: 145, PDF Size: 2.47 MB
Page 11 of 145
Вовед115À / Á ............................... 11
Притиснете нагоре:
зголемување на гласноста
Притиснете надолу:
намалување на гласноста
6 k / l
Радио: притиснете за да
го изберете следниот /
претходниот омилен
елемент на
Информативиот центар
за возачот ............................ 19
Медиуми: притиснете за
да го изберете
следната / претходната
нумера на
Информативен центар
за возачот ............................ 41Информативен центар за возачот
(средно ниво):
Информативен центар за возачот
(повисоко ниво):
Повисокото ниво на
информативниот центар на
возачот овозможува менување на
двата различни режими на приказ
(теми), Tour (Тура) и Sport (Спорт) .
Сликата погоре ја покажува темата
Tour (Тура) (за промена на темата
на екранот, видете во
Сопственичкиот прирачник).
Употреба
Вклучување/исклучување на
инфозабавниот систем
Притиснете го X накратко. По
вклучувањето на Инфозабавниот
систем. се активира последниот избран извор.
Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем е
вклучен, со притискање на X
додека палењето е исклучено, тој
ќе се исклучи повторно автоматски
по 10 минути.
Местење на гласностаЗавртете го X.
Page 12 of 145
12ВоведАктуелната поставка се покажува
на екранот.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, поставена е последно
избраната гласност, под услов таа
да е помала од максималната
гласност при поаѓање 3 29.
Автоматска гласност
Кога ќе се активира автоматското
поставување гласноста 3 29,
гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот при
возењето.
Стишување
Кратко притиснете X за да се
стишат изворите на звук.
За повторно откажување на
стишувањето: завртете го X или
кратко притиснете го.
Начини на работењето
Радио
Притиснете ; и изберете AUDIO
(АУДИО) на почетниот екран.
Изберете RADIO (РАДИО) во
интерактивната лента за избор.За детален опис на функциите на
радиото 3 34.
Надворешни уреди
Притиснете ; и изберете AUDIO
(АУДИО) на почетниот екран.
Изберете MEDIA (МЕДИУМИ)
неколку пати во интерактивната
лента за избор.
За детален опис за поврзувањето и
управувањето со надворешните
уреди 3 40.
Навигација
Притиснете ; и изберете NAV
(Навигација) на почетниот екран.
На картата за навигација се
прикажува областа околу
моменталната локација.
За детален опис на функциите на
навигацијата 3 47.
Телефон
Пред да може да се користи
телефонскиот портал, треба да се воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.За детален опис за подготвување и воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 76.
Ако е поврзан мобилен телефон,
притиснете ;, па изберете PHONE
(Телефон) на почетниот екран.
Се прикажува главниот изборник на телефонскиот портал.
За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 80.
Проекција на телефонот
За да се прикажат специфични
апликации од паметниот телефон
на Инфозабавниот систем,
поврзете го паметниот телефон.
Притиснете ;, па изберете
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА) на
почетниот екран.
Во зависност од поврзаниот
паметен телефон, се прикажува
главен изборник со различни
апликации што може да се изберат.
За детален опис 3 43.
Page 13 of 145
Вовед13Продавница за апликации
За да преземете дополнителни
апликации во Инфозабавниот
систем, изберете SHOP.
За детален опис 3 44.
OnStar
За да се прикаже изборник со
поставки за OnStar Wi-Fi, изберете
OnStar .
За подетални информации,
погледнете го сопственичкиот
прирачник.
Page 14 of 145
14Основно ракувањеОсновно ракувањеОсновни функции.......................14
Ракување со изборници ............. 16
Тастатури .................................... 17
Омилени елементи ....................19
Контакти ...................................... 24
Поставки на тонот ......................28
Поставки на гласноста ............... 29
Системски поставки ...................29Основни функции
Централниот екран има површина
што е чувствителна на допир и овозможува директна интеракција
со екранот.
Екранско копче m
За да се вратите на следното
повисоко ниво во изборникот,
изберете m.
Екранско копче за излез
За да излезете од изборникот кој е
моментално активен, изберете Exit
(Излез) .Избирање или активирање
екранско копче или ставка од
изборник
Допрете екранско копче или ставка од изборник.
Се активира соодветната
системска функција, се прикажува
порака или се прикажува
подизборник со понатамошни
опции.
Забелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за избирање и вклучување
екранско копче или изборна
ставка преку допирниот екран ќе
Page 15 of 145
Основно ракување15бидат опишани како „изберете
<име на копчето>/<име на
ставката>“.
Префрлање ставки
Допрете го и задржете го
елементот што сакате да го
префрлите додека да се појави
рамка околу иконите. Преместете
го прстот на саканата локација и
отпуштете го елементот.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
Сите други ставки се
прераспоредени.
Притиснете ; на контролната
табла за да излезете од режимот
на уредување.
Забелешка
Во следните поглавја, работните чекори за префрлање на елемент
од екранот преку екранот на
допир ќе се опишуваат како
„...повлечете ја иконата ...до...
“ или „...повлечете ја ставката...од изборникот до...“.
Списоци со лизгањеАко има повеќе достапни ставки,
отколку што има видлив простор на екранот, списокот мора да се лизга.
За да лизгате низ списокот со
ставки од изборникот, може да:
● Го ставите прстот каде било на
екранот и да го движите нагоре или надолу.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете o или n на горниот
или долниот дел од лентата за
лизгање.
● Движете го лизгачот на лентата за лизгање нагоре-
надолу со прстот.
● Кај списоците што се наведени
по азбучен ред, допрете ја
соодветната буква на
вертикалната тастатура. Ќе се
префрлите на соодветната
локација во списокот.
За да се вратите на горниот дел од списокот, допрете го насловот на
списокот.
Page 16 of 145
16Основно ракувањеЗабелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за лизгање до ставка од
списокот преку екранот на допир
ќе бидат опишани како „...лизгајте
до <име на ставката>“.
Ракување со изборници
Почетен екран
Почетниот екран се појавува на
централниот екран.
До сите инсталирани апликации може да се пристапи од почетниотекран.
За да го персонализирате
почетниот екран, повлечете ја
иконата што сакате да ја
преместите на нејзината нова
позиција. Отпуштете ја иконата на
соодветната локација.
Притиснете ; на контролната
табла за да излезете од режимот на уредување.
Забелешка
Ако има достапна втора почетна
страница, иконите може да се
стават на двете страници.
Повлечете ја иконата до десниот раб од екранот за да преминете
на следната страница.Табла со апликации
Таблата со апликации се наоѓа на
горниот средишен дел од екранот и
до неа може да се пристапи од сите главни изборници.
Во една табла со апликации може
да се зачуваат три до пет икони за апликации.
Некои икони за апликаии
динамично се приспособуваат кон
моменталната состојба, на пример, укажуваат на пропуштен
телефонски повик.
Page 17 of 145
Основно ракување17Таблата со апликации може да се
персонализира со префрлање
ставки во и надвор од областа на
таблата со апликации.
Интерактивна лента за избор Интерактивната лента за избор се
наоѓа на долниот дел од екранот и
до неа може да се пристапи од сите главни изборници.
Со користење на интерактивната
лента за избор, може да ги
менувате различните прегледи во
рамките на една апликација или да извршувате конкретни активности,
на пример, да започнете сесија за
препознавање говор.
За да се прикаже интерактивната
лента за избор кога не е прикажана
на екранот, изберете n на дното
од екранот.
Пораки
Во случај на системски настан,
пред да ја извршите системската
функција или поради надворешен
фактор, на пример, телефонски повик, се појавува порака.
Изберете една од достапните
опции.
Доколку ги игнорирате, повеќето
пораки автоматски се отфрлаат по
одреден временски период.
Алармите што не се отфрлаат
автоматски остануваат на екранот
додека не се видат или факторот
што ги предизвикал не престане да важи.
Тастатури
Тастатура Тастатура со букви:
Тастатура со симболи:
Page 18 of 145
18Основно ракувањеВо зависност од моментално
активната апликација или
функција, изборникот за
тастатурата различно се
прикажува.
За да се префрлите на тастатура
со симболи, изберете Сим.
За да се префрлите на тастатура
со букви, изберете АБВ.
Внесување знаци
За да внесете знак, допрете го
соодветното екранското копче.
Знакот се внесува по отпуштањето.
Допрете и задржете екранско копче
со буква за да се прикаже
соодветната буква во изборникот
со букви. Отпуштете и потоа
изберете ја саканата буква.
За потврда на внесоа, изберете го
соодветното екранско копче за
потврда.
Функција за автоматско
завршување
Ако низата знаци била еднаш
внесена, таа се зачувува во
системот и може повторно да се
внесе со функцијата за автоматско завршување.
Штом се внесе знак (буква или број), функцијата за автоматско
завршување се активира. Секој
дополнително внесен знак се зема
предвид во процесот на
споредување, намалувајќи го
списокот на совпаѓања од
автоматското завршување.
Изберете o веднаш до внесениот
знак за приказ на список со сите
совпаѓања од автоматското
завршување.
Забелешка
Над екранското копче o се
прикажува бројот на достапни
опции. Се менува зависно од
бројот на најдени одговарачки
елементи.
Изберете ја соодветната ставка од
списокот. Тастатурата повторно се
прикажува со соодветниот запис од списокот што се прикажува во
полето за внесување.
Уредување текст
За да го наместите покажувачот, допрете ја соодветната позиција во
текстот. Внесете ги измените.
Во зависност од апликацијата,
изберете ╳ за да избришете еден
внесен знак. Допрете и задржете
╳ за да ги избришете сите знаци.
Page 19 of 145
Основно ракување19Изберете го соодветното екранско
копче за потврда за да го
потврдите внесот.
Знаци со различна големина
Во повеќето случаи може да се
внесуваат само големи букви.
Ако е достапно препознавање на
големи и мали знаци, се прикажува
дополнително екранско копче Shift.
За активирање на функцијата за
зголемување на една буква,
изберете Shift.
Функцијата автоматски се
деактивира откако ќе се внесе една буква.
Плоча со копчиња Ако треба да се внесе само број
или PIN-код, се прикажува
тастатура. Во зависност од
моментално активната апликација
или функција, изборникот за
тастатурата различно се
прикажува.
За детален опис за внесување
знаци и измена на внесениот текст,
видете погоре.
Омилени елементи
Група различни информации може
да се зачуваат како омилени
елементи, на пример:
● радиостаници
● песни
● албуми или изведувачи
● телефонски броеви
● дестинации или маршрути
● Точки од интерес
● записи за контакти
● поставки на тонот
● апликации за почетен екран
Достапни се 60 поединечни
локации со омилени елементи,
прикажани како пет омилени
елементи во ред.
Тие може да се прикажат како
преглед со еден ред или преглед со три реда.
Доколку локацијата со омилени
елементи е зафатена, екранското
копче за омилени елементи отвора текст за соодветниот омилен
елемент. Доколку локацијата за
Page 20 of 145
20Основно ракувањеомилени елементи е празна, се
наведува бројот на локацијата на
омилениот елемент (1 до 60).
Приказ на омилени елементи
Списокот со омилени елементи е достапен од сите изборници.
За прикажување на еден ред од
омилените елементи кога на
долниот дел од екранот не се
прикажува интерактивната лента
за избор:
Изберете n.За приказ на еден ред од
омилените елементи кога на
екранот се прикажува
интерактивна лента за избор:
Поставете го прстот на
интерактивната лента за избор и
движете го нагоре додека еден ред
од омилените елементи не биде
видлив.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.За прикажување на три реда од
омилените елементи,
дополнително повлечете го
списокот со омилени.
Лизгање низ страниците со
омилени елементи
Страницата со омилени елементи
е видлива во прегледот со еден
ред или три реда. За да листате низ
страниците со омилени елементи,
ставете го прстот каде било на
страницата со омилени елементи и
движете го налево или надесно.
Се прикажува следната или
претходната страница со омилени
елементи.
Забелешка
Мора постојано да се применува притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
Кога ќе стигнете на почетокот или
крајот на страниците со омилени
елементи, целиот список се
прелистува до крај.