OPEL INSIGNIA BREAK 2017.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2017.75Pages: 363, PDF Size: 9.17 MB
Page 271 of 363

Возење и ракување269Со дланката вртете ја
ослободената топчеста влечна кука надесно додека не се заглавипод подот. Уверете се дека рачката за ослободување е вратена во
својата скриена почетна положба,
инаку тонот со вибрација нема да
престане.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не се заглави
правилно или ако невозможно е да се врати рачката за
ослободување во нејзината
скриена првична положба во
куќиштето или ако звучниот тон се огласи по заглавувањето на
влечната кука, побарајте помош
од автомеханичар.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот за
приврзување за алката.
Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие занесувања, моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи држете го воланот колку што може постабилно.
Помошникот за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 205.
Page 272 of 363

270Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................271
Додатоци и модификации на возилото ................................ 271
Чување на возилото ..............271
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......272
Прверки на возилото ...............272
Вршење работа ...................... 272
Хауба ...................................... 273
Моторно масло ......................273
Ладилник ................................ 275
Течност за миење ..................276
Сопирачки .............................. 276
Течност за сопирачките ........276
Акумулатор ............................. 277
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 278
Замена на четкичките на бришачите ............................. 279
Замена на сијалиците ..............280
Халогенски предни фарови ..280
LED предни фарови ..............282
Фарови за магла ....................282
Задни светла .......................... 283
Странични трепкачи ..............288Светло за регистарската
табличка ................................ 289
Внатрешни светла .................289
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 289
Електричен систем ..................289
Осигурувачи ........................... 289
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............291
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......294
Прирачен алат ......................... 295
Алати ...................................... 295
Тркала и гуми ........................... 296
Зимски гуми ............................ 296
Ознаки на гумите ...................297
Притисок на гумите ................ 297
Систем за следење на притисокот на гумите ...........299
Длабочина на шарата ...........301
Менување на големината на гумите и тркалата .................302
Раткапни ................................. 302
Синџири за гуми ..................... 302
Комплет за поправање гуми . 303
Менување тркала ................... 308
Резервно тркало ....................310
Палење со кабли ......................313Влечење................................... 314
Влечење на возилото ............314
Влечење друго возило ..........315
Нега за изгледот ......................316
Нега на надворешноста ........316
Нега на внатрешноста ........... 319
Page 273 of 363

Нега на возилото271Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе дане ја почитува дозволата за
работа, што ќе влијае врз важноста на регистрацијата на возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 274 of 363

272Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 275 of 363

Нега на возилото2739Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 185.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне во шарката. Проверете
дали хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Активна хауба 3 77.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 321.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Page 276 of 363

274Нега на возилотоИзвлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Веднаш избришете го истуреното моторно масло.
Page 277 of 363

Нега на возилото275Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 336.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 321.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Положбата на резервоарот за
течноста за ладење може да биде различна во зависност од моторот.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
Page 278 of 363

276Нега на возилотоладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 321.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачките, се
слуша чкрипење при сопирање.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Page 279 of 363

Нега на возилото277Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 321.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 165.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога),
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг акумулатор
AGM.
Page 280 of 363

278Нега на возилотоАкумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 185.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 313.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите: ● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно
да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не помалку од пет секунди. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.