Возење и ракување201Тоа е можно затоа што системот за
погон на сите тркала работи со две
спојки, по една на секоја страна.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
Ако се прикаже сервисна порака во Информативниот центар за
возачот, системот може да има
ограничена функционалност (или
може да се биде целосно исклучен
во некои случаи, т.е. возилото се
префрлува на погон на предните
тркала). Побарајте помош од
автомеханичар.
Влечење на возилото 3 314.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 118.
Активно итно сопирање 3 228.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.