OPEL INSIGNIA BREAK 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2018Pages: 367, PDF Size: 9.36 MB
Page 241 of 367

Возење и ракување239Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува Park Assist
Off (Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палење или до повторно
активирање на изборникот за
приспособување. Приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 140.Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 138.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 124 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран 3 133, проследени со звучни
сигнали.
Кај возила со рачен менувач,
возачот мора да го контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, а
управувањето се врши автоматски.
Кај возила со автоматски менувач,
возачот мора да го контролира
забрзувањето и менувањето
брзини, а сопирањето и
управувањето се вршат
автоматски.
Page 242 of 367

240Возење и ракување
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со
кратко притискање на (.
Системот препознава и запомнува десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање во
режимот за помош за паркирање.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
напоредна оддалеченост меѓу возилото и редот паркирани
автомобили е 1,8 метри за
напоредно паркирање и 2,5 метри за напречно паркирање.
ФункционалностВо режимот на барање на место за
паркирање, ознака во
Информативен центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
Page 243 of 367

Возење и ракување241откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ознаки на Информативен екран во
боја
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се појави пораката Stop
Page 244 of 367

242Возење и ракување(Застанете). Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото со
рачен менувач се управува во
местото автоматски со тоа што на
возачот му се даваат детални
упатства за сопирање, забрзување
и менување брзини. Кај возилата
со рачен менувач, возилото се управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за забрзување и
менување брзини за напред или
назад. Возачот не треба да го
допира воланот. При режимот за
наведување при паркирање,
брзината на маневрирање е
ограничена.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук укажува
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.Значи, ако поради нешто возачот треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Совет кога се вози побрзо од 30 км/ч во текот на режимот на
пребарување на паркинг
место.
● Барање за запирање на возилото кога е откриено местоза паркирање.
● Насока на возењето за време на маневрите за паркирање.
● Барање за менување во рикверц или во прва брзина,
или R или D кај автоматски
менувач.● Барање да се застане или да се вози побавно.
● За некои од упатствата се прикажува лента за напредокна Информативниот центар за
возачот.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на SET/CLR на рачката за
трепкачите или на 9 на воланот,
повторно се покажуваат
упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.
Page 245 of 367

Возење и ракување243Деактивирање
Системот се деактивира со:
● кратко притискање на (
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● се надмине максималниот број
промени на брзините:
осум циклуси при паралелно
паркирање или пет циклуси при
напречно паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) на екранот. Освен
тоа, се огласува звучен сигнал.Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневрот за
паркирање.
● Системот не функционира.
● Дојде до некоја од причините за деактивирање опишани
погоре.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Долго притискање
на ( ќе го активира системот и ќе
се бара ново паркирно место.Основни белешки за системите
за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 246 of 367

244Возење и ракувањеВажат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на ниски рабови
или тло, на пример, во градежни
зони. Возачот е одговорен за тоа.
Забелешка
Новите возила треба да се
калибрираат при првото
користење. За оптимално
наведување при паркирање,потребна е возна оддалеченост
од најмалку 10 км, вклучително и
свиоци.
Системот е калибриран на
фабрички поставените тркала.
Резултатите за паркирање се
поинакви со други гуми или
големини на тркала.
Помошник за странична
слепа точка
Системот за известување за
странична слепа зона открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„слепа“ зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Радарските сензори за
известување за странична слепа
зона се наоѓаат во задниот браник.
Page 247 of 367

Возење и ракување2459Предупредување
Известувањето за странична
слепа зона не го заменува видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се вози нанапред, независно дали се
претекнува возилото или Ве
претекнуваат, жолтиот
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
најмалку за 10 км/ч, може да не
свети предупредувачкиот симбол
B во соодветниот страничен
ретровизор.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Ако е возилото опремено со
известување за менување ленти
3 246, симболот F се прикажува
во ретровизорите.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за странична слепа зона може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Информативен екран 3 133.
Page 248 of 367

246Возење и ракувањеНа исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно помеѓу половина метар
и два метри од тлото.
Системот се активира ако возилото
влече приколка или ако е
прицврстен носач за велосипеди.
Известувањето за странична слепа зона е направено да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Системски ограничувања
Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.Системот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, симболите во
огледалата ќе бидат постојано
осветлени и се прикажува порака
на Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Известување за
менување лента
Дополнително на помошта за
странична слепа зона 3 244,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Ако возилото има известување за
менување лента, тогаш секогаш е
вклучена помошта за странична слепа зона.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.
Page 249 of 367

Возење и ракување2479Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, жолтиот
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за менување лента е активно при сите брзини.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 метри паралелно
од двете страни на возилото и
околу 3 метри наназад за
известувањето за странична слепа
точка (А) и околу 50 метри наназад
за известувањето за менување лента (В) на паралелни ленти.
Зоните почнуваат од страничните
ретровизори. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Page 250 of 367

248Возење и ракувањеДеактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби на Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Информативен екран 3 133.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувања
Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може дапредизвикаат вклучување на
контролната сијаличка F,
бидејќи водениот плисок може да
се толкува како објект. Инаку,
контролната сијаличка F може
да се вклучи поради банкини,
знаци, дрвја, грмушки или други
неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Системот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот заоткривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажувапорака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимални перформанси, возете
што е можно поскоро по прав автопат со објекти покрај патот,
на пр. банкини и пречки, одредено растојание.
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
360° на Инфо-екранот, како поглед
од птичја перспектива.
Системот користи четири камери: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● предна камера, што се наоѓа во
предната решетка под
амблемот
● странични камери, што се наоѓаат на долниот дел од
двата странични ретровизори.