OPEL INSIGNIA BREAK 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2018Pages: 367, PDF Size: 9.36 MB
Page 51 of 367

Седишта, потпирачи49положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Хоризонтално местење
Притиснете го копчето за
ослободување и полека повлечете
го перничето од потпирачот за глава. Тој може да се заглави вонеколку положби.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење на задните потпирачи за
главата
На пример, за проширување на товарниот простор 3 82.
Page 52 of 367

50Седишта, потпирачи
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така да задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
Page 53 of 367

Седишта, потпирачи51рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 96.
● Наместете го потпирачот за глава 3 48.● Намастете го потпирачот за
колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Page 54 of 367

52Седишта, потпирачиНаклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолу
Page 55 of 367

Седишта, потпирачи53Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу:притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот:притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Електрично местење на седиштето
9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжно прилагодување
Поместете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Page 56 of 367

54Седишта, потпирачиВисочина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре/
удолу.
Навалување на седиштата
Наклонете го предниот дел на
прекинувачот нагоре/надолу.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Наклонете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Page 57 of 367

Седишта, потпирачи55Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните потреби.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу:притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот:притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Странично зајакнување
Прилагодете ја ширина на
наклонот на седиштето за да
одговара на личните барања.
Притиснете e за да ја намалите
ширината на наклонот.
Притиснете d за да ја зголемите
ширината на наклонот.
Функција на меморијата за
местење на електричните
седишта и на страничните
ретровизори
Може да се зачуваат две различни
поставки на возачкото седиште и
страничниот ретровизор.
Page 58 of 367

56Седишта, потпирачиМеморизирани поставки 3 23,
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Зачувување на меморираната
позицијата
● Прилагодете го возачкото седиште, а потоа и
страничните ретровизори во
саканите положби.
● Притиснете и држете MEM и 1
или 2 истовремено додека се
огласува мелодија.
Повикување на мемориските
положби
Притиснете го и држете го копчето
1 или 2 притиснато додека не се
достигнат зачуваните положби за
седиштето и за страничниот
ретровизор. Со отпуштање на
копчето додека седиштето се
движи се откажува повикувањето.
Автоматско повикување на
меморираните положби
На возачот му се доделуваат
меморирани положби (1 или 2) со
користење на соодветниот клуч и
автоматски се повикуваат кога ќе
се вклучи палењето. Исто така,
порака во Информативниот центар за возачот го покажува бројот на
возачот што се идентификува
преку клучот што се користи. Ако
палењето се вклучи повеќе од
трипати последователно со истиот
клуч, пораката нема да се прикаже
повторно сè додека не се употреби
друг клуч.За да го сопрете повиканото
движење, притиснете некоја од
контролите за меморијата, за
електричниот ретровизор или за електричното седиште.
Предуслов е дека Personalization
By Driver (Персонализација од
возачот) и Auto Memory Recall
(Автоматско повикување од
меморијата) се активирани во
личните поставки на
Инфо екранот.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 133.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Функција за лесно излегување
За практично излегување од
возилото, електричното возачко
седиште се придвижува наназад кога возилото стои во место.
Page 59 of 367

Седишта, потпирачи57За активирање на функцијата за
лесно излегување:
● поставете ја рачката на менувачот на позиција P
(автоматски менувач)
● активирајте ја сопирачката за паркирање (рачен менувач)
● исклучете го палењето
● отстранете го клучот од прекинувачот за палење
● отворете ја возачката врата
Ако вратата е веќе отворена,
исклучете го палењето за лесно
излегување.
За да го сопрете движењето,
притиснете некоја од контролите за
меморијата или за електричното
седиште.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 133.Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 140.
Безбедносна функција
Ако возачкото седиште наиде на
отпор при движењето,
повикувањето може да сопре. По отстранувањето на пречката,
притиснете и држете го
соодветното копче за меморирање на положбата две секунди.
Обидете се повторно да ја
повикате мемориската положба.
Ако повикувањето не работи,
посоветувајте се со сервисер.
Преоптоварување
Ако поставката на седиштето е
струјно преоптоварена,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Забелешка
По несреќа во која се активирале
воздушните перничиња,
мемориските функции за секое
позициско копче ќе бидат
деактивирани.Потпирач за рака
Притиснете го копчето и склопете
го потпирачот за рака угоре. Под
потпирачот за рака се наоѓа
простор за складирање и
индуктивен полнач.
Индуктивно полнење 3 104.
Page 60 of 367

58Седишта, потпирачиГреење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седишта ќе се намали
автоматски од највисоко ниво на
средно ниво по 30 минути.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 186.
Автоматско греење на
седиштата
Во зависност од опремата,
автоматското греење на
седиштата може да биде
овозможено во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби во Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 140.
Кога е овозможено, греењето на седиштата ќе се активира
автоматски при стартување на
возилото. Активирањето се базира
на неколку параметри, како што е
внатрешната температура на
возилото, интензитетот и насока на сонцето и поставувањето на
температурата на системот за
електронска контрола на
климатизацијата за страната на
возачот и патниците.Како што внатрешноста на
возилото се загрева, нивото на
греење на седиштата ќе се намали
автоматски додека конечно не се
исклучи. Нивото на греење на
седиштата обезбедено во текот на
автоматското работење се
покажува со индикатор на загреани седишта.
Ако патничките седишта се
слободни, автоматското греење на
седиштата нема да се активира за
она седиште кое е слободно.
Копчињата за автоматско греење
на седиштата може да бидат
притиснати за да во било кое време се напушти системот за автоматско
греење за соодветно седиште и
контролата на греење да биде
наместена рачно.