length OPEL INSIGNIA BREAK 2020 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2020Pages: 99, PDF Size: 1.93 MB
Page 25 of 99
Препознавање говор25Внесување адреса на
дестинацијата
Внесување адреса е можно само
на јазикот во земјата на
дестинацијата.
На пример, за да внесете адреса во
Франција, екранот мора да биде
поставен на француски.
Забелешка
Во земја со повеќе јазици, може да
се користат неколку јазици.
На пример, за Швајцарија може да се користат француски, германски
или италијански.Редослед за внесување за
адресите на дестинациите
Редоследот по којшто деловите на
една адреса треба да се внесат со
користење на системот за
препознавање говор зависи од
земјата каде што се наоѓа
дестинацијата.
Забелешка
Системот работи само со целосни адреси. Треба да се внесат градот
и улицата.Поставување на функцијата за
препознавање говор
Може да се направат неколку
поставувања и приспособувања на вградената функција за
препознавање говор на
Инфозабавниот систем, како што
се потврдувања на фреквенции и
наредби од корисникот или нивото на деталност на повратните
информации кои ги дава системот.
За да поставите препознавање
говор, одете до почетниот екран и
изберете Settings (Поставки) I
System (Систем) I Voice (Глас) .
Prompt Length (Должина на
известувања)
Должината на потсетниците може
да се постави на Informative
(Информативно) , Short (Кратко)
или Auto (Автоматски) . Кога е
поставено на Auto (Автоматски) ,
системот дава подетални повратни
информации на почетокот од
првото користење. Системот
автоматски се приспособува на
навиките за зборување. Колку
повеќе се запознавате со системот,толку помалку детални повратни
информации ќе добивате од
системот.
За да поставите должина на
потсетникот, одете до почетниот
екран и изберете Settings
(Поставки) I System (Систем) I
Voice (Глас) I Prompt Length
(Должина на известувања) .
Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на гласот на Инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на
паметниот телефон.
За да ја активирате функцијата за
препознавање говор на паметниот
телефон, притиснете и задржете
Y на воланот кога проекцијата на
телефонот е активна.
Достапноста на оваа функција зависи од паметниот телефон. За
повеќе информации за
компатибилноста, посетете ја
нашата веб-локација.