OPEL MERIVA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2016.5Pages: 287, PDF Size: 8.13 MB
Page 71 of 287

Складирање69Касета
Касетата има држач за пенкало,
држач за монети и адаптер за
навртките за заклучување на
тркалата.
Внатре во касетата има преграда за Сопственичкиот прирачник.
Повлечете ја дршката за да се
отвори преградата.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Држачи за чаши
Држач за чаши се наоѓа во
средишната конзола.
Држач за чаши што се откачува
Може да се закачи држач за чаши
за горните или долните шини во
предната конзола.
Извиткајте ја рамката од
првобитната положба пред
користењето.
Забелешка
Ако држачот за чаши е монтиран
во долната шина, а потпирачот за рака кој се откачува во горната
шина, проверете дали рамката ќе
се склопи во првобитната
положба пред да се помести кој
било дел.
Во спротивно, потпирачот за рака
и држачот за чаши може да се
оштетат додека истите се местат
еден над друг.
Потпирач за рака 3 43.
Page 72 of 287

70СкладирањеМонтирање на држачот за чаши
Притискајте ги копчињата напред и
назад и вметнете ги игличките за
водење во горните или долните
шини. Предното копче мора да се
притиска цврсто.
Отпуштете ги копчињата и местете го држачот за чаши додека не се
заглави чујно.
Забелешка
Монтирајте го држачот за чаша во
насоката што е прикажана на
сликата. Инаку држачот за чаши
нема да се прицврсти правилно.
Местење на држачот за чаши
Притиснете го предното копче
малку и поместете го држачот за
чаши во саканата положба.
Отпуштете го копчето и местете го
држачот за чаши додека не се
заглави чујно.
Вадење на држачот за чаши
Притиснете ги копчињата напред и назад и извадете го држачот за
чаши. Предното копче мора да се
притиска цврсто.
Држач за чаши на адаптерот за
потпирач за рака
Уште еден држач за чаши е
вграден во адаптерот за потпирач
за рака на задното средишно
седиште.
Адаптер за потпирач за рака 3 47.
Предна складишна
преграда
До воланот се наоѓа предна
складишна преграда.
Page 73 of 287

Складирање71Складишна преграда подседиштето
Подигнете ја фиоката за
избраздениот раб и извлечете ја.
Максимална оптовареност: 3 кг. За
затворање притиснете ја фиоката
навнатре и заглавете ја.
Складирање во
потпирачот за рака
Складирање во потпирачот за
рака што се откачува
Притиснете го копчето и
преклопете го капакот на
потпирачот за рака нагоре.
Потпирачот за рака содржи
складишна предграда.
Потпирачот за рака исто така може да се монтира и на преклопеното
средишно задно седиште 3 47.
Заден систем за
превозување
Задниот систем за превезување
(систем Флекс-фикс) овозможува
велосипеди да се закачат за носач
кој се извлекува, вграден во подот
на возилото. Превозувањето на
други предмети не се дозволува.
Максималниот товар за задниот
систем за превезување е 40 кг.
Максималниот товар по велосипед
е 20 кг.
Page 74 of 287

72СкладирањеМеѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде поголемо од 1,2 метри. Инаку не е
можно безбедно прицврстување на велосипедот.
Ако не се користи, задниот систем
за превезување може да се клизне
назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Не закачувајте велосипеди со
јаглеродни држачи на педалите
на носачи. Велосипедите може
да се оштетат.
Проширување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Системот
се ослободува и брзо излегува од
браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно
9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
Page 75 of 287

Складирање73заглавува правилно, не местете
предмети на системот и лизнете го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Инсталирање на задните ламби
Прво извадете ја задната ( 1), па
предната ( 2) задна ламба од
процепите.
Целосно отворете го држачот на
светилката нанадвор на задната
страна од задната светилка.
Притиснете ја рачката за стегање
надолу и притиснете го држачот за
ламба во лежиштето додека не се
закочи.
Извршете ја постапкава за двете
задни ламби.
Проверете ја положбата на
кабелот и ламбата за да се уверите
дека тие се правилно инсталирани
и се безбедно лоцирани.
Page 76 of 287

74СкладирањеЗаклучете го задниот систем запревозување
Прво завртете го десниот лост за
прицврстување ( 1), а потоа левиот
лост за прицврстување ( 2), се
додека не почувствувате отпор.
Задниот систем за превезување е
закочен кога лостовите за
прицврстување се свртени околу
50°. Во секој друг случај не се
гарантира безбедната
функционалност.
Забелешка
Затворете ја задната врата.
Склопете го држачот на
регистарската табличка
Склопете го држачот на
регистерската табличка.
Прицврстете ја регистерската
табличка пред првата употреба на задниот систем за превезување.
Page 77 of 287

Складирање75Одвиткајте ги процепите за
рачките на педалите
Здиплете ги едниот или двата
процепа за рачките на педалите
угоре додека дијагоналниот
потпирач не се заглави.
Извадете ги монтажните дршки за
рачките на педалите од процепите
за рачките на педалите.
Приспособување на задниот
систем за превозување кон
велосипед
Притиснете го лостот за
ослободување и извлечете ги
процепите за тркалата.
Page 78 of 287

76Складирање
Притиснете го лостот за
ослободување на каишот за
држење и извадете го каишот.
Подгответе го велосипедот за
закачувањето
Забелешка
Максималната широчина
движење на педалата е 38,3 мм а
максималната длабочина е
14,4 мм.
Завртете го левиот педал (без
запченик на ланецот) вертикално
удолу. Педалот на левата рачка на педалот треба да биде
хоризонтален.
Предното тркало на предниот
велосипед треба да биде свртено
лево.
Предното тркало на задниот
велосипед треба да биде свртено
десно.
Закачување на велосипед за
задниот систем за превозување
Со вртливата рачка на процепите
за рачките на педалите, отприлика
приспособете го уредот за рачките на педалите кој се дотерува, кон
делот од рачката на педалот што
се издава.
Ако велосипедот има прави рачки на педалите, отшрафете го уредот
за рачките на педалите целосно
(положба 5).
Page 79 of 287

Складирање77
Ако велосипедот има криви рачки
на педалите, зашрафете го уредот за рачките на педалите докрај
(положба 1).
Ставете го велосипедот на него.
Рачката на педалот тука треба да
се стави во отворот на процепот за
рачката на педалот како што е
покажано на илустарцијата.Внимание
Уверете се дека педалот не ја
допира површината на носачот
од задниот крај. Инаку,
преносниот систем може да се
оштети за време на превозот.
Вметнете ја монтажната дршка на
рачката на педалата во
надворешната шина на секој
процеп за рачката на педалот
одгоре и лизнете ја надолу се
додека не се најде барем под
жлебот.
Закачете ја рачката на педалот со
вртење на шрафот за закачување
на монтажната дршка на рачката
на педалот.
Page 80 of 287

78Складирање
Ставете ги отворите за тркалата
така што велосипедот е отприлика
хоризонтален. Тука, растојанието
помеѓу педалите и задната врата
треба да биде најмалку 5 см.
Двете гуми на велосипедот треба
да бидат во процепите за тркалата.
Внимание
Внимавајте да ги извлечете
процепите за тркала колку што е потребно за да се стават двете
тркала на велосипедот во
отворите. Инаку не е можно
хоризонтилно закачување на
велосипедот. Непостапувањето
според упатствата може да
доведе до оштетување на
тркалата на велосипедот
поради врелите издувни гасови.
Дотерајте го велосипедот во
надолжната насока на возилото:
Малку олабавете ја монтажната
дршка на педалот.
Ставете го велосипедот во
исправена положба корстејќи го
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот.
Ако двата велосипеда им пречат
еден на друг, релативните положби на велосипедите може да се
приспособат со дотерување напроцепите за тркалата и со
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот додека
велосипедите веќе не се допираат
еден со друг. Проверете дали има
доволно слободен простор од
возилото.
Затегнете ја завртката за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалата до
максималната точка рачно.
Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот до процепите за
тркалата користејќи ги каишевите
за држење.