AUX OPEL MOKKA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 157, PDF Size: 3.11 MB
Page 118 of 157

118Радио
Минималната гласност на
сообраќајните соопштенија може
да се зголеми или намали во
споредба со нормалната гласност
на звукот.
Од RDS options (Опции за РДС) ,
вртете го повеќефункциското копче за да дојдете до TA volume
(Гласност на ТА) , а потоа
притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да го наместите нивото на
TA volume (Гласност на ТА) , а
потоа притиснете го.
Радио сообраќајна услуга
TP = состојба на патиштата
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучете ја или исклучете ја
функцијата на Инфозабавниот
систем за готовност за сообраќајни соопштенија:
Притиснете го копчето TP за да ја
вклучите или исклучите функцијата
за сообраќајна програмска услуга.
■ Ако радио сообраќајната услуга е
вклучена, се прикажува [ ] во
главниот изборник на радиото.
■ Ако моменталната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, автоматски почнува
пребарување на следната
станица со радио сообраќајна
услуга.
■ Штом ќе се пронајде станица со радио сообраќајна услуга, во
главниот изборник на радиото се
прикажува [TP].
■ Ако е вклучена радио сообраќајната услуга,
репродукцијата на CD, МР3,
USB, iPod, Bluetooth или AUX се
прекинува за времетраење на
сообраќајното соопштение.
Page 132 of 157

132Аудио плеери
◆ ISO 9660 Level 1: Најмногу12 знаци
◆ ISO 9660 Level 2: Најмногу 31 знак
◆ Joliet: Најмногу 64 знаци (1 бајт)
◆ Долги имиња на фајлови Windows: Најмногу 28 знаци
(1 бајт)
■ Овој производ може да репродуцира фајлови MP3 што
користат VBR. Кога се
репродуцира фајл MP3 со VBR,
преостанатото време што се
прикажува може да се разликува
од фактички преостанато време.
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
од USB.
(5) AUX копче
Притискајте го копчето повеќе пати кога е поврзан уред USB за да го
изберете режимот за репродукција
од USB.(10) Повеќефункциско копче
■ Вртете го контролното копче за да дојдете до листата песни,изборникот или информациите
за песните MP3 (WMA).
■ Притиснете го копчето за да се прикаже екранот на изборникот
што го дава моменталниот запис
или моменталниот режим.
(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата за репродукција на претходната илиследната песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за брзо премотување назад или
напред, а потоа отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
(12) INFO копче
Прикажување на информациите за
песната што се репродуцира.
(6) O копче
Држете го копчето за да паузирате
или отпаузирате.
(9) P BACK копчеОткажување на внесувањето или
враќање на претходниот изборник.
Поврзување на мемориски уред
USB
Приклучете го меморискиот уред
USB на кој се музичките фајлови во приклучокот USB.
Page 133 of 157

Аудио плеери133
■ Штом производот ќе заврши сочитање на информациите од
меморискиот уред USB,
автоматски ќе почне со
репродукција од 1 песна.
■ Ако се поврзе мемориски уред USB што не може да се прочита,
ќе се појави порака за грешка и
производот автоматски ќе се
префрли во претходно
користената функција или на
функцијата за FM радио.
Ако меморискиот уред USB од
којшто треба да се репродуцира е
веќе поврзан, притискајте го
копчето AUX повеќе пати за да го
изберете USB-плеерот.
Автоматски ќе се пушти од точката каде што сопрела репродукцијата.
Потоа, со функциите на USB-
плеерот се ракува слично како при
репродукција на CD/MP3.Завршување репродукција на
музички фајлови од USB
Притиснете го копчето
RADIO/BAND или CD за да
изберете друга функција.
За да завршите со репродукцијата
и да го откачите меморискиот
уред USB, користете го Menu USB
(Мени на УСБ) → Remove USB
(Отстрани УСБ) за безбедно
вадење на уредот USB.
Користење на изборникот за USB
Упатствата за Shuffle songs
( Мешање песни) /Repeat ( Повтори) /
Folders (Папки) /Search...
(Пребарување...) од Menu USB
( Мени на УСБ) се слични на оние за
CD menu (Мени на ЦД-то) на CD/
MP3-плеерот; само е додадена
ставката Remove USB (Отстрани
УСБ) . Видете во функциите за CD/
MP3- плеерот во CD menu (Мени на
ЦД-то) .Изборник USB → Отстрани USB
Притиснете го повеќефункциското
копче во режимот за репродукција
за да се прикаже Menu USB (Мени
на УСБ) . Свртете го
повеќефункциското копче за да
изберете Remove USB (Отстрани
УСБ) , а потоа притиснете го за да
Page 134 of 157

134Аудио плеери
се прикаже порака што известува
дека е безбедно да се извади
уредот USB.
Откачете го уредот USB од
приклучокот за USB.
Вратете се на претходно
користената функција.
iPod-плеер
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
од iPod.
(5) AUX копче
Притискајте го копчето повеќе пати кога е поврзан уред iPod за да го
изберете режимот за репродукција
од iPod.(10) Копче за повеќе функции
■ Вртете го контролното копче за движење и прикажување на
листата песни што се
репродуцира.
■ Притиснете го копчето за да се прикаже екранот на изборникот
што го дава моменталниот запис
или моменталниот режим.
(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата за репродукција на претходната илиследната песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за брзо премотување назад илинапред, а потоа отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
(12) INFO копче
Прикажување на информациите за
песната што се репродуцира.
(6) O копче
Држете го копчето за да паузирате
или отпаузирате.
(9) P BACK копчеОткажување на претходната
ставка или враќање на
претходниот изборник.
Поврзување на iPod-плеерот
Приклучете го уредот iPod на кој се
музичките фајлови во приклучокот
USB.
■ Производот го поддржува поврзувањето со следниве
модели iPod:
◆ iPod 2G Nano/iPod 3G Nano/ iPod 4G и 5G Nano
◆ iPod 120GB и 160GB Classic
◆ iPod 1G, 2G, и 3G Touch
Page 135 of 157

Аудио плеери135
◆ iPhone 3G и 3GS
■ Поврзувајте го iPod-от со овојпроизвод само со каблите за
поврзување што се
испорачуваат со производите
iPod. Не може да се користат
други кабли за поврзување.
■ Во некои случаи, уредот iPod може да биде оштетен ако
палењето се исклучи додека е
поврзан со овој производ.
Кога уредот iPod не се користи,
чувајте го посебно од овој
производ кога палењето на
автомобилот е исклучено.
■ Штом производот ќе заврши на информациите од уредот iPod,
автоматски ќе почне со
репродукција од 1 песна или од
претходно репродуцираната
песна.
■ Ако се поврзе iPod што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
производот автоматски ќе се
префрли во претходно
користената функција или на
функцијата за FM радио.Ако уредот iPod од којшто треба да
се репродуцира е веќе поврзан,
притискајте го копчето AUX повеќе
пати за да го изберете плеерот
iPod.
■ Автоматски ќе репродуцира од последното репродуцирано
место.
■ Функциите за репродукција и ставките на информативниот
екран на iPod-плеерот што се
користи со овој производ може да се разликуваат од iPod-от во
смисла на редоследот и начинот
на репродуцирање, како и на
прикажаните информации.
Потоа, со функциите за
репродукција од iPod-от се ракува
слично како со CD/MP3.
Завршување на репродукцијата од
iPod
За да ја завршите репродукцијата,
притиснете го копчето
RADIO/BAND или CD за да
изберете други функции.
Page 136 of 157

136Аудио плеери
Користење на изборникот за iPod
Од iPod Menu (Мени на iPod) ,
упатствата за Shuffle songs
( Мешање песни) /Repeat ( Повтори) /
Search... (Пребарување...)
(вклучувајќи ги и Audiobooks
(Аудиокниги) и Composers
(Композитори) ) се слични на оние
за CD menu (Мени на ЦД-то) на CD/
MP3-плеерот; само е додадена ставката Eject iPod (Исфрли го
iPod) . Видете за секоја ставка во
CD/MP3 за употребата.Изборник за iPod → Исфрли iPodОд режимот iPod, притиснете го
повеќефункциското копче за да се
прикаже iPod Menu (Мени на iPod) .
Свртете го повеќефункциското копче за да дојдете до Eject iPod
(Исфрли го iPod) , а потоа
притиснете го за да се прикаже
порака што ве известува дека е
безбедно да се извади уредот.
Одвојте го уредот iPod од
приклучокот за USB.
Вратете се на претходно
користената функција.
Приклучок за надворешен
извор на звук (AUX)
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за уживање во богатиот звук на
Инфозабавниот систем од
звучниот излез на поврзан
надворешен извор на звук.
(5) AUX копчеКога е поврзан надворешен извор
на звук, притискајте го копчето
повеќе пати за да го изберете
режимот за надворешен извор на
звук.
(2) Копче m со контролно копче
VOL
Вртете го контролното копче за да
ја прилагодите гласноста.
(6) O копче
Држете го копчето за да ја вклучите ( On ) или исклучите ( Off) функцијата
за стишување.
Поврзување на надворешен извор
на звук
Page 137 of 157

Аудио плеери137
Поврзете го излезот за звук на
надворешната аудио опрема со
влезниот приклучок AUX.
Инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли во
режимот за надворешен извор на
звук (AUX) кога ќе се поврзе таков
уред.
Притиснете го копчето AUX за да
префрлите во режимот за надворешен извор на звук ако
таков уред е веќе поврзан.
Вртете го контролното копче VOL
за да ја прилагодите гласноста.
Page 138 of 157

138ТелефонТелефонBluetooth®................................. 138
Телефон без раце ....................143Bluetooth®
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
или користење на функциите за
повикување преку уред со
Bluetooth.
(6) O копче
Притиснете го копчето за да се
активира режимот Bluetooth.
(5) AUX копче
Кога е поврзан уред Bluetooth со
функција на музички плеер,
притискајте го копчето повеќе пати за да го изберете режимот за
репродукција на звук Bluetooth.
(10) Копче за повеќе функции ■ Притиснете го копчето во режимот за телефон Bluetooth за
да се прикаже екранот на
изборникот.
■ Вртете го контролното копче за движење до вредност на
изборникот или за поставување.(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата во режимот за репродукција на звук
Bluetooth за пуштање на
претходната или следната
песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за премотување назад или брзо
напред и отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
Поврзување Bluetooth
Регистрирање уред со Bluetooth
Регистрирајте го уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе со инфозабавниот систем кога
палењето на возилото е исклучено.
Прво, поставете го уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе
од Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) за да се овозможи другите
уреди да го бараат уредот
Bluetooth.
Page 141 of 157

Телефон141
На што да внимавате при
регистрирање/поврзување
Bluetooth
■ Кога не е можно да се поврзе со Bluetooth, избришете ја целата
листа уреди од уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе
и обидете се повторно. Ако не ви успее со бришење на целата
листа уреди, преинсталирајте ја
батеријата и поврзете повторно.
■ Ако има проблем откако ќе се поврзе уред со Bluetooth, со
повеќефункциското копче
извршете Settings (Поставки) →
Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) → Restore factory settings
(Врати ги фабричките поставки) .
Активирајте го уредот со проблемот предизвикан од
грешка што се јавила при
поврзувањето на уредот со
Bluetooth и Инфозабавниот
систем.
■ Понекогаш Bluetooth може да се поврзе само преку функциите за
разговор без раце или за
репродукција на Bluetooth ипокрај тоа што се поврзани
стерео слушалки со микрофон.
Во тој случај, обидете се
повторно да го поврзете
Инфозабавниот систем со
уредот со Bluetooth.
■ За уредите со Bluetooth што не поддржуваат стерео слушалки со
микрофон, функцијата за
репродукција на звук Bluetooth не
може да се користи.
Звук Bluetooth
Како се репродуцира звук Bluetooth ■ Со производот мора да е регистриран и поврзан мобилен
телефон или уред со Bluetooth
што поддржува A2DP (Напреден
профил за распределба на
звукот) со верзија понова од 1.2.
■ Од мобилниот телефон или уредот со Bluetooth, најдете го
типот уред Bluetooth за
поставување/поврзување на
стерео слушалки со микрофон.
Икона на нота n ќе се појави во
долниот десен агол на екранотако се успешно поврзани стерео
слушалки со микрофон.
■ Не поврзувајте го мобилниот телефон со приклучокот за
Bluetooth. Може да дојде до
грешка ако се поврзе за време на
режимот за репродукција на звук
од CD/MP3 и Bluetooth.
Репродукција на звук Bluetooth
Притискајте го копчето AUX повеќе
пати за да го изберете режимот за
репродукција на звук од
поврзаниот Bluetooth.