OPEL MOKKA 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015.5Pages: 139, PDF Size: 2.28 MB
Page 121 of 139

USB приклучок121
Shuffle songs (Мешање песни)
За да ги репродуцирате сите песни по случаен редослед: поставете ја
функцијата на On (Вклучен).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се
прикажува 2 во соодветниот
главен изборник.
Repeat (Повтори)
За слушање песна со
повторување: поставете ја
функцијата на On (Вклучен).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се прикажува 1 во соодветниот
главен изборник.
Folders (Папки)
За да изберете песна од папка:
изберете Folders (Папки) . Се
прикажува листа на папките на
уредот.
Изберете една од папките, а потоа
изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка не е достапна ако е
поврзан iPod.
Search... (Пребарување...)
За да отворите изборник за барање и избор на записи: одберете
Search... (Пребарување...) .
Изберете една од категориите, а
потоа изберете го саканиот запис.
Отстранување уред
За безбедно отстранување на
уредот, изберете Remove USB
(Отстрани УСБ) или Eject iPod
(Исфрли го iPod) , а потоа откачете
го уредот.
Page 122 of 139

122Музика BluetoothМузика BluetoothОпшти информации.................122
Ракување .................................. 122Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук) верзија 1.2 или понова.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со
аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
упатството за употреба за
функциите за Bluetooth.
Ракување ПредусловиСледниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 125.
■ Функцијата Bluetooth на надворешниот извор на звук со
Bluetooth мора да е активна
(видете во упатството на
уредот).
Page 123 of 139

Музика Bluetooth123
■ Зависно од надворешниот изворна звук со Bluetooth, може да
биде потребно да се постави
уредот како „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде поврзан
со Инфозабавниот систем
3 125.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth Притиснете AUX еднаш или повеќе
пати за да се активира режимот за
музика Bluetooth.
Репродукцијата на музика преку
Bluetooth треба да се почне и
паузира/стопира преку уредот
Bluetooth.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Прилагодување на јачината
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем 3 97.Прескокнување на претходната
или следната песна
Притиснете кратко s или u на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем.
Page 124 of 139

124ТелефонТелефонОпшти информации.................124
Поврзување Bluetooth ..............125
Итен повик ................................ 127
Ракување .................................. 128
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 132Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции на порталот за мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај Вашиот оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 125 of 139

Телефон125разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе
најдете на интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжична врска на на пр. телефон со други уреди. Може да се
пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на
мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се воспостави
поврзување преку Bluetooth со
Телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активна и телефонот
мора да е „видлив“. Побарајте
детален опис во упатството за
употреба на мобилниот телефон.
Активирање на Bluetooth
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Bluetooth settings
(Поставки за Блутут) , а потоа
Bluetooth .
Одберете го Activation
(Вклучување) а потоа On
(Вклучен) .
Спојување уред Bluetooth Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Bluetooth
settings (Поставки за Блутут) , а
потоа Add device (Handsfree) ( Додај
уред (хендсфри)) .
Се прикажува следниов екран.
Page 126 of 139

126Телефон
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето преку Bluetooth не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
(Поставки за Блутут) а потоа
Change Bluetooth code (Промена на
шифрата на Блутут) .Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го
внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Page 127 of 139

Телефон127
Изберете Select (Избери) за да се
постави поврзувањето.
Откачување уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете Disconnect (Исклучи) за
да го откачите уредот.
Отстранување споен уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Ако уредот е поврзан, првин треба
да се откачи (видете погоре).
Изберете Delete (Бриши) за да го
отстраните уредот.
Враќање на фабричките
поставки
Поставките на телефонот, на пр.
листата уреди, шифрата за
Bluetooth и ѕвонењето може да се
вратат на основните фабрички
поставки.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Bluetooth
settings (Поставки за Блутут) , а
потоа Restore factory settings
(Врати ги фабричките поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).Итен повик9Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
Page 128 of 139

128Телефонмобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност
Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од
службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth меѓу мобилниот
телефон и Инфозабавниот систем, може да ракувате со многу
функции на мобилниот телефон и
преку Инфозабавниот систем.
Преку Инфозабавниот систем
можете, на пр., да воспоставувате
врска со телефонските броеви
зачувани во вашиот мобилен
телефон или да ги менувате
истите.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и натаму е можно,
на пр. за примање на повик или
дотерување на гласноста.
По поставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат до Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае
неколку минути, зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон е можно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот на функции опишани во
продолжение.
Page 129 of 139

Телефон129
ПредусловиСледниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 125.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на
уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 125.
Активирање на режимот за
разговор без раце
Притиснете y / @ на контролната
плоча на Инфозабавниот систем.
Се прикажува главниот изборник за
телефонот.Забелешка
Ако нема поврзано мобилен
телефон со Инфозабавниот
систем, се прикажува No phone
book available (Нема телефонски
именик) . За детален опис како се
воспоставува поврзување преку
Bluetooth 3 125.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници) и преку контролите
за телефонот на воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување број рачно
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите Phone Menu (Мени на
телефонот) .
Изберете Enter number (Внеси
број) . Се прикажува следниот
екран.
Внесете го саканиот број и
изберете y на екранот за да
почнете да бирате.
Забелешка
За да го отворите екранот Search
(Пребарување) на именикот,
изберете 4.
Употреба на именикот Забелешка
Телефонскиот именик може да се
преземе само ако функцијата е
поддржана од вашиот мобилен
телефон. За повеќе информации,
видете во упатството на
мобилниот телефон.
Page 130 of 139

130Телефон
Именикот содржи имиња и броеви
на контакти.
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите Phone Menu (Мени на
телефонот) .
Изберете Phone book (Телефонски
именик) . Изберете Search
(Пребарување) и потоа First Name
(Име) или Last Name ( Презиме). Се
прикажува следниот екран.
Како и на телефон или мобилен
телефон, буквите се организирани
во азбучни групи на екранот: abc,
def , ghi , jkl , mno , pqrs , tuv и wxyz .
Изберете ја саканата група букви.
Се прикажува именикот и ги
прикажува записите што почнуваат на една од буквите во групата
букви.
Листајте и изберете го името на
саканиот запис.
Листајте ги броевите во именикот и
изберете го саканиот број.
Односниот телефонски број се
бира.
Ажурирање на телефонскиот
именик
Доколку записите во телефонскиот именик на вашиот мобилен
телефон се изменети, може да ги
ажурирате записите од
телефонскиот именик кои се прво
преземени во Инфозабавниот
систем.
Притиснете 7 / i за да се прикаже
Phone Menu (Мени на телефонот) .
Изберете Phone book (Телефонски
именик) , а потоа Update
(Ажурирање) . Се појавува барање
со прашање. Изберете Yes (Да) за
да започне процесот на
ажурирање.Бришење на телефонскиот именик
За бришење на сите записи од
телефонскиот именик во
Инфозабавниот систем,
притиснете 7 / i . Изберете Phone
book (Телефонски именик) и потоа
Delete all (Избриши ги сите) .