bluetooth OPEL MOKKA 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015Pages: 141, PDF Size: 2.24 MB
Page 100 of 141

100Вовед
ограничува најголемата гласност
што се дотерува. Ако е потребно,
гласноста се намалува автоматски.
Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето
RADIO BAND за да се отвори
главниот изборник на радиото или за да се префрлува помеѓу
различните бранови должини.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
изборниците за брановите
должини со опции за бирање
станици.
За детален опис на функциите на
радиото 3 106.
Аудио плеери
Притиснете го копчето AUX еднаш
или неколку пати за да го отворите главниот изборник за USB, iPod
или AUX (ако е достапно) или за
менување меѓу овие изборници.Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
соодветните изборници со опции
за бирање песни.
За детален опис на: ■ Функции на ЦД плеерот 3 116
■ Функции AUX 3 120
■ Функции на приклучокот за USB 3 121
■ Функции за музика Bluetooth 3 124.
Телефон
Притиснете го копчето 7 / i накусо
за да се отвори телефонскиот
изборник.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се отвори
телефонскиот изборник со опции
за внесување и бирање броеви.
За детален опис на телефонскиот
портал 3 126.Системски поставки
Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем
може да се прикажуваат на разни јазици.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете ја ставката Languages
(Јазици) од изборникот Settings
(Поставки) за да се прикаже
односниот изборник.
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Забелешка
Најдете детален опис за
ракувањето со изборникот 3 101.
Поставки за време и датум
За детален опис во
Сопственичкиот прирачник.
Page 124 of 141

124Музика BluetoothМузика BluetoothОпшти информации.................124
Ракување .................................. 124Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук) верзија 1.2 или понова.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со
аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
упатството за употреба за
функциите за Bluetooth.
Ракување ПредусловиСледниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 127.
■ Функцијата Bluetooth на надворешниот извор на звук со
Bluetooth мора да е активна
(видете во упатството на
уредот).
Page 125 of 141

Музика Bluetooth125
■ Зависно од надворешниот изворна звук со Bluetooth, може да
биде потребно да се постави
уредот како „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде поврзан
со Инфозабавниот систем
3 127.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth Притиснете го копчето AUX еднаш
или повеќе пати за да се активира
режимот за музика Bluetooth.
Репродукцијата на музика преку Bluetooth треба да се почне и
паузира/стопира преку уредот
Bluetooth.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Прилагодување на јачината
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем 3 99.Прескокнување на претходната
или следната песна
Накусо притиснете го копчето s
или u на контролната плоча на
Инфозабавниот систем.
Page 126 of 141

126ТелефонТелефонОпшти информации.................126
Поврзување Bluetooth ..............127
Итен повик ................................ 129
Ракување .................................. 130
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 134Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции на порталот за мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај Вашиот оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 127 of 141

Телефон127разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Контролни елементи
Најважните контролните елементи
специфични за телефонот се
следниве:
Копче y/@ : го отвора главниот
изборник на телефонот.
Контроли на воланот:
q : прифати повик.
n : заврши/одбиј повик.
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радио стандард за
безжична врска на на пр. телефон
со други уреди. Може да се
пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се воспостави
поврзување преку Bluetooth со
Телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активна и телефонот
мора да е „видлив“. Побарајте
детален опис во упатството за
употреба на мобилниот телефон.Активирање на Bluetooth
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Bluetooth settings
(Поставки за Блутут) , а потоа
Bluetooth .
Одберете го Activation
(Вклучување) а потоа On
(Вклучен) .
Спојување уред Bluetooth
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Bluetooth
Page 128 of 141

128Телефон
settings (Поставки за Блутут), а
потоа Add device (Handsfree) ( Додај
уред (хендсфри)) .
Се прикажува следниов екран.
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето преку Bluetooth не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .Одберете го Bluetooth settings
(Поставки за Блутут) а потоа
Change Bluetooth code (Промена на
шифрата на Блутут) . Се прикажува
следниов екран.
Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го
внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Page 129 of 141

Телефон129
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Select
(Избери) од подизборникот за да ја
воспоставите врската.
Откачување уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Disconnect
(Исклучи) од подизборникот за да
го откачите уредот.
Отстранување споен уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Bluetooth settings
( Поставки за Блутут) а потоа Device
list (Список на уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Ако уредот е поврзан, првин треба
да се откачи (видете погоре).
Изберете ја ставката Delete
(Бриши) за да го отстраните
уредот.Враќање на фабричките
поставки
Поставките на телефонот, на пр.
листата уреди, шифрата за
Bluetooth и ѕвонењето може да се
вратат на основните фабрички
поставки.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Bluetooth
settings (Поставки за Блутут) , а
потоа Restore factory settings
(Врати ги фабричките поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
Page 130 of 141

130Телефонработи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth меѓу мобилниот
телефон и Инфозабавниот систем, може да ракувате со многу
функции на мобилниот телефон и
преку Инфозабавниот систем.
Преку Инфозабавниот систем
можете, на пр., да воспоставувате
врска со телефонските броеви
зачувани во вашиот мобилен
телефон или да ги менувате
истите.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и натаму е можно,
на пр. за примање на повик или
дотерување на гласноста.
По поставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат до Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае
неколку минути, зависно од
моделот на телефонот. За тоа
Page 131 of 141

Телефон131
време, ракувањето со мобилниот
телефон е можно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа
отстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични мобилни телефони е
можно.
Предуслови Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 127.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на
уредот).■ Мобилниот телефон мора да е
поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 127.
Активирање на режимот за
разговор без раце
Притиснете го копчето y / @ на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем. Се
прикажува главниот изборник за
телефонот.
Забелешка
Ако нема поврзано мобилен
телефон со Инфозабавниот
систем, се прикажува No phone
book available (Нема телефонски
именик) . За детален опис како се
воспоставува поврзување преку
Bluetooth 3 127.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните
подизборници) и преку контролите
за телефонот на воланот.Почнување телефонски повик
Внесување број рачно
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите Phone Menu (Мени на
телефонот) .
Изберете ја ставката Enter number
(Внеси број) од подизборникот. Се
прикажува следниот екран.
Внесете го саканиот број и
изберете y на екранот за да
почнете да бирате.
Page 132 of 141

132Телефон
Забелешка
За да го отворите екранот Search
(Пребарување) на именикот,
изберете 4.
Употреба на именикот Забелешка
Телефонскиот именик може да се
преземе, само ако функцијата е
поддржана од вашиот мобилен
телефон. За повеќе информации,
видете во корисничкото упатство
за уредот со Bluetooth.
Именикот содржи имиња и броеви
на контакти.Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите Phone Menu (Мени на
телефонот) .
Изберете ја ставката Phone book
(Телефонски именик) од
подизборникот. Изберете Search
(Пребарување) и потоа First Name
(Име) или Last Name ( Презиме). Се
прикажува следниот екран.
Како и на телефон или мобилен
телефон, буквите се организирани
во азбучни групи на екранот: abc,
def , ghi , jkl , mno , pqrs , tuv и wxyz .
Изберете ја саканата група букви.
Се прикажува именикот и ги
прикажува записите што почнуваат
на една од буквите во групата
букви.
Листајте и изберете го името на
саканиот запис.
Листајте ги броевите во именикот и изберете го саканиот број.
Односниот телефонски број се
бира.Ажурирање на телефонскиот
именик
Доколку записите во телефонскиот именик на вашиот мобилен
телефон се изменети, може да ги
ажурирате записите од
телефонскиот именик кои се прво
преземени во Инфозабавниот
систем.
Притиснете го копчето 7 / i за да
се прикаже Phone Menu (Мени на
телефонот) . Изберете Phone book
(Телефонски именик) , а потоа
Update (Ажурирање) . Се појавува
барање со прашање. Изберете Yes
(Да) за да започне процесот на
ажурирање.