OPEL MOKKA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015Pages: 253, PDF Size: 6.24 MB
Page 31 of 253

Клучеви, врати и прозорци29
Меѓутоа, вратите може да не се
отклучат ако дојде до механички
проблеми со системот за
заклучување или со акумулаторот.
ИмобилизаторСистемот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 22, 3 27.
Контролна сијаличка d 3 96.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор има несферично
подрачје што ги намалува слепите
точки. Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местење
Page 32 of 253

30Клучеви, врати и прозорци
Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево (L) или десно
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.
Во положбата 0 не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
Рачно свиткување
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако
се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Електрично свиткување
Свртете ја контролата на 0, па
притиснете ја наназад. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат навнатре.
Притиснете ја контролата
повторно наназад - двата
странични ретровизора се враќаат во својата првобитна положба.
Ретровизори со греење
Се активира со притиснување на
копчето Ü.
Греењето функционира кога
работи моторот и се исклучува
автоматски по кратко време.
Page 33 of 253

Клучеви, врати и прозорци31Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр., од патарини.
Обележаните подрачја на
шофершајбната зад ретровизорот
не се покриени со премазот.
Уредите за снимање електронски
Page 34 of 253

32Клучеви, врати и прозорци
податоци и плаќање мора да се
стават во овие подрачја. Инаку,
може да се појават дефекти во
снимањето податоци.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Механички прозорци Прозорците на вратите може да сеотворат или затворат со рачките на
прозорците.Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
Page 35 of 253

Клучеви, врати и прозорци33
движењето, ракувајте сопрекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција
Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција запотиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па
повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да
биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на
деца, за задните прозорци
Притиснете го прекинувачот z за
да ги исклучите електричните
прозорци на задните врати.
За активирање, притиснете го z
повторно.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), активирајте ја
електрониката на прозорците на
следниов начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Затворете го прозорецот целосно и држете гопрекинувачот повлечен за уште 2 секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.
Page 36 of 253

34Клучеви, врати и прозорциГреење на задното
стакло
Се активира со притиснување на
копчето Ü.
Сијаличката во копчето покажува
дека е вклучено.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонцеШтитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата на
штитниците за сонце треба да се затворени при возење.
Ако штитниците за сонце имаат
светло за огледалото, тоа ќе се
запали кога ќе го тргнете капакот
на огледалото.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.
Page 37 of 253

Клучеви, врати и прозорци35
Отворање или затворањеПритиснете го прекинувачот 1 или
2 нежно до првиот степен:
подвижниот покрив се отвора или
затвора се додека се работи со прекинувачот.
Притиснете го прекинувачот 1 или
2 цврсто до вториот степен и потоа
отпуштете го: подвижниот покрив се отвора или затвора автоматски
при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, уште еднаш ракувајте
со прекинувачот.
Кревање или затворање
Притиснете го прекинувачот 3 или
4 : подвижниот покрив се крева или
затвора автоматски при вклучена
безбедносна функција.
Ако подвижниот покрив е кренат, може да се отвори во еден чекор со притискање на прекинувачот 1.
Ролетна
Со ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање.
Кога подвижниот покрив е отворен, ролетната е секогаш отворена.
Нечистотија и отпадоци може да се насоберат на кедерот на
подвижниот покрив или на шината,
што може да предизвика проблеми со ракувањето со покривот, бучаваили затнување на системот за
цедење на водата. Повремено
отворајте го подвижниот покрив и
извадете ги пречките или
отпадоците. Избришете ги кедерот
на подвижниот покрив и подрачјето на покривот со чиста крпа, благраствор на сапуница и вода. Не
отстранувајте маснотии од
подвижниот покрив.
Општи практични совети
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање
подвижниот покрив наиде на отпор, тој веднаш се запира и се отвора
повторно.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, притиснете го и држете го
прекинувачот 2. Подвижниот
покрив се затвора без вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Стартување по прекин на
напојувањето
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашиот сервис.
Page 38 of 253

36Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 36
Предни седишта ......................... 38
Безбедносни ремени .................41
Систем на воздушни перничиња .................................. 45
Системи за врзување на деца ..52Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Потпирачи за глава на предните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу
Page 39 of 253

Седишта, потпирачи37
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.
Хоризонтално местење
За хоризонтално местење,
повлечете го потпирачот за
главата нанапред. Се заглавува во
три положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу.
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.
Page 40 of 253

38Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така што задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете да
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците да бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што да може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 79.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
поставата на таванот. Колковитеби требало да лежат леко врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 36.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 43.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што да има
простор со ширина од околу два
прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.