OPEL MOKKA 2016.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016.5Pages: 139, PDF Size: 2.28 MB
Page 101 of 139

Вовед101Внесување низа карактери
За да внесете низа знаци, на пр.
PIN или телефонски број:
Вртете го повеќефункциското
копче за да го означите саканиот знак.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да го потврдите
означениот знак.
Последниот знак во редоследот на
знаци може да се избрише со
избирање k на екранот или
притискање P BACK на таблата со
инструменти. Со притискање и
држење на P BACK се брише
целиот внес.
За да ја смените положбата на
покажувачот во веќе внесената
низа знаци, изберете ◀ или ▶ на екранот.
Поставки на тонот Во изборникот за поставки на
тонот, својствата на тонот може
посебно да се наместат за секое
фреквентно подрачје на радиото и
за секој аудио емитувачки извор.
Притиснете го TONE за да се
отвори изборникот за поставки на
тонот.
Местење на басовите,
средните и високите тонови
Листајте и изберете Bass (Бас),
Midrange (Среден опсег) или Treble
(Висок) .
Наместете ја саканата вредност за одбраната опција.
Местење на распределбата на
гласноста меѓу предниот и
задниот дел
Листајте и изберете Fader
(Регулатор на гласноста) .Наместете ја саканата вредност.
Местење на распределбата на
гласноста меѓу десниот и
левиот дел
Листајте и изберете Balance
(Израмнување) .
Наместете ја саканата вредност.
Избирање стил на тонот
Листајте и изберете EQ (ЕК)
(Еквилајзер). Се прикажува
изборникот EQ presets (Однапред
поставени EQ) .
Page 102 of 139

102ВоведПрикажаните опции пружаат
оптимизирани претходни поставки
на басовите, средните и високите
тонови за соодветниот стил на
музиката.
Одберете ја саканата опција.
Местење на поединечни
поставки на „0“
Изберете ја саканата опција и
држете го притиснато
повеќефункциското копче неколку
секунди.
Вредноста се враќа на „0“.
Местење на сите поставки на
„0“ или „OFF (ИСКЛУЧЕН)“
Притиснете го TONE неколку
секунди.
Сите вредности се враќаат на „0“,
меморијата за еквилајзерот се
поставува на OFF (ИСКЛУЧЕН) .Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста
со надоместување според
брзината
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings
( Поставки на радиото) а потоа Auto
volume control (Автоматска
контрола на звукот) .
Функцијата Auto volume control
(Автоматска контрола на звукот)
може да се деактивира или
степенот на приспособувањето на
гласноста може да се одбере во
прикажаниот изборник.
Одберете ја саканата опција.
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .Одберете го Radio settings
(Поставки на радиото) а потоа
Maximum startup volume
(Максимална почетна гласност) .
Наместете ја саканата вредност.
Приспособување на гласноста
на сообраќајните соопштенија
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави да се зголемува или намалува во
однос на нормалната гласност на
звукот.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Поставки
на радиото) , RDS options (Опции за
РДС) , а потоа TA volume (Гласност
на ТА) .
Наместете ја саканата вредност.
Прилагодување на гласноста
на ѕвонењето
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Page 103 of 139

Вовед103Изберете Phone settings (Поставки
на телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring
Volume (Јачина на ѕвоното) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 104 of 139

104РадиоРадиоУпотреба................................... 104
Пребарување станици .............104
Списоци за автоматско зачувување ............................... 105
Списоци со миленици ..............106
Изборници за бранови
должини .................................... 107
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 109
Дигитална аудио дифузија ......112Употреба
Активирање на радиото
Притиснете RADIO BAND за да се
отвори главниот изборник на
радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Одбирање на брановата
должина
Притиснете RADIO BAND еднаш
или повеќе пати за да се избере
саканото фреквентно подрачје.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Пребарување станици Автоматско пребарување на
станици
Накратко притиснете s или u
за да се пушти претходната или
следната станица од меморијата за станици.
Рачно пребарување на станици Притиснете го и држете го s или
u . Отпуштете го односното
копче кога речиси ќе се достигне
саканата фреквенција на екранот.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Рачно пребарување на станици:
Ако радиото не наоѓа станици,
истото автоматски се префрлува
на ниво за почувствително
пребарување. Ако се уште не
Page 105 of 139

Радио105наоѓа станици, фреквенцијата
која последно беше активна се
мести повторно.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 109 , а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 109.
Рачно штелување на станици
AM и FM радио
Завртете го повеќефункциското
копче и поставете фреквенција со
оптимален прием.
DAB радио
Притиснете го повеќефункциското
копче за да го отворите изборникот
за односната бранова должина и
изберете DAB manual tuning ( Рачно
штимање на ДАБ) . Кога ќе се појави
фреквенцијата, вртете го копчето
за повеќе функции и поставете ја
оптималната фреквенција за
прием.Списоци за автоматско
зачувување
Станиците со најдобар прием во
некое фреквентно подрачје може
да се пребараат и зачуваат
автоматски преку функцијата за
автоматско зачувување.
Секое фреквентно подрачје
2 автоматски зачувани списока
( AS-станици 1 , AS-станици 2 ) во
коишто може да се зачуваат по 6 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Автоматско зачување на
станици
Држете притиснато AS 1-2 додека
не се прикаже пораката за
автоматско зачувување. 12-те
најјаките станици во актуелната
бранова должина ќе се зачуваат на
двата списока за автоматско
зачувување.
За откажување на постапката за
автоматско зачувување
притиснете го повеќефункциското
копче.
Зачувување на станици, рачно Станици може да се зачуваат и
рачно, на списоците за автоматско
зачувување.
Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притиснете го кратко AS 1-2 еднаш
или повеќепати за да се префрлите на саканиот список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Page 106 of 139

106РадиоЗабелешка
Рачно зачуваните станици се
бришат во процес за автоматско зачувување на станици.
Повикување на станица
Притиснете го кратко AS 1-2 еднаш
или повеќепати за да се префрлите на саканиот список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Списоци со миленици Станици од сите бранови должиниможе да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
6 станици може да се зачуваат на
секој список со миленици. Бројот на
достапните списоци со миленици
не може да се намести (видете
подолу).
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Зачувување станица Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Повикување на станица
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Одредување на бројот на
достапните списоци со
миленици
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Поставки
на радиото) , а потоа Radio
favourites (Омилени радиски) за да
го отворите изборникот Max.
number of favourites pages (Макс.
број на омилени страници) .
Page 107 of 139

Радио107Одберете го саканиот број на
достапните списоци со миленици.
Изборници за бранови должини
Има алтернативни можности за
избирање станици на располагање
преку изборниците кои се
специфични за брановите
должини.
Забелешка
Следните екрани се прикажани
како примери.
Списоци со станици
Кога сте во главниот изборник за
радиото, свртете го
повеќефункциското копче за да го
отворите списокот со станици од
односното фреквентно подрачје.
Се прикажуваат сите AM/FM или
станици DAB што може да се
примат во подрачјето.
Забелешка
Ако не се создал список на
станици однапред,
Инфозабавниот систем извршува автоматско пребарување на
станици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Ажурирање на списоците со
станици
Кога сте во главниот изборник за
радиото, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите соодветниот изборник за
брановата должина.
Ако станиците чувани во списокот
со станици специфични за
брановата должина веќе не се
примаат:
Изберете ја ставката Update FM
stations list (Ажурирај го списокот на станици ФМ) , Update AM stations list
(Ажурирај го списокот на станици
АМ) или Update DAB stations list
(Ажурирај го списокот на станици
ДАБ) во соодветниот изборник за
брановите должини.
Почнува пребарување на станици.
Штом ќе заврши барањето, се
репродуцира последната примена
станица.
Page 108 of 139

108РадиоЗа да го откажете барањето
станици: притиснете го
повеќефункциското копче.
Забелешка
Ако Инфозабавниот систем има
двоен радио-приемник, листите
со станици постојано се
ажурираат во заден план. Не е
потребно рачно ажурирање.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за бранови должини,
соодветниот список на категории
(ако го има) исто така се ажурира.
Favourites list (Список на
омилени)
Во главниот изборник за радиото,
притиснете го повеќефункциското
копче за да го отворите
соодветниот изборник за
брановата должина.
Изберете Favourites list (Список на
омилени) . Се прикажуваат сите
станици зачувани во списоците со
миленици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Списоци со категории
Бројни станици RDS 3 109 и DAB
3 112 емитуваат шифра PTY
којашто го определува видот на
емитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и PTY шифрата зависно од
содржината што моментално се емитува.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
За барање вид на програмата
одредена од станицата: изберете
ја опцијата за список со категории
специфична за брановата
должина.
Се прикажува листа со типови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата.
Page 109 of 139

Радио109Се прикажува список на станиците
коишто емитуваат програма од одбраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Списокот со категории исто така се
ажурира, кога ќе се ажурира
соодветниот список со категории
специфичен за брановата
должина.
Забелешка
Моментално приманата станица се обележува со i.
Соопштенија DAB
Покрај своите музички програми,
бројни станици DAB 3 112
емитуваат разни категории
соопштенија.
Сервисот (програмата) DAB што се
прима во моментот се прекинува
кога се очекува соопштение од
претходно активирани категории.
Активирање на категориите на
соопштенија
Кога сте во DAB menu (Мени на
ДАБ) , изберете DAB
announcements (Објави на ДАБ) за
да се прикаже односниот изборник.Активирајте ја саканата категорија
соопштенија.
Може да се изберат повеќе
категории на соопштенија
истовремено.
Забелешка
Следните опции се достапни само ако RDS е поставено на On
(Вклучен) .
Радио податочен систем (RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот, името на програмата на наместенатастаница се појавува наместо
нејзината фреквенција.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја мести
фреквенцијата на
Page 110 of 139

110Радиоемитувањето со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи информации
за моменталната програма.
Конфигурирање на RDS Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings
( Поставки на радиото) а потоа RDS
options (Опции за РДС) .
Поставете го RDS на On (Вклучен)
или Off (Исклучен) .
Забелешка
Ако RDS е исклучено, автоматски
ќе се вклучи повторно кога ќе се
смени радио станица (со
функцијата за барање или со
копче за станица од меморијата).
Забелешка
Следните опции се достапни само ако RDS е поставено на On
(Вклучен) .
Опции за RDS
Вклучување и исклучување на
регионализацијата
Во извесни времиња некои RDS
станици емитуваат регионално
различни програми на различни
фреквенции.
Наместете го Regional
(Регионално) на On (Вклучен) или
Off (Исклучен) .
Ако е вклучена регионализацијата,
се избираат само алтернативните
фреквенции (AF) на истите
регионални програми.
Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Подвижен текст RDS
Некои станици со RDS го бришат
името на програмата во линијата
на екранот за да се прикажат
дополнителни информации.
За да се избегне појавувањето на дополнителни информации: