OPEL MOKKA X 2018.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2018.5Pages: 289, PDF Size: 6.77 MB
Page 211 of 289

Нега на возилото209
Течноста за серво управување
обично не треба да се проверува. Во случај на невообичаен звук за
време на управувањето или ако
серво управувањето реагира
сомнително, побарајте помош во
сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 251.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Page 212 of 289

210Нега на возилото
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 251.
Акумулатор Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 140.
Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори за
возила над коишто може да се
монтира кутија со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Page 213 of 289

Нега на возилото211Полнење на акумулаторот9Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 242.
Етикета со предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен и пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреди.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.
Page 214 of 289

212Нега на возилотоЗамена на четкичките набришачите
Шофершајбна
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Заден прозорец
1. Извадете го капакот на бришачот од комплетот на
бришачот.
2. Кренете ја четкичката на бришачот.
3. Притиснете го осигурувачот што го држи лизгачот.
4. Извлечете ја четкичката.
Page 215 of 289

Нега на возилото213Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Забелешка
По возење во силен дожд или по
миење, леќите на некои
надворешни светла може да
изгледаат како да се прекриени со
слана.
Оваа состојба е предизвикана од
разликата во температурите
помеѓу внатрешноста и
надворешноста на светлото.
Тоа е слично на кондензацијата на Вашите прозорци однатре од
возилото за време на дождови и
не значи проблем со Вашето
возило.Ако водата протекува во
електричните кола на сијалицата
од светлото, нека Ви го провери
возилото Вашиот овластен
автомеханичар.
Халогенски сијалици9 Предупредување
Халогенските сијалици имаат
гас под притисок во нив и може
да прснат ако сијалицата ви
падне или ја изгребете. Некој
може да се повреди. Погрижете
се да ги прочитате и следите
упатствата на пакувањето на
ламбата.
LED осветлување
Возилото има неколку LED светла.
За замена на секој склоп со LED
осветлување, одете во сервис.
Халогенски предни
фарови
Куќиште за преден фар од
основно ниво
Во куќиштето за преден фар на
основниот модел на возилото има
халогенски фарови за долго и
средно светло, LED-трепкачи,
странично светло и светла за
дневно возење.
Прикажана е совозачката страна,
возачката страна е слична.
Page 216 of 289

214Нега на возилотоПред замена на сијаличка,
отстранете го доводот за течност
за миење на шофершајбната од
возачката страна.
1. Предни фарови за долго светло
2. Предни фарови за средно светло
Предни фарови за долго и средно светло
1. Отворете ја хаубата.
Хауба 3 206.
2. Извадете го заштитниот капак.
3. Свртете ја сијалицата налево и повлечете право наназад.
4. Исклучете го приклучокот зажици од сијалицата.
5. Ставете ја новата сијалица во куќиштето за предниот фар
така што ќе ја свртите надесно.
6. Повторно поврзете го приклучокот за жици.
7. Монтирајте го заштитниот капак.
Од возачката страна, вратете го
доводот за течност за миење на
шофершајбната така што цврсто ќе го ставите во шишето. Проверете
дали спојката од доводот е
заглавена во држачот за
електричниот центар под хаубата.
Куќиште за преден фар од
високо ниво
Во куќиштето за преден фар на моделот на возилото од високо
ниво има LED-фарови за долго и средно светло, трепкачи,
странично светло и светла за
дневно возење.
Фарови за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото
1. Свртете го соодветното тркало навнатре да се добие подобар
пристап и да ги отстраните
Page 217 of 289

Нега на возилото215трите ѕвездести завртки на
надворешната страна од
куќиштето на тркалото.
Прирачен алат 3 224.
2. Повлечете и држете ја поставата за да добиете
пристап до држачот на
сијалицата.
3. Повлечете го потпорното ребро
нанадвор и извадете го
приклучниот штекер од
штекерот за сијалицата.
4. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
5. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
6. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
7. Вратете ја на место поставата и
зацврстете ги трите ѕвездести
завртки.
Задни светла
Лева страна
1. Ослободете ги двата капаци од соодветната надворешна
страна со шрафцигер.
Извадете ги двата капаци и
одвртете ги завртките.
Извадете ја плочата.
2. Прво извадете го капакот со ставање шрафцигер во
вдлабнатината. Потоа
извадете го капакот на
предната и горната страна.
Извадете го капакот.
Page 218 of 289

216Нега на возилотоДесна страна
1. Извадете ги вратата напреградата и комплетот за
поправање гуми.
2. Извадете го капакот.
3. Задно/стоп светло, ако не е опремено со LED (1)
Трепкач (2)
Резервно светло (3)
4. Извадете го држачот на сијалицата. Извадете ја
ламбата и ставете нова.
5. Вметнете држач на сијалица во комплетот на задното светло.
Монтирајте го комплетот на
задното светло во каросеријата и затегнете. Затворете ги
капаците и заглавете ги.
6. Вклучете го палењето, вклучете ги и проверете ги сите
светла.
Page 219 of 289

Нега на возилото217Светло за регистарскататабличка
1. Извртете го светлото со шрафцигер.
2. Извадете го куќиштето на сијалицата удолу, внимавајќи
да не го повлечете кабелот.
Завртете го држачот на
сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
3. Извадете ја сијаличката од фасонката и ставете нова.
4. Вметнете го држачот на сијалицата во куќиштето и
завртете ја во правец на
стрелките на часовникот.
5. Вметнете го куќиштето на сијалицата и прицврстете го
користејќи шрафцигер.
Задно светло за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
1. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
Page 220 of 289

218Нега на возилото2. Откачете ја фасонката наламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и свртете ја надесно за
да се заглави.Електричен систем
Осигурувачи
Податоците на сијалицата за
замена треба да се согласуваат со
оние од прегорениот осигурувач.
Некои главни осигурувачи се
наоѓаат во кутија над позитивната
клема на акумулаторот. Ако е
потребно, нека Ви ги смени
автомеханичар.
Пред да замените осигурувач,
исклучете ги соодветниот
прекинувач и палењето.
Прегорениот осигурувач се
познава по стопената жичка. Не го
заменете осигурувачот додека не
се отстрани причината на
дефектот.
Некои функции се заштитени со
повеќе осигурувачи.
Осигурувачите можат да се
ставаат без постоење на некоја
функција.Забелешка
Не сите описи за кутии со
осигурувачи во овој прирачник
може да важат за Вашето возило.
Кога ја испитувате кутијата со
осигурувачи, видете ја етикетата
на кутијата со осигурувачи.
Алат за вадење осигурувачи
Алатот за вадење осигурувачи
може да биде сместен во кутијата
со осигурувачи во моторниот
простор.
Местете го алатот за вадење
осигурувачи одозгора или
отстрана и влечете ги.