OPEL MOKKA X 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2019.5Pages: 287, PDF Size: 6.84 MB
Page 231 of 287

Нега на возилото229да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус
сигнал од сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
гума и тркало.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со
задното тркало од левата
страна и сензорот за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредностиприкажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок во гумите 3 108.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Page 232 of 287

230Нега на возилотоМенување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде неопходно повторно да се
програмира номиналниот притисок
во гумите и да се извршат други
преиначувања на возилото.
Ако ставите гуми со друга
големина, заменете ја
налепницата со притисоците во
гумите и преинсталирајте го
системот за контрола на
притисокот во гумите. 3 2259 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрички одобрени, гумите не смеат да имаат заштитно
ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возича со тркала од легура: При
поставување на челичните тркала
со завртки од легура, на пример,
при промена на зимски гуми,
раткапните не може да се постават на челичните тркала.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само напредните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 215/65 R16,
215/60 R17 и 215/55 R18.
На гуми со големина 215/65 R16 и 215/60 R17, секогаш употребувајте
синџири со ситни алки што се
соодветни за спортски возила и не
Page 233 of 287

Нега на возилото231додаваат повеќе од 9 мм на шарата
и внатрешните страни на гумата
(вклучувајќи ја и бравата на
синџирот).
На гуми со големина 215/55 R18,
употребувајте само специјални
синџири за снег кои се дозволени
за Opel Mokka и гуми со тие
големини. За повеќе информации,
контактирајте со сервис.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа од десната страна на
задната преграда.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
Page 234 of 287

232Нега на возилото
3. Извадете ги кабелот заповрзување со струја (1) и
цревото за воздух (2) од
преградите на долната страна
од компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
Page 235 of 287

Нега на возилото23311. Мерачот за притисок накомпресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето со заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 263. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумата не се достигне во рок од 10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
ставете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење уште
10 минути. Ако сè уште не е
постигнат пропишаниот
притисок во гумата, тогашгумата е премногу оштетена.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Во зависност од верзијата,
копчето може да се наоѓа на
цревото за воздух.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
Page 236 of 287

234Нега на возилото15. Извадете ја излишнатазаптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 мин.),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот
на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку за
30 мин.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Адаптерите кои можеби се
испорачани може да се користат
за пумпање други работи, на
пример, фудбалски топки,
Page 237 of 287

Нега на возилото235душеци, базени за надувување и
сл. Тие може да се наоѓаат од
долната страна на компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот
и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 231.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 236.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките и шарите на тркалото со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Положба за кревање за
платформа
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Page 238 of 287

236Нега на возилото
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Резервно тркало со насочна
гума
Доколку е можно, монтирајте
еднонасочни гуми, така што тие ќе
се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 239 of 287

Нега на возилото237Монтирање на резервното
тркало
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 236.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките и шарите на тркалото со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
Прирачен алат 3 221.
2. Отворете го клучот за тркалата,
ставете го, уверете се дека е
наместен безбедно, па
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Page 240 of 287

238Нега на возилото
3. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Зависно од опремата, прво
отстранете го капакот од точките на возилот за
подигнување.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 236.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните
бандажи.
11. Наместете го капакот на точката за кревање на возилотокај верзиите со долни панели.
12. Складирајте ги заменетото тркало 3 236 и прирачните
алати 3 221.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.