OPEL MOKKA X 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2019Pages: 293, PDF Size: 6.85 MB
Page 201 of 293

Возење и ракување199
Спречувач за погрешно гориво
обезбедува дека вратичката на
грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење соодветна млазница за
гориво или инка за итно полнење.
Во итен случај, дополнете со
канистер. Мора да се употреби
инка за да се отвори капакот од
грлото за полнење.Инката се наоѓа во товарниот
простор.
Ставете ја инката во кантата за складирање, па во кесата.
Употребете ја инката за да во
налеете гориво во грлото за
полнење.
По дополнувањето, ставете ја
инката во кесата товарниот
простор.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери кои се достапни
кај дистрибутерите на Opel и кај
овластените партнери на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Page 202 of 293

200Возење и ракување
DISH адаптер: Австрија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Чешка, Хрватска, Данска, Естонија,
Франција, Грција, Унгарија,
Италија, Летонија, Литванија,
Македонија, Полска, Португалија,
Романија, Србија, Словачка,
Словенија, Шведска, Швајцарија,
Турција, УкраинаАдаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Вентилот за полнење течен глас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Page 203 of 293

Возење и ракување201
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Активирајте ја
рачката за заклучување на цревото за полнење гориво.
DISH адаптер: Ставете го цревото
за полнење во адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Адаптер бајонет: ставете го
цревото за полнење гориво и
свртете го за една четвртина од
кругот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
ЕУРО адаптер: притиснете го
цревото за полнење на адаптерот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Притиснете го копчето кај пумпата за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас треба
да се наполни само до 80% од
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Page 204 of 293

202Возење и ракувањеКука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење која била одобрена за Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната куказа влечењето. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто
делува врз влечната топка.
За приколки со слаба стабилност
при возење и за камперски
приколки со дозволена бруто
тежина на возилото од повеќе од
1000 кг, не смее да се надмине
брзина од 80 км/ч. Се препорачува
употреба на стабилизатор.
Ако приколката почне да се извива, возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 270.
Влечење на приколка
Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.
Дозволените оптоварености на
приколката важат до определената стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
Page 205 of 293

Возење и ракување203воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8%,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 259.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка навлечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната оскаДозволените оптоварености на
оските (видете на
идентификациската табличка или
во документите на возилото) не
смее да се пречекорат.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете го ременот низ алката за врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.
Page 206 of 293

204Возење и ракувањеМонтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 207 of 293

Возење и ракување205Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 208 of 293

206Возење и ракувањеДемонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Page 209 of 293

Нега на возилото207Нега на возилотоОпшти информации.................208
Додатоци и модификации на возилото ................................ 208
Чување на возилото ..............208
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......209
Прверки на возилото ...............209
Вршење работа ...................... 209
Хауба ...................................... 210
Моторно масло ......................210
Ладилник ................................ 212
Течност за серво управување ........................... 213
Течност за миење ..................213
Сопирачки .............................. 213
Течност за сопирачките ........214
Акумулатор ............................. 214
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 215
Замена на четкичките на бришачите ............................. 216
Замена на сијалиците ..............217
Халогенски предни фарови ..217
Предни фарови за магла ......218
Задни светла .......................... 219Светло за регистарската
табличка ................................ 221
Задно светло за магла ..........221
Електричен систем ..................222
Осигурувачи ........................... 222
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............223
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......225
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................227
Прирачен алат ......................... 228
Алати ...................................... 228
Тркала и гуми ........................... 229
Зимски гуми ............................ 229
Ознаки на гумите ...................230
Притисок на гумите ................ 230
Систем за следење на притисокот на гумите ...........232
Длабочина на шарата ...........236
Менување на големината на гумите и тркалата .................237
Раткапни ................................. 237
Синџири за гуми ..................... 237
Комплет за поправање гуми . 238
Менување тркала ................... 242
Резервно тркало ....................243
Палење со кабли ......................247Влечење................................... 248
Влечење на возилото ............248
Влечење друго возило ..........250
Нега за изгледот ......................251
Нега на надворешноста ........251
Нега на внатрешноста ........... 253
Page 210 of 293

208Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.