bluetooth OPEL MOVANO_B 2015.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015.5Pages: 169, PDF Size: 1.98 MB
Page 73 of 169

Музика Bluetooth73
CD35 BT USB - Пуштање
музика преку Bluetooth
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу
аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
Видете во (CD35 BT USB NAVI)
"Поврзување Bluetooth во делот
"Телефон" 3 143.
■ Најмногу 5 аудио уреди може да се спарат и зачуваат на списокотна уредите, но само еден може
да се приклучи одеднаш.
■ Ако уредот има функции и за аудио плеер и за телефон, една
или двете функции може да се
спарат. Спарување на мобилен
телефон 3 140.
■ Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на користењето
на телефонот.Спарување на помошен аудио
уред со Инфозабавниот систем
За да спарите аудио уред,
притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) .
Изберете празно место со вртење
на средишното вртливо копче и
притиснете го копчето за да се
прикаже следниот изборник.
Изберете Спарување уред со
вртење и притискање на вртливото
копче, а потоа на аудио уредот
побарајте опрема со Bluetooth во
близина на уредот.
Изберете My_Radio (Мое радио)
(т.е. името на системот) од
списокот на аудио уредот, а потоа,
ако има, на тастатурата на аудио
уредот внесете ја шифрата за
спарување прикажана на екранот
на Инфозабавниот систем.
Забелешка
Ако аудио уредот нема екран,
внесете ја стандардната шифра
за спарување на уредот, а потоа
на Инфозабавниот систем.
Видете во упатството за употребаза стандардната шифра за
спарување на аудио уредот,
обично е 0000. Зависно од уредот,
шифрата за спарување може ќе
треба да се внесе по обратен
редослед, т.е. првин на
Инфозабавниот систем.
Ако спарувањето не успее, се
прикажува пораката Спарувањето
не успеа . Повторете ја постапката
ако тоа е неопходно.
Кога спарувањето ќе заврши, на
екранот на Инфозабавниот систем
се прикажува потврдна порака, а по
неа името на спарениот аудио
уред.
Забелешка
Кога е активно поврзување
Bluetooth, контролата на аудио
уредот преку Инфозабавниот
систем побрзо ќе ја испразни
батеријата на аудио уредот.
Поврзување аудио уред
Аудио уредиет се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
Page 74 of 169

74Музика Bluetooth
За да се поврзе аудио уред откако
е спарен или за да се поврзе
различен спарен аудио уред од
тековниот, притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) (или
притиснете го копчето TEL кога
нема поврзано уред). Списокот на
уредите ги покажува веќе
спарените аудио уреди.
Изберете го саканиот уред од
списокот и потврдете со
притискање на средишното
вртливо копче. Порака на екранот
го потврдува поврзувањето.
Исклучување аудио уред
За да се прекине врската со аудио
уред од Инфозабавниот систем,
изберете го саканиот уред од
изборникот Bluetooth connection
(Bluetooth врска) , па изберете
Disconnect the device (откачување
на уредот) со вртење на
средишното вртливо копче. Порака
на екранот го потврдува
прекинувањето на врската.Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот исто така го исклучува
уредот од Инфозабавниот систем.
Исклучување на спарувањето на
помошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
Ако списокот на спарените аудио
уреди е полн, нов уред може да се
спари само ако се исклучи
спарувањето со постоечки уред.
За да отспарите, т.е. за да
избришете аудио уред од
меморијата на системот,
притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) .
Изберете го саканиот аудио уред
од списокот, притиснете го
средишното вртливо копче и
изберете Избриши.
Ракување преку Инфозабавниот
систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот започнува автоматски.Со аудио уредот тогаш може да се
ракува преку функциските копчиња
на Инфозабавниот систем,
вртливите копчиња и изборниците
на екранот.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.
Ракувањето со аудио уредот кога е поврзан безжично е слично со
ракувањата со ЦД-плеерот 3 60.
NAVI 50 - Репродукција на
музика од Bluetooth
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
Видете во (NAVI 50) "Поврзување
Bluetooth" во делот "Телефон"
3 143.
Page 75 of 169

Музика Bluetooth75
■ Најмногу 8 аудио уреди може дасе спарат и зачуваат на списокот
на уредите, но само еден може
да се приклучи одеднаш.
■ Ако уредот ги има и функциите за
аудио плеер и за телефон, двете
функции ќе се спарат.
Спарување на мобилен телефон
3 140.
■ Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на користењето на телефонот.
Спарување на помошен аудио уред со Инфозабавниот систем
За да го спарите аудио уредот,
притиснете го копчето Почеток ; и
потоа ПОСТАВКИ на екранот за
прикажување.
Изберете Bluetooth и потоа
Пребарување уред со Bluetooth или Одобрение за надворешен
уред .
На аудио уредот, побарајте опрема
со Bluetooth во близина на уредот.Изберете MEDIA-NAV (т.е. името
на Инфозабавниот систем) од
списокот на аудио уредот, а потоа
(ако е потребно), на тастатурата на аудио уредот внесете ја шифрата
за спарување прикажана на
екранот на Инфозабавниот систем.
Стандардната шифра за
спарување е 0000. За да ја
промените шифрата за спарување
пред да започне постапката за
спарување, изберете Промена на
лозинка за ажурирање.
Забелешка
Ако аудио уредот нема екран,
внесете ја стандардната шифра
за спарување на уредот, а потоа
на Инфозабавниот систем.
Видете во упатството за употреба за стандардната шифра за
спарување на аудио уредот,
обично е 0000. Зависно од уредот,
шифрата за спарување може ќе
треба да се внесе по обратен
редослед, т.е. првин на
Инфозабавниот систем.Ако спарувањето не успее,
повторете ја постапката ако тоа е
неопходно.
Забелешка
Кога е активно поврзување
Bluetooth, контролата на аудио уредот преку Инфозабавниот
систем побрзо ќе ја испразни
батеријата на аудио уредот.
Поврзување аудио уред
Аудио уредиет се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
За да го промените поврзаниот
аудио уредот, притиснете го
копчето Почеток ; и потоа
ПОСТАВКИ на екранот за
прикажување.
Потоа изберете Bluetooth и потоа
Погледнување список на уреди со Bluetooth . Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените аудио
уреди.
Изберете го саканиот аудио уред
од списокот и потврдете со
притискање OK.
Page 76 of 169

76Музика Bluetooth
Исклучување аудио уред
Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот го исклучува уредот од
Инфозабавниот систем.
Исклучување на спарувањето на
помошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
Ако списокот на спарените аудио
уреди е полн, нов уред може да се
спари само ако се исклучи
спарувањето со постоечки уред.
За да отспарите, т.е. за да
избришете аудио уред од
меморијата на системот,
притиснете го копчето Почеток ; и
потоа ПОСТАВКИ на екранот за
приказ.
Изберете Bluetooth и потоа Види
список на уреди со Bluetooth .
Изберете го саканиот аудио уред
од списокот и притиснете ë за да
го избришете уредот. Ако е
потребно, избришете ги сите уредина списокот со притискање Опции и
потоа Избриши ги сите . Потврдете
со копчето ОК.
Ракување преку Инфозабавниот систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот започнува автоматски.
Аудио уредот потоа може да се
ракува преку опциите на екранот на
Инфозабавниот систем.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.
За ракување со аудио уредот при бежично поврзување, видете во
(NAVI 50) "Репродукција зачувани
аудио уреди" во делот "Приклучок
за USB" 3 67.NAVI 80 - Репродукција на
музика од Bluetooth
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу
аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
■ Постои најголем број на аудио уреди кои може да се спарат и
зачуваат на списокот на уредите,
но само еден може да се
приклучи одеднаш.
■ Ако уредот ги има и функциите за
аудио плеер и за телефон, двете
функции ќе се спарат.
Спарување на мобилен телефон 3 140.
■ Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на користењето
на телефонот.
Page 77 of 169

Музика Bluetooth77
Спарување на помошен аудио
уред со Инфозабавниот систем
Од Почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедиа , потоа Поставки на
екранот за прикажување.
Изберете Медиуми за да
пристапите на изборникот за
поставки на медиуми, потоа
изберете ја опцијата
"Конфигурирај поврзување
Bluetooth".
Постапката на спарување е слична со спарување на мобилен
телефон. Видете во (NAVI 80)
"Поврзување Bluetooth" во делот
"Телефон" 3 143.
Поврзување аудио уред
Аудио уредите се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
Во секое време, променете го
аудио изворот во Bluetooth начин
за репродуцирање датотеки од поврзан уред со Bluetooth.Од Почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедија , а потоа Медиуми на
екранот за прикажување.
Притиснете < (за да се отвори
појавен изборник) и изберете
Поврзување Bluetooth за да го
промените аудио изворот во
Bluetooth.
Исклучување аудио уред
Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот го исклучува уредот од
Инфозабавниот систем.
Исклучување на спарувањето на
помошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
За да отспарите, т.е. за да
избришете уред од меморијата на
системот:
Од Почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедиа , потоа Поставки на
екранот за прикажување.Изберете Медиуми за да
пристапите на изборникот за
поставки на медиуми, потоа
изберете ја опцијата
"Конфигурирај поврзување
Bluetooth".
Постапката на отспарување е
слична со спарување на мобилен
телефон. Видете во (NAVI 80)
"Поврзување Bluetooth" во делот
"Телефон" 3 143.
Ракување преку Инфозабавниот
систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот може да започне
автоматски.
Аудио уредот потоа може да се
ракува преку опциите на екранот на
Инфозабавниот систем.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.
Page 78 of 169

78Музика Bluetooth
За ракување со аудио уредот при
бежично поврзување, видете во
(NAVI 80) "Репродукција зачувани
аудио уреди" во делот "Приклучок
за USB" 3 67.
Page 137 of 169

Телефон137ТелефонОпшти информации.................137
Поврзување .............................. 140
Поврзување Bluetooth ..............143
Итен повик ................................ 148
Ракување .................................. 149
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 159Општи информации
Системот за телефонирање без
употреба на рацете ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете, мобилниот
телефон мора да биде поврзан со
него преку Bluetooth.
Не сите функции на системот за
телефонирање без употреба на
рацете се поддржани од секој
мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Видете ги инструкциите за ракување за
вашиот мобилен телефон или
консултирајте се со вашиот
обезбедувач на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.
Исто така, следете ги посебните
прописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.
Page 138 of 169

138Телефон9Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Контроли на телефонот
Најважните контроли на
телефонот се следниве:
Контроли на Инфозабавниот
систем или на управувачкиот
столб:
■ Копче 6TEL
- или -
■ Копче TEL
- или -
■ ТЕЛЕФОН на ; екран на
изборникот Почеток (NAVI 50)
- или -
ТЕЛЕФОН во екран на главниот
изборник (NAVI 80)
Притиснете за да се отвори
изборникот Phone (телефон) .
Контроли на управувачкиот столб: ■ 7, 8 : Примање повик,
завршување/одбивање повик.
- или -
■ MODE/OK : Примање повик,
завршување/одбивање повик,
потврда на дејство.
■ 5: Активирање/деактивирање на
препознавањето на говорот.Во зависност од Инфозабавниот
систем, одредени функции на
системот за телефонирање без
употреба на рацете може да се
ракува и преку препознавањето на
гласот 3 135.
Работа на екранот
R15 BT USB,R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Работа на екранот
■ За движење горе/долу на екранот: Вртете го вртливото
копче OK.
■ За потврда на дејствата: Притиснете го вртливото копче
OK .
■ За да откажете дејство (и да се вратите на претходниот
изборник): Притиснете го
копчето /.
Page 140 of 169

140Телефон
Притиснете го копчето / за да
престанете да ја користите
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
CD35 BT USB - Работни тастатури
на екранот
За да се движите и да внесувате
знаци на азбучната и бројчената
тастатура прикажана на екранот:
Вртете и притискајте го го
средишното вртливо копче.
Внесовите може да се поправаат
за време на внесот со знакот ← на
тастатурата.
Притиснете го копчето / за да
престанете да ја користите
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
NAVI 50, NAVI 80 - Работни
тастатури на екранот
За да се движите и да внесувате
знаци на бројчената тастатура,
направете го соодветниот избор со допирање на екранот за
прикажување.Внесовите може да се поправаат
за време на внесот со знакот k на
тастатурата.
Притиснете го копчето r за да
престанете да ја користите
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
Поврзување
Мобилниот телефон мора да биде
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете за да ги контролира
неговите функции преку
Инфозабавниот систем.
Не смее да се приклучи телефон до
системот освен ако претходно не беше спарен. Погледнете во делот Bluetooth врска (3 143) за
спарување на мобилен телефон со системот за телефонирање без
употреба на рацете преку
Bluetooth.
Кога палењето е вклучено,
системот за телефонирање без
употреба на рацете пребарува
спарени телефони во близина.Bluetooth мора да биде активирано
на мобилниот телефон за да може
телефонот да биде препознаен од
системот за телефонирање без употреба на рацете.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон. Порака на екранот
означува дека телефонот е
поврзан.
Забелешка
Кога е активно поврзувањето Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско приклучување
За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога системот е
вклучен, можеби е неопходно да ја
активирате функцијата на вашиот
мобилен телефон за автоматско
поврзување со Bluetooth; видете во
инструкциите за ракување со мобилниот телефон.
Page 141 of 169

Телефон141
Забелешка
Во зависност од системот, при
повторно поврзување со спарен
телефон, или кога
2 спарени телефони се во опсегот
на системот за телефонирање без користење на рацете, или
приоритетниот телефон (ако е
одреден) или последниот поврзан
телефон се поврзуваат
автоматски, дури и ако овој
телефон е надвор од возилото, но
е сеуште во опсегот на системот
за телефонирање без користење
на рацете.
Во текот на автоматското
поврзување, ако одреден повик е
веќе во тек, разговорот автоматски ќе се префрли на микрофонот и
звучниците на возилото.
Ако поврзувањето не успее: ■ Проверете дали телефонот е вклучен,
■ Проверете дали батеријата на телефонот не е испразнета,
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без употреба на
рацете треба да биде активна и
мобилниот телефон треба да биде
наместен за прифаќање на
барањето на системот за
приклучување.
Рачно приклучување
R15 BT USB, R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето
TEL и изберете го изборникот
Бирање уред . Списокот на уредите
ги покажува веќе спарените
телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со
притискање на вртливото копче
OK . Порака на екранот го
потврдува поврзувањето на
телефонот.CD35 BT USB - Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без раце,
притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) (или
притиснете го копчето TEL кога не
е поврзан ниеден уред). Списокот
на уредите ги покажува веќе
спарените телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со вртење и
притискање на средишното
вртливо копче. Порака на екранот
го потврдува поврзувањето на
телефонот.
NAVI 50 - Рачно приклучување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето
Почеток ; и потоа ПОСТАВКИ на
екранот за прикажување.