OPEL MOVANO_B 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2017.5Pages: 289, PDF Size: 6.26 MB
Page 41 of 289

Клучеви, врати и прозорци39Имобилизатор
Системот е дел од прекинувачот за палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот кој се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако ќе се извади клучот од бравата за палење, и
исто така ако клучот е оставен во
бравата за палење кога е изгаснат
моторот.
Ако моторот не може да се запали,
исклучете го палењето и извадете го клучот, почекајте околу
две секунди, па повторете го
обидот за палење. Ако обидот за
палење е неуспешен, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога го палите возилото.Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 24, 3 37.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор содржи несферичен
дел и ги намалува слепите точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерување
Page 42 of 289

40Клучеви, врати и прозорциДотерајте ги ретровизорите совртење во саканата насока.
Долните ретровизори не се местат.
Електрично местење
Исклучете го палењето за да
управувате со електричните
странични ретровизори.
Изберете го саканиот страничен
ретровизор преклопувајќи ја
контролата налево или надесно, а
потоа вртете ја контролата за да го наместите ретровизорот.
Ниеден ретровизор не е избран
кога контролата е во средишната
положба.
Долните ретровизори не се местат.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Паркирна положба
Страничните ретровизори може да
се преклопат со нежно притискање од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање Ü на
двата системи. LED-от во копчето свети додека работи.
Page 43 of 289

Клучеви, врати и прозорци41
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 127.
Електронски систем за контрола на
климатизацијата 3 130.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Внатрешен ретровизор
Зависно од возилото, на штитникот
за сонце на предното патничко
седиште поставен е конвексен
ретровизор што овозможува да се
зголеми видливоста и да се
намалат слепите точки.
Page 44 of 289

42Клучеви, врати и прозорциПрозорци
Шофершајбна Налепници на шофершајбнатаНе ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот во
куќиштето на ретровизорот може
да биде ограничена.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отвораат или затвораат со рачките
на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Кај возилата со автоматско
отворање на прозорецот на
возачката врата; кога го отворате, ракувајте со прекинувачот
повторно за да се запре
движењето на прозорецот.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.
Page 45 of 289

Клучеви, врати и прозорци43ПреоптоварувањеАко со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Задни прозорци Странични шибер прозорци
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.
Отворање на страничните
прозорци
Повлечете ја рачката за да го
отворите прозорецот.
Забелешка
Во зависност од возилото, некои
прозорци може да не се отвораат целосно.
Page 46 of 289

44Клучеви, врати и прозорциИзлез за итни случаи
За да направите излез за итни
случаи од возилото, со чеканот 1
скршете го стаклото 2.
Во зависност од верзијата, излезот
за итни случаи може да биде преку покривната стаклена плоча 3 45.
Ретровизор за рикверц
Ретровизор за рикверц може да се
монтира на задниот прозорец.
Ретровизорот за рикверц му
помага на возачот кога вози во
рикверц така што ги намалува
слепите точки.
Греење на задното стакло
Се ракува со притискање Ü на
двата системи. LED-от во копчето свети додека работи.
Page 47 of 289

Клучеви, врати и прозорци45Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски
по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 127.
Електронски систем за контрола на климатизацијата 3 130.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
Штитниците за сонце може да
имаат и држач за билети за
паркирање итн.
Внатрешен ретровизор 3 41.Покрив
Стаклена плоча
Во зависност од варијантата на
моделот, товарниот простор може
да има една или две стаклени
плочи на покривот.
Излез за итни случаи
При итен случај, стаклото може да
се скрши. Удрете ја стаклената
плоча со дадениот чекан.
Во зависност од верзијата, излезот
за итни случаи може да биде и преку страничните прозорци 3 43.
Page 48 of 289

46Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................46
Предни седишта .........................48
Положба на седиштата ...........48
Местење на седиштата ...........49
Потпирач за рака .....................53
Греење ..................................... 53
Задни седишта ........................... 54
Безбедносни ремени .................57
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........58
Систем на воздушни перничиња .................................. 61
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 65
Систем на странични воздушни перничиња .............66
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 66
Системи за врзување на деца ..68
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 71Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Повлечете нагоре за да го
подигнете или притиснете го
копчето и спуштете го потпирачот
за глава. Проверете дали
потпирачот за глава е вовлечен.
Page 49 of 289

Седишта, потпирачи47
Зависно од верзијата, потпирачите
за глава може исто така да се
навалуваат нанапред и наназад.
Турнете или повлечете го долниот
дел од потпирачот за глава за да го
прилагодите.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.
Вадење
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 68.
Првин навалете го потпирачот за
грб нанапред, а потоа извлечете го
потпирачот за грава во најгорната
положба. Притиснете ги двете
копчиња за ослободување и
повлечете го потпирачот за глава
нагоре за да го извадите.
Складирајте ги потпирачите за
глава безбедно во товарниот
простор.
Не возете со извадени потпирачи
за глава ако седиштето е
зафатено.
Монтирање
Прво навалете го потпирачот за
грб нанапред, па ставете ги
шипките од потпирачот за глава во своите дупки.
Навалете го потпирачот за глава
колку што можете повеќе, па
подигнете го потпирачот за глава
(прво притиснете ги двете копчиња
за ослободување, ако е потребно)
додека не се заглави безбедно во
саканата положба.
Page 50 of 289

48Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте неврзани
предмети под седиштата.
Складирање под седиштето,
складишна кутија 3 81.
● Седете така што задникот да
биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете да бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат лесно врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците да бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што да
може да се дофати воланот со
благо свиткани лакти. Гледајте
да има контакт помеѓу
рамениците и потпирачот за грб кога го вртите воланот. Не
го навалувајте потпирачот за
грб премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно