OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 21 of 239

Накратко19● Притиснете START/STOP и
отпуштете.
● Моторот се пали по кратко одложување.
Копче за вклучување 3 132.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 100.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Page 22 of 239

20НакраткоПаркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото со
притискање e на далечинскиот
управувач 3 26.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 38.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 167.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 166.
Page 23 of 239

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Клучеви ..................................... 21
Картичка на автомобилот .......21
Далечински управувач ............22
Систем на електронскиот клуч .......................................... 24
Брави на вратите .....................25
Систем на централната брава ....................................... 26
Автоматско заклучување ........32
Детски брави ............................ 32
Врати ........................................... 33
Шибер врата ............................ 33
Задни врати .............................. 33
Товарен простор ......................35
Безбедност на возилото ............37
Систем за заштита од кражба ..................................... 37
Систем за тревожење при кражба ..................................... 38
Имобилизатор .......................... 40
Странични ретровизори ............41
Конвексен облик ......................41Рачно дотерување ...................41
Електрично местење ...............41
Преклопни прозорци ................ 42
Ретровизори со греење ...........42
Ретровизори ............................... 43
Рачна заштита од отсјај ..........43
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 43
Прозорци .................................... 44
Шофершајбна .......................... 44
Електрични прозорци ..............44
Задни прозорци ........................ 45
Греење на задното стакло ......46
Штитници за сонце ..................46Клучеви, заклучување
Клучеви
Резервни клучеви Бројот на клучот е наведен на
клучот или на етикета која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 203, Далечински
управувач 3 22, Систем на
електронскиот клуч 3 24,
Централна брава 3 26, Палење
на моторот 3 133.
Картичка на автомобилот Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.
Page 24 of 239

22Клучеви, врати и прозорциДалечински управувач
Се користи за ракување со:● централната брава 3 26
● системот за заштита од кражба
3 37
● системот за тревожење при кражба 3 38
● товарен простор 3 35
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 5 метри. Него може да го
ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури, и избегнувајте го
непотребното ангажирање.
Зависно од моделот, возилото
може да има далечински управувач со 2 копчиња или 3 копчиња или
електронски клуч што функционира
како далечински управувач.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● опсегот е пречекорен
● напонот во батеријата е пренизок
● често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
бара повтроно програмирање
кај автомеханичар● преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко
● пречки од посилни радио бранови од други извори
Рачно ракување со клучот 3 26.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 25 of 239

Клучеви, врати и прозорци23Далечински управувач со
2 копчиња или со 3 копчиња
Извадете го шрафот и отворете ја
преградата на батеријата со
вметнување монета во процепот и
со вртење.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR 2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Склопете ги двете половинки на
капакот, проверувајќи дали се
заглавуваат правилно.
Вратете го шрафот и затегнете го.
Електронски клуч
На потребата од замена на
батеријата укажува порака во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 102.Притиснете го и држете го копчето
за отпуштање од страната на
електронскиот клуч и извлечете го
рачниот клуч за итни случаи
одозгора. Откачете го капакот на
батеријата што се наоѓа од задната
страна на електронскиот клуч, па
притиснете една страна на
батеријата за да ја ослободите и да ја извадите.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR 2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Вратете го капакот на батеријата и повторно вметнете го рачниот клуч
за итни случаи.
Page 26 of 239

24Клучеви, врати и прозорциСинхронизација на електронскиот
клуч
Притиснете некое копче на
електронскиот клуч четири пати во опсегот на зоната за откривање
(околу еден метар) од предните
врати или товарниот простор.
Електронскиот клуч ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Систем на електронскиот
клучОвозможува ракување без раце со
следниве функции:
● централната брава 3 26
● товарен простор 3 35
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 132
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот клуч со себе кога излегувате од
возилото.
На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 103
и порака на Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 102
кога е отворена возачката врата.
Освен тоа, електронскиот клуч
вклучува функционалност на
далечински управувач 3 22 и
функција за осветлување при
влегување 3 114.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч
во товарниот простор додека
возите, бидејќи тоа е надвор од
зоната на откривање (на што
укажува предупредувачка
мелодија при мала брзина 3 103
и порака на Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 102).
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч
или ќе се притисне прекинувачот
e на централната брава 3 26. За
повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го
повторно моторот.
Копче за вклучување 3 132.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во DIC 3 102.
Замена на батеријата, видете во
Далечински управувач 3 22.
Page 27 of 239

Клучеви, врати и прозорци25ДефектАко со системот на централната
брава не може да се ракува или
моторот не може да се запали,
причина може да биде следното:
● дефект на електронскиот клуч
● електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот
● напонот во батеријата е пренизок
● преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко
● пречки од посилни радио бранови од други извориРачен клуч за итни случаи
Притиснете го и држете го копчето
за отпуштање од страната на
електронскиот клуч и извлечете го
рачниот клуч за итни случаи
одозгора.
Рачно заклучете ги или отклучете
ги вратите со вртење на клучот во
бравата.
По употребата, вратете го рачниот клуч за итни случаи во куќиштето
на електронскиот клуч.
Брави на вратите
Безбедносна брава за заштита
од кражба
За да спречите отворање на
предната врата однадвор,
отворете ја вратата и активирајте
ја безбедносната брава за заштита
од кражба.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на бравата на
вратата во забравената положба.
Вратата не може да се отвори
однадвор.
Page 28 of 239

26Клучеви, врати и прозорциБезбедносната брава за заштита
од кражба останува активирана
дури и откако ќе се отклучи
возилото со далечинскиот
управувач. Вратата може да се отвори само однатре или со
користење на рачниот клуч.
За да ја деактивирате, свртете го
прекинувачот во одбравената
положба.
Рачно заклучување на задни
вратиЗавртете го прекинувачот за
заклучување на десно за да ја
заклучите левата врата. За да го
ослободите заклучувањето,
свртете го прекинувачот на лево.
Задни врати 3 33.
Систем на централната брава
Ги отклучува и заклучува предните врати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Со далечинскиот управувач со
3 копчиња, предните и товарните/
лизгачките странични врати (каде
што ги има) може да се отклучуваат
и заклучуваат посебно.
Од безбедносни причини, возилото
не може да се заклучи ако клучот е
во бравата за палење.
Забелешка
Ако не се отвори врата во рок од
околу 2 минути откако возилото се
отклучи, возилото автоматски се
заклучува повторно.Затворете ги вратите и товарниот простор. Ако вратите не се
правилно затворени, системот на
централната брава нема да
работи.
Погледнете во „Рачно работење со клучеви“ подолу за повеќе
информации.
Ракување со далечинскиот
управувач
Ракувањето со системот на
централната брава со
далечинскиот управувач се
потврдува со предупредувачките
трепкачи.
Page 29 of 239

Клучеви, врати и прозорци27Отклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Зависно од конфигурацијата:
● Притиснете и држете c за да ги
отклучите сите врати и
товарниот простор.
- или -
● Притиснете c еднаш за да ја
отклучите возачката врата, а
со двојно притискање на c се
отклучуваат сите врати и
товарниот простор.
Отклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата:
● Притиснете и држете c за да ги
отклучите сите врати и
товарниот простор.
- или -
● Притиснете c еднаш за да ја
отклучите возачката врата, а
со двојно притискање на c се
отклучуваат сите врати и
товарниот простор.
- или -
● Притиснете и држете c еднаш
за да ги отклучите сите врати и товарниот простор.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Page 30 of 239

28Клучеви, врати и прозорциЗаклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 38 се исклучува со притискање
и држење e (и се потврдува со
звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете e накусо за
да го заклучите возилото.
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Зависно од конфигурацијата,
притиснете c еднаш или двапати за
да го отклучите товарниот простор
(и лизгачките странични врати).
Притиснете e за да го заклучите
товарниот простор (и зависно од
верзијата, лизгачките врати).
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Притиснете G за да го заклучите
или отклучите товарниот простор
(и зависно од верзијата, лизгачките
врати).
Ракување со системот на
електронскиот клуч
За ракување без раце,
електронскиот клуч треба да е
надвор од возилото, во опсег од околу еден метар од предните
врати или товарниот простор.