fuse OPEL VIVARO B 2016 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016Pages: 179, PDF Size: 2.17 MB
Page 166 of 179

166ТелефонПри примање повик, бројот на
повикувачот може да се прикаже на екранот на Инфозабавниот систем.
Ако бројот е зачуван во меморијата на системот, место тоа се
прикажува името. Ако бројот не
може да се прикаже, пораката
Private number (приватен број) се
покажува.
CD35 BT USB - Примање повици
За да го прифатите повикот, кусо притиснете 7 (на контролите на
воланот).
За да одбиете повик: ● притиснете и држете 8 (на
контроли на управувачкиот
столб), или
● изберете Refuse (одбивање)
на екранот (со вртење и
притискање на средишното
вртливо копче)
При примање повик, бројот на
повикувачот може да се прикаже на екранот на Инфозабавниот систем.
Ако бројот е зачуван во меморијата на системот, место тоа сеприкажува името. Ако бројот не
може да се прикаже, се појавува
пораката Непознат.
Тонот на ѕвонењето на системот за телефонирање без употреба на
рацете зависи од моделот на
телефонот и од режимот
(стишување, вибрација, итн.).Автоматско чекање со повикот
Заради безбедносни причини,
функцијата за автоматско
задржување на повикот е
поставена на стандардна
вредност. Препорачано е
функцијава да останува
активирана.
Кога пристигнува дојдовен повик,
порака му обрнува внимание на
повикувачот дека возите. Повикот
почнува автоматски, а должината на повикот се прикажува на
екранот на Инфозабавниот систем.
Одговорете на повикот само кога е безбедно да го направите тоа.
За да го деактивирате
автоматското задржување на
повикот. видете во (CD35 BT USB)
"Активирање/деактивирање наавтоматското задржување на
повикот" во делот "Поставки на телефонот".
Кога е деактивирано автоматското
задржување на повикот, возможно
е да се одбие повикот со избирање
на Refuse (одбивање) или со
притиснување и држење на 8. За
да го оставите повикувачот да
причека, изберете го Pause
(паузирање) ; повикувачот се
известува дека тој мора да чека
преку автоматска порака.
Привремено презапишете ја
функцијата за автоматско чекање
на повикот со избирање на
Продолжи или притиснете 7 за да
го примите повикот.
NAVI 50 - Примање повици
За да прифатите повик:
● Притиснете Прифаќање/
Согласување на екранот за
прикажување.
● Кратко притиснете 7 (од
контроли на управувачкиот
столб на воланот).