TPMS OPEL VIVARO B 2016 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016Pages: 237, PDF Size: 4.78 MB
Page 100 of 237

98Инструменти и контролиКонтролната сијаличка треба да е
сина пред да продолжите да
возите.
Предзагревање ! свети жолто.
Предзагревањето е активирано.
Дури тогаш се активира кога
надворешната температура е
ниска.
AdBlue Y свети жолто.
Нивото на AdBlue е ниско.
Дополнете AdBlue што побрзо, за
да се избегне спречувањето на
стартувањето на моторот.
Светнува заедно со контролниот
индикатор F за да покаже
неисправен систем или како
предупредување дека
стартувањето на моторот нема да биде можно по одредено
растојание. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака (DIC) 3 100.
Процентот на останато AdBlue
може исто така да биде проверен
со постојано притискање на
копчето на крајот од рачката на
бришачот. Патен компјутер 3 103.
AdBlue 3 138.
Систем за контрола на притисокот во гумите
w свети или трепка.
Свети
Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка
Дефект во системот или гума без
монтиран сензор за притисок (на
пр. резервно тркало). По извесно
време контролната сијаличка свети
непрекинато. Посоветувајте се со
автомеханичар.Систем за контрола на притисокот
во гумите (TPMS) 3 187.
Притисок на моторното масло
I свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети додека работи моторот
Ако контролната сијаличка I
свети додека работи моторот
(заедно со контролна сијаличка C
и предупредувачка мелодија):
Сопрете, изгаснете го моторот.Внимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете го куплунгот.
2. Ставете во лер (или ставете ја рачката на менувачот на N).
Page 189 of 237

Нега на возилото187Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Табела за притисок во гумите
3 222.
Притисоци на гумите на
екранот
Моменталниот притисок на гумите
може да биде прикажан во
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 100.
Со возилото во мирување,
притискајте го копчето на крајот на
рачката на бришачите повеќепати
додека не се прикаже изборникот
за притисокот во гумите.
Page 190 of 237

188Нега на возилотоСостојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 98 и соодветна порака се
појавува во DIC.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 222.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно извесно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Ако свети
w при пониски
температури и се изгасне по одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во гумите.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисокот, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w
трепка неколку секунди, а потоа
свети постојано заедно со
контролната сијаличка F 3 96, а
соодветна порака се појавува во
DIC.
Резервното тркало и привременото резервно тркало не се опремени со сенсори за притисок. TPMS не
работи со овие тркала. За другите
три тркала TPMS останува
функционален.
Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавува при
секој циклус на палење додека
гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.Информативен центар за возачот
(DIC) 3 100.
Пораки за возилото 3 101.
Продупченост
На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
C 3 96 и соодветна порака се
појавува во DIC. Застанете и
исклучете го моторот на возилото.
Притисок на гумите 3 222 , Комплет
за поправање гуми 3 191,
Резервно тркало 3 196, Менување
тркала 3 194.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредностите за притисокот во
гумите на ознаката за информации
за гумите и табелата за притисок
на гумите се важечки за ладни
гуми, а тоа значи 20 °C. Притисокот се зголемува за речиси 10 kPa
Page 191 of 237

Нега на возилото189(0,1 bar) за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Функција за повторно учење
По менувањето на тркалата TPMS
треба одново да направи
пресметки.
Со возилото во мирување,
изберете го изборникот за
притисок на гумите во DIC
притискајќи го копчето на крајот на
рачката за бришачите. Притиснете го и држете го копчето околу
5 секунди за да ја иницирате
повторната пресметка. Соодветна
порака се појавува во DIC.
Неколку минути возење со брзина
над 40 км/ч може да биде потребно
да го завршите процесот на
проучување. Системот може да
дава само ограничени
информации за тоа време.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во DIC се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 100.
Пораки за возилото 3 101.
Општи информации Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да говлоши функционирањето на
системот. Може да се користат
комплети за поправање гуми
одобрени од фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 191.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на TPMS треба да се
демонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.