stop start OPEL VIVARO B 2016 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016Pages: 237, PDF Size: 4.78 MB
Page 22 of 237

20Накратко● Притиснете START/STOP и
отпуштете.
● Моторот се пали по кратко одложување.
Копче за вклучување 3 130.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 99.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 134.
Page 132 of 237

130Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Ако електронскиот клуч не е во
возилото, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 100.
Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч
во товарниот простор додека
возите, бидејќи тоа е надвор од
зоната на откривање (на што
укажува предупредувачка
мелодија при мала брзина 3 101 и
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 101).
Некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба штом
влезете во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете START/STOP без
притискање на педалите на
куплунгот или на сопирачките за да овозможите да се ракува со повеќе електрични функции.
Стартување на моторот Управувајте со куплунгот и
сопирачките и притиснете
START/STOP . Ослободете го
копчето откако ќе започне
стартната процедура.
Ако е ставено во брзина, моторот
може да се запали само со
притискање на педалата на
куплунгот и со притискање на
копчето START/STOP .Во некои случаи може да биде
потребно да се помести малку
воланот додека притискате
START/STOP за да се ослободи
блокадата на воланот. Соодветна
порака се појавува во DIC 3 100.
При многу ниска надворешна
температура (на пр. под -10 °C)
држете ја педалата на куплунгот
притисната додека притискате
START/STOP додека да запали
моторот.
Ако еден од условите за палење не е исполнет, се појавува соодветна
порака на DIC 3 100.
Пораки за возилото 3 101.
Гаснење на моторот
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Кога возилото е во мирување,
притиснете START/STOP за да го
изгасите моторот. Блокадата на
воланот се активира кога ќе се
отвори возачката врата и возилото е заклучено.
Page 133 of 237

Возење и ракување131Ако електронскиот клуч не е
препознаен, соодветна порака се
појавува во DIC 3 100. Во овој
случај, притиснете START/STOP за
2 секунди за да се исклучи моторот.
Централна брава 3 27.
Задржано исклучување Притиснете START/STOP подолго
од две секунди; моторот се гаси
додека некои функции,на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба околу
10 минути.
Овие функции престануваат да
работат кога ќе се отвори
возачката врата и возилото е
заклучено.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот клуч со себе кога излегувате од
возилото.
На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 101
и порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 101 кога
е отворена возачката врата.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Дефект
Ако моторот не може да се запали, причина може да биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
● Напонот во батеријата е пренизок.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Замена на батеријата 3 23.
Централна брава 3 27.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Палење на моторот
Рачен менувач:ракувајте со
куплунгот.
Не давајте гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за предзагревање
додека не се изгасне контролната
сијаличка ! во групата
инструменти 3 98.
Свртете го клучот во положба 3 и
отпуштете го.
Page 135 of 237

Возење и ракување133Исклучување на возилотоСистем за прекин на дотокот на
гориво
Ако возилото остане без гориво, горивниот систем се отсекува и
треба да се препостави по
полнењето гориво. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 100.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Препоставување со клучот на
далечинскиот управувач /
рачниот клуч
За да го ресетирате системот запрекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба 2 3 129.
2. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
3. Свртете го копчето во положба 3 за да го запалите моторот.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.Препоставување со системот
на електронски клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Вметнете го електронскиот клуч
во читачот на картички 3 130.
2. Притиснете START/STOP без
притискање на педали.
3. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Копче за вклучување 3 130.
Полнење гориво 3 158.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзување, на пр. кога возилото
се вози во некоја брзина без
давање гас.
Page 175 of 237

Нега на возилото173Со копче за вклучување
● Вметнете го електронскиотклуч во читачот на картички.
● Притиснете START/STOP без
притискање на педалите.
● Почекајте неколку минути пред
да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 130.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 131.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги спојките заедно за
да се откачи четкичката на
бришачот и извадете ја.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.