OPEL VIVARO B 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2017.5Pages: 261, PDF Size: 5.44 MB
Page 51 of 261

Седишта, потпирачи49Седишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................49
Предни седишта .........................51
Положба на седиштата ...........51
Местење на седиштата ...........52
Преклопување на седиштето ............................... 53
Потпирач за рака .....................54
Греење ..................................... 54
Задни седишта ........................... 55
Безбедносни ремени .................60
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........61
Систем на воздушни перничиња .................................. 65
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 68
Систем на странични воздушни перничиња .............69
Систем на завесни воздушни перничиња ............................... 69
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 70Системи за врзување на деца ..71
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 74Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 52 of 261

50Седишта, потпирачиположба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
За да го подигнете, повлечете ја
главата од потпирачот за глава и
заглавете го.
За да го спуштите, притиснете го
копчето за ослободување,
наместете ја височината и
заглавете го.
И потпирачите за глава на задните
седишта може да се преклопат
нанапред.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.
Вадење
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 71.
Првин навалете го потпирачот за
грб нанапред, а потоа извлечете го потпирачот за грава во најгорната
положба. Притиснете го копчето за
отпуштање и повлечете го
потпирачот за глава нагоре за да го
извадите.
Складирајте ги потпирачите за
глава безбедно во товарниот
простор.
Не возете со извадени потпирачи
за глава ако седиштето е
зафатено.
Монтирање Прво навалете го потпирачот за
грб нанапред, па ставете ги
шипките од потпирачот за глава во
своите дупки.
Навалете го потпирачот за глава колку што можете повеќе, па
подигнете го потпирачот за глава
(прво притиснете го копчето за
ослободување, ако е потребно)
додека не се заглави безбедно во
саканата положба.
Page 53 of 261

Седишта, потпирачи51Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте неврзани
предмети под седиштата.
Складирање под седиштето,
складишна кутија 3 82.
● Седете така да задникот да
биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат лесно врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што да
може да се дофати воланот со
благо свиткани лакти. Гледајте
да има контакт помеѓу
рамениците и потпирачот за грб кога го вртите воланот. Не
го навалувајте потпирачот за
грб премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно
Page 54 of 261

52Седишта, потпирачииспружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 91.
● Наместете го потпирачот за глава 3 49.
● Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 61.
● Наместете го потпирачот за половината така што да го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот 3 52.
Местење на седиштата Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, па отпуштете ја
рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Повлечете ја рачката, наместете ја наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
потпирачот за грб чујно.
Не навалувајте се на потпирачот за
грб кога го местите.
Page 55 of 261

Седишта, потпирачи53Височина на седиштето
Пумпање со рачката:
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуПотпирач за половината
Наместете го потпирачот за
половината користејќи го малото
тркалце за да им одговара на
личните барања.
Вртете го малото тркалце за да се
зголеми или намали потпирањето.
Преклопување на
седиштето
Преклопување на совозачкото
седиште
Повлечете ја рачката за
ослободување, преклопете го
потпирачот за грб целосно напред
и потоа ослободете ја рачката.
Нека се заглави потпирачот за грб
чујно.
Page 56 of 261

54Седишта, потпирачиЗабелешка
Кога висината на седиштето е во највисоката положба, турнете го
потпирачите за глава надолу пред
да го преклопите потпирачот за грб.
Проверете дека нема пречки за
преклопување на седиштето, на
пр. штитник за сонце 3 47, држач
за чаши 3 81.
За да вратите во претходна
положба, повлечете ја рачката,
подигнете го потпирачот за грб и
ослободете ја рачката. Нека се
заглави потпирачот за грб чујно.9 Предупредување
Кога совозачкото седиште е во
преклопена положба, системот
на воздушни перничиња за
сопатникот мора да се
деактивира.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 70.
Потпирач за рака
Подигнете го или спуштете го
потпирачот за рака по потреба.
Греење
Притиснете ß за соодветното
седиште кога моторот работи;
светнува LED-сијаличката во
прекинувачот. Притиснете го
другиот крај на преклопникот
прекинувач за да го исклучите
греењето на седиштето.
Греењето на седиштето е
термостатично контролирано и се
исклучува автоматски кога
температурата на седиштето е
достатна.
Не се препорачува подолга
употреба за луѓе со чувствителна
кожа.
Page 57 of 261

Седишта, потпирачи55Задни седишта
Во зависност од возилото, може да има задни седишта на
вториот ред и на третиот ред.
Пристап кон задните седишта
За да се олесни пристапот до
седиштата од третиот ред (таму каде што ги има), отворете ја
лизгачката странична врата и
турнете ја рачката за отпуштање на
преклопното седиште за пристап
во вториот ред и преклопете го
нанапред потпирачот од
седиштето. Ако е потребно,
одврзете ги безбедносните ремени од бравите.9 Предупредување
Проверете дали потпирачот се
враќа во својата правилна
положба и безбедносните
ремени се безбедно врзани.
Врзување и одврзување на
безбедносните ремени 3 61.
Шибер врата 3 34.
Седало
Во зависност од верзијата,
седалото може да се приспособи
во една од петте положби со
повлекување на врвката на
предниот дел од седиштето и
повлекување на седалото полека
наназад и нанапред.
Складирање под седиштето
3 82.
Преклопување и вадење на
задните седишта9 Предупредување
Кога задните седишта се
преклопуваат или вадат, држете
ги рацете и стапалата подалеку
од подрачјето на движење.
Не прилагодувајте ги седиштата додека возите бидејќи може дасе придвижат неконтролирано.
Проверете дали задните
седишта и потпирачите за грбот
се целосно заглавени пред да
седнете на задните седишта.
Page 58 of 261

56Седишта, потпирачи
Пред да ги преклопите или
извадите задните седишта,
проверете дали потпирачите за рака се преклопени во
најисправената положба.
Пред да ги преклопите или
извадите задните седишта, прво
ослободете ги ремените од
надворешните седишта од бравите
и ставете ги јазичињата во
куќиштата.
За задното средишно седиште,
ставете го јазичето во бравата 1.
Преклопување на задните седишта
Кај некои варијанти, товарниот
простор може да се зголеми со
преклопување на задните седишта
од третиот ред (таму каде што ги
има).
9 Предупредување
При преклопување на
седиштето постапувајте
претпазливо - внимавајте на
подвижните делови. Уверете се
дека седиштето е безбедно во
целосно превитканата положба.
Ако е потребно, извадете го
потпирачите за глава 3 49.
Повлечете ја врвката за
ослободување и преклопете го
потпирачот за грб на седалото.
Page 59 of 261

Седишта, потпирачи57Фатете ги прачките за
забравување и приближете ги
истовремено.
Кренете го и склопете го комплетот
на седиштето нанапред додека не
се заглави во склопената положба
напред.
Притиснете на горниот дел од
седиштето и заклучете го во
положбата така што ќе ги
притиснете рачките за
заклучување (со стрелки).
Внимавајте седиштето да е
заглавено безбедно.
Внимание
Од безбедносни причини, не
ставајте товари на склопените
задни седишта.
Кога го враќате комплетот на
седиштето во првичната положба, повлечете ги прачките за
забравување, внимателно
спуштете го комплетот на
седиштето и проверете дали
рачките се правилно поставени и
забравени.
Забелешка
Уверете се дека точките за
прицврстување се чисти пред да
го наместите седиштето. На нив
не смее да има песок или нешто
друго што може да го спречи
безбедното заклучување на
седиштата.
Кренете го потпирачот за грб и, ако е потребно, вратете ги
потпирачите за глава.
Вадење на задните седишта
Кај некои варијанти, товарниот
простор може да се зголеми со
вадење на задните седишта од
вториот и третиот ред (таму каде
што ги има).9 Предупредување
Не ги отстранувајте задните
седишта додека возите бидејќи
може да се придвижат
неконтролирано.
9 Предупредување
Седиштата кои може да се
отстрануваат се тешки! Не
обидувајте се да ги отстраните
без помош.
Ако е потребно, извадете го
потпирачите за глава 3 49.
Page 60 of 261

58Седишта, потпирачи
Ослободете ги седиштата со
притискање и лизгање напред на
спојките за заглавување што се наоѓаат на левите и десните
монтажни рамки на седиштата.
Ослободете ги спојките за
заглавување, а потоа поместете го
седиштето до задното за да го
ослободите од точките на
прицврстување на задниот под.
Ослободете го седиштето,
повторно движете го кон задното за да го ослободите од точките на
прицврстување на предниот под.
Потоа седиштето може да се
извади.
Седиштата мора да се извадат
само преку лизгачката странична
врата (не преку задните врати/
задната врата). Седиштата од
вториот ред мора да се извадат од
возилото пред седиштата од
третиот ред.Монтирање на задните седишта
Кога повторно ги монтирате
седиштата, секогаш внимавајте
редот со преклопно седиште за
пристап B да е поставен правилно
пред редот со фиксни седишта A.
Седиштата мора да се внесат само преку лизгачката странична врата
(не преку задните врати/задната
врата). Седиштата од третиот ред
мора да се внесат во возилото пред
седиштата од вториот ред.