Возење и ракување165Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R
свети во групата инструменти за
време на возењето и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 112, има дефект во
системот на сопирачките.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 108.
Пораки за возилото 3 113.
Систем за деблокирање на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 108.
Дефект Ако контролната сијаличка u не се
изгасне по неколку секунди откако ќе се вклучи палењето или ако
свети за време на возењето, има
дефект на ABS. Контролната
сијаличка j 3 108 може да се
запали и во групата инструменти
заедно со соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.