OPEL VIVARO B 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2018.5Pages: 269, PDF Size: 5.59 MB
Page 171 of 269

Возење и ракување169TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 109
постојано свети заедно со j
3 108 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 112.
Контролата на пролизгување не е
во функција. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 113.
Електронска програма за стабилност
Електронска програма за
стабилност ( ESP®Plus
) ја подобрува
стабилноста на возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESP® Plus
функционира штом
палењето е вклучено и контролната сијаличка b се гасне
во групата инструменти. Се
појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 112.
Кога се активира ESP® Plus
, b
трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 109.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) 3 184.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
ESP® Plus
може да се деактивира за
да се подобри тракцијата:
Притиснете Ø на таблата со
инструменти.
Page 172 of 269

170Возење и ракување
Контролната сијаличка Ø свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува на
Информативниот центар за
возачот 3 112.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на ESP® Plus
работа.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
ESP® Plus
повторно се активира со
повторно притискање на Ø.
Контролната сијаличка Ø се гаси.
ESP® plus
исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Контрола на вртежниот момент
на влечата на моторот
Системот за контрола на
вртежниот момент на влечата на
моторот е вградена
карактеристика на ESP® Plus
. Кога
менувате во пониска брзина на лизгав пат, брзината на моторот и
вртежниот момент се зголемуваат
за да помогнат да се спречи
блокирање на погонските тркала
при ненадејно забавување.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 109
постојано свети заедно со j
3 108 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 112.
Електронската програма за
стабилност ( ®Plus
) не е во функција.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Пораки за возилото 3 113.
Page 173 of 269

Возење и ракување171Системи за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може
да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролните сијалички U и m
3 112.
Вклучување на системот
Притиснете m. Контролната
сијаличка U светнува зелено во
групата инструменти.
Контролата на патувањето сега е
во режимот за готовност и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина сега се зачувува и се
задржува и педалот за гас може да
се отпушти.
Page 174 of 269

172Возење и ракување
Контролната сијаличка m се пали
зелена во групата инструменти
заедно со U и на Информативниот
центар за возачот се појавува
соодветна порака.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Зачуваната
брзина трепка во групата
инструменти. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Брзината се снима кога ќе се
исклучи палењето.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото
може да се зголемува непрекинато или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Како алтернатива, забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
притиснување <.
Намалување на брзината При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото
може да се намалува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот, моменталната брзина се снима и
се задржува.Деактивирање на
функционалноста
Притиснете §. Контролата на
патувањето се деактивира и
зелената контролна сијаличка U
се исклучува во групата
инструменти.
Автоматско деактивирање: ● брзината на возилото паѓа под 30 км/ч
● педалата за сопирачките е нагазната
● куплунгот е притиснат
Page 175 of 269

Возење и ракување173● лостот на менувачот во N
● брзината на моторот е во многу
висок или многу низок спектар
Брзината се зачувува и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Активирање на
функционалноста
Притиснете R при брзини над
30 км/ч.
Ако зачуваната брзина е многу
поголема од актуелната брзина,
возилото силно ќе се забрзува
додека не се постигне зачуваната
брзина.
Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за контрола
на патувањето, но само со
моменталната брзина на возилото,
а не зачуваната брзина.
Исклучување на системот Притиснете m. Зелените
контролни сијалички U и m се
исклучуваат во групата
инструменти.Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да ја надмине
претходно поставената
максимална брзина над 30 км/ч.
Вклучување на системот
Притиснете U. Контролната
сијаличка U светнува жолто во
групата инструменти.
Функцијата за ограничување на
брзината од контролата на
патувањето сега е во режимот за
готовност и на Информативниот
центар за возачот се појавува
соодветна порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина се регистрира.
Возилото може да се вози
нормално но не ќе може да се
надмине програмираното
ограничување на брзината освен
при итна потреба.
Каде што не може да се задржи ограничената брзина, на пр. кога се
вози по стрмна удолнина,
ограничената брзина ќе трепка на
Информативниот центар за
возачот 3 112, придружено со
предупредувачки мелодии.
Зголемување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилотоможе да се зголемува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Page 176 of 269

174Возење и ракувањеНамалување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилото може да се намалува непрекинатоили во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.
Пречекорување на
ограничената брзина
Во случај на итна потреба, може да
се пречекори ограничената брзина
со цврсто притиснување на
педалата за гас преку отпорната
точка. Ограничената брзина ќе
трепка во Информативниот центар за возачот 3 112 во текот на тој
период, придружена со
предупредувачки мелодии.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Забелешка
Кај возилата со монтиран
Ограничувач на брзината,
целосното притискање напедалот за гас нема да Ви
дозволи да ја надминете
поставената максимална брзина
на возилото.
Ограничувач на брзината. 3 173.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете §. Ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози нормално.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Активирање на
функционалноста
Притиснете R. Функцијата за
ограничување на брзината е
одново активирана.
Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за ограничување на брзината, но
само со моменталната брзина на
возилото, а не зачуваната брзина.Исклучување на системот
Притиснете U. Жолтата
контролна сијаличка U во групата
инструменти се исклучува.
Ограничувач на максималната
брзина
Во согласност со локалните или
националните прописи, возилото
може да е опремено со фиксен
ограничувач на максималната
брзина што не може да се исклучи.
Page 177 of 269

Возење и ракување175Ако го има во опремата,
предупредувачка етикета што
укажува на фиксната максимална
брзина (90 до 130 км/ч) се наоѓа на
таблата со инструменти.
До отклони од ограничувањето за
максимална брзина може да дојде
кога се вози прудолу или поради физички причини.
Ќе се огласи предупредувачка
мелодија десет секунди на секои
40 секунди ако возилото за кратко
време го надмине поставеното
ограничување.
Возила опремени и со ограничувач
на брзината на контролата на
патувањето: максималната брзина
не може да се надмине со цврсто
притискање на педалата за гас над точката на отпор.Помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Помошта за паркирање го мери растојанието помеѓу возилото и
пречките зад возилото. Го
известува и предупредува возачот
давајќи акустични сигнали и
показатели на екранот.
Прикачената кука за приколки не е
земена предвид.Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
автоматски сам се вклучува. На
подготвеноста за работа укажувакраток звучен сигнал.
Page 178 of 269

176Возење и ракувањеПериодот помеѓу звучните сигнали
се скратува како што возилото се
приближува до пречката. Кога
растојанието е помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Забелешка
Кај верзиите со укажување на
Инфо-екранот, гласноста на
мелодиите може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем. Видете
во Прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
ДеактивирањеВозможно е постојано или
привремено да се деактивира
системот.
Забелешка
Кај верзиите со укажување на
Инфо-екранот, функцијата може
да се деактивира преку
Инфозабавниот систем. Видете
во Прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Привремено деактивирање
Привремено исклучете го системот
притискајќи r на таблата со
инструменти кога е вклучено
палењето . LED-от во копчето свети
кога е деактивирано.
Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал што ќе го означи
деактивирањето.
Функцијата одново се активира со
притиснување r повторно или
следниот пат кога палењето ќе се
вклучи.Постојано деактивирање
Трајно деактивирајте го системот
со притискање и задржување на
r на таблата со инструменти
околу 3 секунди со вклучено
палење. LED-сијаличката во
копчето свети постојано кога е
трајно деактивиран.
Системот е деактивиран и нема да работи. Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал што ќе го означи
деактивирањето.
Функцијата се активира одново со
притиснување и држење r за
околу 3 секунди.
Дефект
Ако системот открие дефект во
работата, при ставање во рикверц
ќе се огласи постојан звучен аларм
околу 5 секунди, соодветна порака
се појавува на Информативниот
центар за возачот 3 112 и j свети
во групата инструменти 3 108.
Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.
Page 179 of 269

Возење и ракување177Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 113.
Основни белешки за системот
за помош за паркирање
9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на сензоритеможе да се намалат кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системот за помош за
паркирање нема да открива
предмети кои се надвор од
опсегот за откривање на
сензорите.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад така
што прикажува поглед на областа
зад возилото или во ретровизорот
или на Инфо-екранот.
9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливоста на камерата, на пр.
под браникот или под возилото,
не се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во екранот и
проверете го подрачјето одзади и околу возилото пред да возите
наназад.
Page 180 of 269

178Возење и ракување
Камерата е монтирана на задните
врати / задната врата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Забелешка
За постигање на оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да биде
попречувана со нечистотија, снег
или лед.
Активирање
Екран за приказ на ретровизори
Екранот на ретровизорската
камера се активира автоматски
кога возилото ќе се стави во
рикверц. Звучен сигнал го
потврдува активирањето.
Инфо-екран
Во возилата со систем за
навигација, ретровизорската
камера може да се прикаже на
Инфо-екранот (во зависност од
верзијата).