OPEL ZAFIRA C 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2016.5Pages: 349, PDF Size: 9.35 MB
Page 191 of 349

Возење и ракување189Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни од седум до
дванаесет минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема во
овој период. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено се појавува Diesel
partic. filter is full continue driving
(Филтерот за дизелски честички е полн, продолжете со возењето)
или предупредувачката шифра 55
на Информативниот центар за
возачот.
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Page 192 of 349

190Возење и ракувањеПроцес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Ако g светне дополнително,
чистењето не е можно. Побарајте
помош од автомеханичар.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 239, 3 316 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
AdBlue
Општи информации
Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на оваа течност е AdBlue
Ⓡ 1)
. Тоа е нетоксична, незапалива,
безбојна течност без мирис што се
состои од 32% уреа и 68% вода.1) Регистриран заштитен знак на Verband der Automobilindustrie e.V. (VDA).
Page 193 of 349

Возење и ракување1919Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0,7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже
предупредување за нивото AdBlue
Range: (Опсег AdBlue:) 2400 км .
Наскоро треба да се дополнат уште најмалку 5 литри AdBlue што
е можно поскоро.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на
Информативниот центар за
возачот и понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue. Подоцна се прикажува
барање за дополнување AdBlue и
конечно соопштение за да се
спречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
При досег на AdBlue од 900 км,
следниве предупредувачки пораки
се прикажуваат наизменично на
Информативниот центар за
возачот:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км
Page 194 of 349

192Возење и ракувањеОсвен тоа, контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
Пред да се активира спречувањето
на рестартирањето на моторот,
следниве предупредувачки пораки
наизменично се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува)
Освен тоа, контролната сијаличка
Y трепка постојано и се огласува
предупредувачка мелодија
четирипати на три минути.
По спречувањето на палење на
моторот, следнава порака ќе се
прикаже:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .
За да го стартувате моторот,
резервоарот мора прво да се
наполни со AdBlue.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за да сеспречи повторно палење на
моторот. Овие ограничувања се
законски барања.
Побарајте помош на сервис.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Користете ги само наменските канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Page 195 of 349

Возење и ракување193Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие дополнувањето AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 минути со што ќе
се осигурате дека брзината на
возилото е секогаш повисока
од 20 км/ч.
2. Ако AdBlue надополнувањето е откриено успешно,
ограничувањата на
управувањето со
снабдувањето со AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриен AdBlue
надополнувањето, побарајте
помош од автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не стане течна.Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.3. Повлечете ја вратичката на резервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 243.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
Page 196 of 349

194Возење и ракување8. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue
Ако во последните две години не
биле дополнети помалку од пет
литри AdBlue, преостанатата
течност треба да се смени бидејќи
AdBlue има ограничена трајност.
Побарајте помош од
автомеханичар.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата се блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и сопирачката за
паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:aвтоматски режим со сите
брзини на менувачот
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Page 197 of 349

Возење и ракување195
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно кочење За да се искористи дејството намоторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Извадете го менувачот од
положбата D налево а потоа
нанапред или наназад.
<:менување во поголема брзина]:менување во помала брзина
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
Page 198 of 349

196Возење и ракувањене се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака на инфо-екранот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за возење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски го префрлува
менувачот на работење в
место кога возилото е
застанато во некоја брзина за
напред и педалот за
сопирачките е притиснат.
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
на моторот (освен ако не евклучена контролата на
патувањето). SPORT режимот
3 203.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по нагорнини или удолнини.
● Кога поаѓање во снежни или мразни услови или на друга
лизгава површина,
електронската контрола на
преносот автоматски избира
поголема брзина.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Дополнително се прикажува број
на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 136.Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 299.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
Page 199 of 349

Возење и ракување197
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц: кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 200 of 349

198Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 123.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 124.