fuel OPEL ZAFIRA C 2017.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017.5Pages: 333, PDF Size: 9.01 MB
Page 228 of 333

226Возење и ракувањеГоривоГориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
според европскиот стандард
EN 228 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
еквивалентно на него може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 303. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитиви за горивото надвор од
Европа
Горивото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови.
Некои горива не содржат доволно
количество адитив за да останат
чисти вбризгувачите и вентилите
за довод на гориво.
За да го надоместите недостатокот
на детергент, додајте Fuel System
Treatment PLUS во резервоарот за
гориво при секоја промена на
моторното масло и на секои
15.000 км, кое и да настапи прво.
Може да го најдете во сервисот.
Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
Page 229 of 333

Возење и ракување227горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила
со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 124. Ако се случи тоа,
побарајте помош од
автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел Користете само дизел гориво што е
според EN 590 и со концентрација
на сулфур од најмногу 10 ppm.
Можат да се користат горива со
содржина на биодизел (според EN 14214) од најмногу 7% од
волуменот (на пр., со име B7).
Ако патувате во земји надвор од
Европската Унија, можно е
повремено користење на гориво
евро-дизел со концентрација на
сулфур помала од 50 ppm.Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од 15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични
емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Гориво за работење соприроден гас
Користете природен гас со
содржини на метан од околу
78 - 99%. L-gas (низок) има околу
78 - 87% , а H-gas (висок) има околу
87 - 99%. Биогасот со иста
содржина на метанот исто така
може да се користи ако е хемиски
подготвен и десулфуриран.