phone OPEL ZAFIRA C 2017.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017.5Pages: 131, PDF Size: 2.35 MB
Page 118 of 131

118Телефонинформации видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Притиснете ;, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) на
инфоекранот.
Изберете Bluetooth, а потоа
Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже односниот изборник.
Забелешка
Ако нема поврзан телефон, до
изборникот Device Management
( Управување со уреди) може да се
пристапи и преку изборникот за телефон: Притиснете ; и потоа
изберете PHONE (ТЕЛЕФОН) .
3. Допрете Search Device
(Пребарај го уредот) . Сите
уреди со Bluetooth што може да
се откријат наоколу се
прикажуваат во нов список.
4. Допрете го уредот со Bluetooth што сакате да го споите.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака Info
(Инфо) што Ви бара да
внесете PIN-код на уредот
со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени.Забелешка
Ако уредот Bluetooth е успешно
споен, h до уредот Bluetooth
укажува дека телефонската
функција е вклучена и y укажува
дека е вклучена функцијата за музика Bluetooth.
7. Телефонскиот именик се презема автоматски на
Инфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем мора да
има дозвола за пристапување
до телефонскиот именик. Ако е
потребно, потврдете ги
пораките прикажани на уредот
со Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Менување на PIN-кодот за
Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Page 121 of 131

Телефон121Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот
на функции опишани во
продолжение.
Главен изборник за телефонот
Притиснете ;, а потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) за да се
прикаже односниот изборник.Забелешка
Главниот изборник PHONE
(ТЕЛЕФОН) е достапен само ако е
поврзан мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку Bluetooth. За детален опис 3 117.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници), како и преку
контролите за телефонот на
воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување телефонски број
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Внесете телефонски број со
тастатурата во главниот изборник
за телефонот.
За да избришете еден или повеќе
внесени знаци, допрете или
допрете и задржете ⇦.
Допрете v на екранот или
притиснете qw на воланот за да
почнете да бирате.Употреба на именикот
Забелешка
Кога спојувате мобилен телефон со Инфозабавниот систем преку
Bluetooth, именикот на мобилниот
телефон се презема автоматски
3 117.
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Изберете Contacts (Контакти) во
главниот изборник за телефонот.
Page 123 of 131

Телефон123Поставки за контактите
Списокот на контакти може да се
сортира според презиме или име.
Притиснете ;, а потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) за да се
прикаже односниот изборник.
Одберете го Bluetooth а потоа Sort
Order (Редослед на подредување) .
Активирајте ја саканата опција.
Користење на историјата на
повици
Се регистрираат сите дојдовни,
појдовни и пропуштени повици.
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Изберете Call History (Историја на
повици) во главниот изборник за
телефонот.
Изберете q за појдовни повици,
r за пропуштени повици, s за
дојдовни повици и p за сите
повици. Се прикажува односната листа со повици.
Изберете го саканиот внес за да
почнете повик.
Повторно бирање број
Последниот биран телефонски
број може повторно да се бира.
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Изберете v на екранот или
притиснете qw на воланот.
Користење на броевите за брзо бирање
Броевите за брзо бирање што се
зачувани во мобилниот телефон
може да се бираат и со тастатурата на главниот изборник за
телефонот.
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Допрете ја и задржете ја
соодветната бројка на тастатурата
за да започнете повик.
Дојдовен телефонски повик
Примање повик
Ако е активен режим за аудио, на
пр. режим за радио или USB, при
дојдовниот повик, соодветниот
извор на звук ќе се стиши и ќе
остане стишен додека не заврши повикот.
Се прикажува порака со
телефонскиот број или името на
повикувачот (ако се достапни).
Page 125 of 131

Телефон125Повикување на говорното сандаче
Притиснете ; и потоа изберете
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Изберете t на екранот. Се
повикува говорното сандаче.
Исто така, можете да го внесете
бројот за говорна пошта преку
тастатурата на телефонот.
Мобилни телефони и ЦБрадио опрема
Упатства за инсталација и
насоки за ракување
При инсталирање и ракување со
мобилниот телефон мора да се
придржувате кон упатствата за
инсталација кои се однесуваат на
возилото и насоките на
производителот за ракување со мобилниот телефон и додатоците
за разговор без раце. Инаку може
да се обезважи одобрението за
видот на возилото (Директива на
ЕУ 95/54/EC).Препораки за ракување без
проблеми:
● Професионално инсталирана надворешна антена за
добивање најголем можен
опсег.
● Максималната снага на предавателот е 10 вати.
● Инсталација на телефонот на погодно место, видете во
соодветната белешка на
Сопственичкиот прирачник,
дел Систем на воздушни
перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.
Употребата на додатокот за
разговор без раце без надворешна антена со стандардите за мобилни телефони GSM 900/1800/1900 иUMTS се дозволува само ако
максималната моќ напредавателот на мобилниот
телефон е 2 вати за GSM 900 или
1 ват за другите видови.
Од безбедносни причини, не
користете го телефонот додека
возите. Дури и употребата на
уредот за разговор без раце може
да ви го одземе вниманието додека
возите.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна