engine OPEL ZAFIRA C 2017.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017.5Pages: 333, PDF Size: 9.01 MB
Page 121 of 333

Инструменти и контроли119
Изберете го изборникот за
Информации за возилото ? со
притискање MENU на рачката за
трепкачите. Свртете го тркалцето за местење за да изберете
Remaining Oil Life (Век на
останатото масло) .
Преостанатиот век на маслото е прикажан во проценти.
Ресетирање
Притиснете SET/CLR на рачката за
трепкачите неколку секунди за да
ресетирате. Палењето треба да
биде вклучено, без да работи
моторот.
Системот треба да се препостави
секој пат кога се менува моторното масло за да се обезбеди правилно
функционирање. Побарајте помош
од автомеханичар.
Следна услуга
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Нека Ви ги смени
моторното масло и филтерот
автомеханичар во рок од една
недела или 500 км (кое и да
настапи прво).
Информации за сервисирањето
3 294.
Контролни сијалички Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите. Во зависност од
опремата, положбата на
контролните сијалички може да
биде различна. Кога палењето севклучува повеќето контролни
индикатори ќе се запалат за кратко време како тест за
функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвена:опасност, важен
потсетникжолта:предупредување,
информација, дефектзелена:потврдување на
активирањетосина:потврдување на
активирањетобело:потврдување на
активирањето
Page 182 of 333

180Возење и ракувањеПредупредувања за нивото
Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
Првото можно предупредување е
AdBlue Range: ( Опсег AdBlue:) 2400
км .
Ова предупредување ќе се
прикаже еднаш кратко со
пресметаното растојание.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од 1750 км.
Пораката со тековното растојание
ќе се прикажува секогаш кога ќе се
вклучи палењето и треба да се
потврди 3 130. Дополнете AdBlue
пред да влезете во следното ниво
за предупредување.Кога растојанието со AdBlue е под
900 км, наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Забелешка
Во случај на голема потрошувачка на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен.
Моторот не може повторно да се
стартува. Наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува) .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Кога е активно спречувањето на
стартувањето на моторот, ќе се
прикаже следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .
Резервоарот мора целосно да се
наполни со AdBlue, затоа што во
спротивно моторот нема да може
да се стартува.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.