OPEL ZAFIRA C 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017Pages: 331, PDF Size: 9.02 MB
Page 241 of 331

Возење и ракување239Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Вреќичката со куката за влечење
се чува во товарниот простор.
Протнете го ременот низ десната
задна алка за врзување, завиткајте
го околу неа двапати и затегнете го ременот за да се прицврсти
вреќичката.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 242 of 331

240Возење и ракувањеПроверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
Page 243 of 331

Возење и ракување2419Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Page 244 of 331

242Возење и ракувањеПомош за стабилноста наприколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка се сопира селективно
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 193.
Page 245 of 331

Нега на возилото243Нега на возилотоОпшти информации.................244
Додатоци и модификации на возилото ................................ 244
Чување на возилото ..............244
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......245
Прверки на возилото ...............245
Вршење работа ...................... 245
Хауба ...................................... 246
Моторно масло ......................246
Ладилник ................................ 248
Течност за серво управување ........................... 249
Течност за миење ..................249
Сопирачки .............................. 249
Течност за сопирачките ........250
Акумулатор ............................. 250
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 252
Замена на четкичките на бришачите ............................. 252
Замена на сијалиците ..............253
Халогенски предни фарови ..253
LED предни фарови ..............256
Фарови за магла ....................256Задни светла .......................... 256
Странични трепкачи ..............259
Светло за регистарската табличка ................................ 260
Внатрешни светла .................260
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 260
Електричен систем ..................261
Осигурувачи ........................... 261
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............262
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти .......264
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................266
Прирачен алат ......................... 268
Алати ...................................... 268
Тркала и гуми ........................... 268
Зимски гуми ............................ 268
Ознаки на гумите ...................268
Притисок на гумите ................ 269
Систем за следење на притисокот на гумите ...........270
Длабочина на шарата ...........274
Менување на големината на гумите и тркалата .................275
Раткапни ................................. 275
Синџири за гуми ..................... 275
Комплет за поправање гуми . 276Менување тркала ................... 279
Резервно тркало ....................282
Палење со кабли ......................286
Влечење ................................... 287
Влечење на возилото ............287
Влечење друго возило ..........288
Нега за изгледот ......................289
Нега на надворешноста ........289
Нега на внатрешноста ........... 292
Page 246 of 331

244Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 247 of 331

Нега на возилото245Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 248 of 331

246Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 295.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Page 249 of 331

Нега на возилото247Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Кај некои мотори е потребна инка
за дополнување моторно масло.
Инката се наоѓа во складиштето од десната страна на товарниот
простор.
Користете ја инката за полнење
моторно масло во отворот за
моторно масло.
Page 250 of 331

248Нега на возилотоОткако ќе наполните, ставете ја
инката во пластичната ќесичка и
одложете ја во складишната
преграда.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 309.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 295.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1 мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење измешан со
чиста вода од чешма. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто.
Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.